Како да си фатам девојка?

A

Aexil Kong

Гостин
Не постои човек што има барем просечен изглед, што не може да фати барем просечна девојка ако: му ламоти устата, не се преценува и не залетува на некои кои се неколку класи над него, прави барем нешто во животот да си ја подобри својата позиција (работа, хоби, изглед и сл), пробува на повеќе врати.
Е сега има многу дечки што и на 30+ години живеат во истите филмови во кои биле на 15 и уште и низ муабет ги вртат само истите теми: гејминг, кладилница, фудбал, политика и не се замараат ни за работа ни за ништо, а изглед помалку мускулатура и од женските. Е извини, ама женските ги заболе таквата да ги гњави некој со овие работи и ако не можеш ти може некој друг да им направи поасален муабет и сигурно побрзо ќе отидат со него.
Во ред ама ова ти е твоја претпоставка. Не знаеме ние со што се бави тој, ниту дали го бива за муабет затоа не можам да му судам ниту да донесувам заклучок, ама ќе донесам заклучок дека имало периоди и моменти кога тој се осеќал како цар и пак имал разочарувања и неуспеси. Тоа е сигурно, не може да живеел во агонија досега во животот. Секој имал 5 минути искуство со самодоверба.
Друга работа, од личен пример ќе ти кажам за ова реченицава дека ми лакомела устата, не сум се преценувал, а ниту пак сум одел на некои кои се неколку класи над мене, со полна самодоверба, кладилници и гејминг не ме интересираат, вежбам активно долги години и после запознавањево и средбиве резултатот и обидиве е бил првиот одговор на инста го враќаат со 5 минути задоцнување а вториот веќе со саати, а може и не враќаат. Знаеш зошто? Имам 100 фоловерси и една слика од бог знае кога. Не сум во трендот. Нема да им стои да бидат со таков out of time.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Во ред ама ова ти е твоја претпоставка. Не знаеме ние со што се бави тој, ниту дали го бива за муабет затоа не можам да му судам ниту да донесувам заклучок, ама ќе донесам заклучок дека имало периоди и моменти кога тој се осеќал како цар и пак имал разочарувања и неуспеси. Тоа е сигурно, не може да живеел во агонија досега во животот. Секој имал 5 минути искуство со самодоверба.
Друга работа, од личен пример ќе ти кажам за ова реченицава дека ми лакомела устата, не сум се преценувал, а ниту пак сум одел на некои кои се неколку класи над мене, со полна самодоверба и резултатот е бил првиот одговор на инста го враќаат со 5 минути задоцнување а вториот веќе со саати, а може и не враќаат. Знаеш зошто? Имам 100 фоловерси и една слика од бог знае кога. Не сум во трендот. Нема да им стои да бидат со таков out of time.
Едно е ти да се осеќаш, друго е тоа да функционира, чим немало резултати значи било грешна процена дека е „цар“.
Второ, ако гледаш дека не те бива за на социјални мрежи, ќе си развиваш методи во живо или ќе си ги смениш приодите таму. Ако ти имаш 100 фоловерси, сигурно нема да се пушташ на некоја што дневно има по толку пораки во сандаче, ќе се пушташ на некоја со 100 фоловерси и 10 лајка на слика.
 
Ај вака. За да е самодоверба, треба да е чувство ама тоа е subtle чувство (внатрешно) а не потег (надворешен) и тогаш функционира. Јас за таква функција ти зборам, не за процени. Ако проценуваш дека имаш самодоверба, ја немаш.
Второ. Мора да дојдеме до следново, а тоа е како ќе се справуваат оние момци што се одлучиле да немаат инстаграм или да имаат ама да не ставаат слики? Ќе излегуваат и ќе оценуваат секоја поединечно, ете оваа е слабо популарна на инстаграм, ќе имам шанси кај неа. Па не иде тоа така, ако размислува на тоа, самодоверба нема, туку се потценува. Во старт губи.
Карикирам ситуација: Се пушташ, се запознаваш и тече муабетот супер, оставаш прв впечаток како што треба. Си разменувате социјални мрежи и поминува настанот, нејзе и заминуваат емоциите, инстантно заборава на тоа и сега веќе некои други критериуми и се побитни. Критериумите понатаму ги знаеш.
Ако има за секое лонче, капаче, ќе треба да има и за оние 30+ / 40+ годишни што ги познавам и што ден денес упорно талкаат и пробуваат ама не им успева.
 
Ова внатрешното во голема мера може да е нарцизам ако не функционира.
Социјалните мрежи се алатка, или ќе научиш да ја користиш или не ја пипкаш, исто како пример да земеш пилата да сечеш дрва, ако не знаеш да ја работиш може и да се повредиш.

