A
Aexil Kong
Гостин
Во ред ама ова ти е твоја претпоставка. Не знаеме ние со што се бави тој, ниту дали го бива за муабет затоа не можам да му судам ниту да донесувам заклучок, ама ќе донесам заклучок дека имало периоди и моменти кога тој се осеќал како цар и пак имал разочарувања и неуспеси. Тоа е сигурно, не може да живеел во агонија досега во животот. Секој имал 5 минути искуство со самодоверба.Не постои човек што има барем просечен изглед, што не може да фати барем просечна девојка ако: му ламоти устата, не се преценува и не залетува на некои кои се неколку класи над него, прави барем нешто во животот да си ја подобри својата позиција (работа, хоби, изглед и сл), пробува на повеќе врати.
Е сега има многу дечки што и на 30+ години живеат во истите филмови во кои биле на 15 и уште и низ муабет ги вртат само истите теми: гејминг, кладилница, фудбал, политика и не се замараат ни за работа ни за ништо, а изглед помалку мускулатура и од женските. Е извини, ама женските ги заболе таквата да ги гњави некој со овие работи и ако не можеш ти може некој друг да им направи поасален муабет и сигурно побрзо ќе отидат со него.
Друга работа, од личен пример ќе ти кажам за ова реченицава дека ми лакомела устата, не сум се преценувал, а ниту пак сум одел на некои кои се неколку класи над мене, со полна самодоверба, кладилници и гејминг не ме интересираат, вежбам активно долги години и после запознавањево и средбиве резултатот и обидиве е бил првиот одговор на инста го враќаат со 5 минути задоцнување а вториот веќе со саати, а може и не враќаат. Знаеш зошто? Имам 100 фоловерси и една слика од бог знае кога. Не сум во трендот. Нема да им стои да бидат со таков out of time.