Тие на таа возраст или премногу пребирале или слабо се труделе да се прилагодат на барањата на околината. Еве јас познавам такви што да ги прашаш ќе пцујат по цел женски род, а цела плата ја оставаат во казино и кладилница до 5ти во месецот, шо викаш ти вреди некоја да се зацапа со некој нестабилен како овие и утре за леб да трпи или уште полошо да остане на улица од лихвари?
 
Нема да се согласиш со фактот дека социјалниве мрежи како алатки им донесе повеќе понудувачи и повеќе избор за партнер на женскиот пол со тоа што гледаат да дојде секогаш подобриот од сегашниот?
Нема да се согласиш со фактот дека социјалниве мрежи функционираат на его, нарцизам и градење виртуелен статус?
Кое женско битие нема да посака да си дозволи „популарен“ инстаграм или шминка или убаво да биде облечена итн?
Машкиве во инстаграмот служат за декор. Лајковите што им се ставани на гзовите и цицките се од манијачишта машки што редовно посетуваат курви оти поинаку и не знаат со женско. Ама тие таквите лајкови најчесто служат за билдање его и зголемување социјален статус кај девојчињава, за да не може некое „нормално“ момче кој завршил факултет и работи вредно за да се осамостои од родители да припари.

За луѓе што имаат пари а коцкаат во казино и кладилница и се жено-мрзци, најчесто се луѓе што не пробуваат кај женски да освојат на начин на подолготрајна игра и не размислуваат како мене и тебе да променат нешто на позитивно. Јас познавам доста вакви типци ама знам дека штом имаат пари, страстите ги задоволуваат со курви. Секако дека женска ќе отиде со нив може за задоволство од една ноќ/пари ама за да биде во врска со таков зависи од тоа колку понудувачи има во моментот и некои други „минорни“ нејзини внатрешни фактори.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Нема да се согласиш со фактот дека социјалниве мрежи како алатки им донесе повеќе понудувачи и повеќе избор за партнер на женскиот пол со тоа што гледаат да дојде секогаш подобриот од сегашниот?
Нема да се согласиш со фактот дека социјалниве мрежи функционираат на его, нарцизам и градење виртуелен статус?
Кое женско битие нема да посака да си дозволи „популарен“ инстаграм или шминка или убаво да биде облечена итн?
Машкиве во инстаграмот служат за декор. Лајковите што им се ставани на гзовите и цицките се од манијачишта машки што редовно посетуваат курви оти поинаку и не знаат со женско. Ама тие таквите лајкови најчесто служат за билдање его и зголемување социјален статус кај девојчињава, за да не може некое „нормално“ момче кој завршил факултет и работи вредно за да се осамостои од родители да припарат.

За луѓе што имаат пари а коцкаат во казино и кладилница и се жено-мрзци, најчесто се луѓе што не пробуваат кај женски да освојат на начин на подолготрајна игра и не размислуваат како мене и тебе да променат нешто на позитивно. Јас познавам доста вакви типци ама знам дека штом имаат пари, страстите ги задоволуваат со курви. Секако дека женска ќе отиде со нив може за задоволство од една ноќ/пари ама за да биде во врска со таков зависи од тоа колку понудувачи има во моментот и некои други „минорни“ нејзини внатрешни фактори.
Затоа и ти кажав, внимателно бирајте каде се зацапувате и кај женските ситуацијата со заглавување без партнер и после 30+ не е ретка појава. Ќе го дујат меурот со лајкови, ќе ја форсираат извесен период, арно ама времето си поминува, а со тоа и нејзината вредност.

Не сите женски имаат по толку лајкови, не сите женски живеат во тој свет, еве познавам еден куп што немаат време дома да си влезат од обврски и не се толку активни по социјални мрежи, а вредат далеку повеќе од тие што пробуваат да си го продадат телото преку социјалните мрежи. Денес жените се веќе самостојни и во многу случаеви имаат дури и поголеми примања од мажите, така да далеку од тоа дека до толку зависат од примањата на машката страна.

На крај барање на партнер во одредена мера ти е и како аплицирање за работа, ќе бидеш одбиен на многу места, на некои нема ни да сакаш да аплицираш оти не ти се допаѓаат, а многу што ти се допаѓаат нема ни да те викнат на интервју. На кантар треба да си го ставиш сивито и да видиш дали си компактибилен за таму или има многу услови кои не ги исполнуваш, ако може да се подобриш набрзина се подобруваш - ако не за следната апликација имаш повеќе искуство и тоа е тоа, маркетот е тој, правилата на игра се тие, твоите услови се тие, ги играш своите карти најдобро што можеш и ја земаш раката што можеш.
 
A

Aexil Kong

Гостин
Точно и се согласувам. Само што сивито и самодовербата не се уклапаат на почеток. Сивито како што кажа повеќе се цени. Ако имаш добро сиви можеш да конкурираш на повеќе места и да се надеваш на повеќе места, понатаму на интервјуто да ја истакнеш и самодовербата како јаготката на тортата иако не секогаш е потребна јаготка. :D
Во најчести случаи добро градено сиви гради стабилна самодоверба и повеќе шанси :)
Врти-сучи пак на почеток на моето доаѓаме.

EDIT: Нека се произјасни членот што ја отвори темава дали има конкурирано кај некои што не се толку активни и популарни по социјалниве мрежи и со каков успех поминал таму.
 
Последно уредено:

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Ех кога ќе ми текне дека не прашуваа сакаш да ми бидеш девојка..
Уште туѓ срам ме јаде.
Бидејќи си младо момче, би ти рекла да се опуштиш и поработи на разговор, читни некоја книга напрај си убав речник, жени сме речитоста ни е слаба страна.
 
A

Aexil Kong

Гостин
Да, заборавив да прашам.

Што се случува во ситуациите кога некоја си ја фатил на самодоверба и после одреден временски период ти се дешава некоја искра што предизвикува емотивен бродолом и самодовербата исчезнала во тој период само кризираш и се обидуваш да се составиш.
Тогаш дали по автоматизам се раскинува “љубовната врска” или се растура бракот оти нели тоа нарушенава самодоверба надалеку се осеќа или заради некој друг (материјален) фактор се останува “во врска” до следнава подобро ситуирана особа?
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
110
Поени од реакции
170
Тие советите со игри и манипулации, да правиш спротивно од се што очекува она, ќе упалат краткорочно кај некоја со abandonement issues. Таква врска од старт е пиши пропало.

Вистинска конекција се гради со взаемна почит, привлечност, разбирање.
 
Silcevic

Search Prettys Girls in your city for night
Член од
5 мај 2015
Мислења
12
Поени од реакции
2
А јас кога ви пишав во темана дека сте сами зашто ниедна не ве одбрала не бев во право. Сега жените бирале, ахам.

Ако погледнете меѓу вас ќе видите дека и отепани сиромашни, и глупи, и грди, и дебели, и психички нестабилни, и ултра досадни, имаат девојки. Значи нема потреба од губење надеж, какви и да сте, пробувајте си, ќе упали кај некоја.
Благодарам Маја
Автоматски споено мислење:

Ја можам да се кладам дека овој Silcevic е Анон....
Каква веза има анон со мојот акаунт го користам 1 година бев заборавил на лозинката користев друг акаунт сега кога го вратив се вратив од стариот
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Благодарам Маја
Автоматски споено мислење:

Каква веза има анон со мојот акаунт го користам 1 година бев заборавил на лозинката користев друг акаунт сега кога го вратив се вратив од стариот
Се зезам, нема врска.
 
C

CoolIris

Гостин
Муабетите со инстаграм лајкови, многу пари, убава кола, мускулесто тело и убаво лице ви се како за тинејџери. Не можам да се согласам дека возрасна жена, која знае што сака се залетува по такви квази фраерчиња. Секоја чест на исклучоци (зборам за овие со многу пари, убава кола, мускулесто тело, убаво лице).

Размислувањата се многу површни, пред се заради фактот што се генерализира и сите жени се ставаат во ист кош. И сите мажи исто така.
Друго, самодовербата не значи финансиска моќ, мускулесто тело, вообразеност и препотентност, туку имање став, јасно и гласно искажување на тоа што го сакаш, преферираш, ти се допаѓа и не ти се допаѓа.

Така да, совет од женска страна, ако ти сакаш спонзоруша покрај тебе, а не жена која цени и почитува пристоен дечко, внимателен и културен, тогаш слушај ги другарчињата од погоре.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.126
Поени од реакции
30.215
Iskreno, zavisi kako ke se postavis, kakva mamka ke postavis takvi ribi ke fatis.
Ako se namestis na instagram i na socinalni mrezi, ke soberes tipki sho gi zanima sueta i nisto drugo, i sledniot den ke te otkacat za drug so pojak instagram film.
Toa ne znaci da si go izbrises instagramot, ama da ne se forsiras. Eden den maskite ke padnat i odma ne si interesen.

Moj sovet e, fokusiraj se na kariera, bidi ambiciozen, cesto sportuvaj i odi na prosetka, ama ne na basic mesta kako vodno, matka, velesko, i najdi niche interes nekoe ne tolku popularno hobi, ke sretnes i druga osoba sho ima takov interes pa od start ke imate nesto zaednicko.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom