Bodhidharma
Avatara
- Член од
- 17 септември 2011
- Мислења
- 10.783
- Поени од реакции
- 15.399
Можеби ваква дрога
Probaj sportuvaj.Uspehot postignat posle fiziicki napor e ogromen stimulans i dava posebna blagosostojba na organizmot.Здраво имам 21 година и веќе подолго време сум во депресија. На моменти се осеќам многу осамен, безнадежен, ладен, недружељубив, едноставно се ми смета, немам концетрација едноставно немам воља за да продолжам понатаму. Ве молам за помош ако може некој да помогне !!!!!
Probaj sportuvaj.Uspehot postignat posle fiziicki napor e ogromen stimulans i dava posebna blagosostojba na organizmot.[/quote/]
абе со се сум пробал али дефинитивно никако да исчезне оваа состојба.
Тешко мене понатаму.Ако мозже помош и од женски аспект за проблемот што го имам
Не знам баш каков совет од женски аспект бараш за она што го напиша.абе со се сум пробал али дефинитивно никако да исчезне оваа состојба.
Тешко мене понатаму.Ако мозже помош и од женски аспект за проблемот што го имам
Секс, повеќе искачања на журки , откачување максимално и читај книги.Здраво имам 21 година и веќе подолго време сум во депресија. На моменти се осеќам многу осамен, безнадежен, ладен, недружељубив, едноставно се ми смета, немам концетрација едноставно немам воља за да продолжам понатаму. Ве молам за помош ако може некој да помогне !!!!!
Prvo podobrija svojata samodoverba.Nedostigot na samodoverba e hrana za depresijata.Здраво имам 21 година и веќе подолго време сум во депресија. На моменти се осеќам многу осамен, безнадежен, ладен, недружељубив, едноставно се ми смета, немам концетрација едноставно немам воља за да продолжам понатаму. Ве молам за помош ако може некој да помогне !!!!!
А да најдеш женска? Ќе ти ги залечи сите рани...Здраво имам 21 година и веќе подолго време сум во депресија. На моменти се осеќам многу осамен, безнадежен, ладен, недружељубив, едноставно се ми смета, немам концетрација едноставно немам воља за да продолжам понатаму. Ве молам за помош ако може некој да помогне !!!!!
Dali bi mozela da preciziras sto podrazbiras pod poimot nevrotipicni ljuge?Би сакала да се надоврзам на разликата меѓу периодите на депресија/депресивните мисли и депресијата како сериозно ментално нарушување. Ми се чини дека општо (значи не само во одредени држави) менталните болести се некако сѐ уште табу тема и едноставно точни информации за депресијата не се толку широко распространети. Постојат само неубави асоцијации (лудница, самоубиство итн.), недоразбирања и лоши шеги кои воопшто не се смешни. Мислам дека е неизмерно важно да се разграничи помеѓу пократките периоди на длабока тага/црни мисли/нерасположение кои се јавуваат кај невротипичните луѓе и долготрајната клиничка депресија која доаѓа со дијагноза и сето тоа.
Тешко е да се разликува, посебно бидејќи најчесто се употребува истиот поим и за двете нешта и на крајот заради недоволно познавање се формираат цврсти мислења кои се штетни за сите, а посебно за луѓето кои навистина имаат депресија.
Светот на менталното здравје е многу чудно место, и кај нас и во „поразвиените“ држави, а ова го знам од лично искуство и од искуство на блиски пријатели.
На темава има неколку солидни постови, точно се набројуваат симптомите, а се кажува нешто и за физиолошката/биолошката страна, т.е. намалените нивоа на серотонин.
Со настанувањето на менталните болести, конкретно депресијата е вака: најпрво е потребна биолошка предиспозиција - генетска, физиолошка. Серотонинот е невротрансмитер, хемикалија која е еден вид гласник во мозокот и служи за пренесување на сигналите помеѓу две нервни клетки низ просторот помеѓу нив кој се нарекува синапса. Кај луѓето со депресија нивото на серотонин е драстично намалено и тој не може да си ја извршува функцијата ефикасно. Ова го знае секој кој учел биологија или психологија. Зошто го објаснувам ова? Сакам да нагласам дека депресијата е вистинска болест, а не нешто што некој би го измислил за да добие внимание или бидејќи е разгален. При споредба на MRI скенови на мозокот кај невротипични луѓе и луѓе кои страдаат од депресија се пронајдени драстични, буквално стравотни разлики во активноста на мозокот - погледнете колку делови на мозокот кај мозокот со депресија не се осветлени, т.е. активни!
Прегледај го приврзокот 113361
Токму затоа се употребуваат антидепресиви. Дури и кај лицата што страдаат од депресија често се јавува недоразбирање кога се работи за антидепресивите. Не се работи за некоја дрога со која психијатрите ги „трујат“ кутрите лудаци. Антидепресивите не се таблетки кои ги земаш за да се расположиш кога си тажен и не се исто што и таблети за стабилизирање на расположението (mood stabilizers). Најчестиот вид депресиви е стручно познат како SSRI, Selective Serotonin Re-uptake Inhibitors, што значи дека се земаат за да влијаат на нивото на серотонинот, т.е. ја инхибираат апсорпцијата на серотонинот и овозможуваат истиот да остане во синапсата и да си ја извршува функцијата. Значи буквално се работи за нарушена функција во нервниот систем за којашто постои лек кој е одговорен точно за тоа.
Понатаму, тука е се разбира социјалниот и психолошкиот аспект. Ретко што дејствува само и ретко која работа има само една единствена причина. Ако човекот доживеал некоја траума која може да го активира овој потенцијал, оваа предиспозиција, се јавува клинички случај.
Како што веќе е кажано погоре, депресијата често се јавува во комбинација со анксиозност. Се работи за една ситуација која се манифестира на повеќе нивоа: од примерот погоре се гледа дека доаѓа до буквална забележлива физичка/физиолошка промена во телото, или оној симптом на губење/добивање на телесна маса, или проблемите со спиењето (несоница или претерано спиење); на когнитивно ниво - се јавува една појава што се вика когнитивна дисторзија, самиот облик и тек на мислите ја отсликува состојбата внатре и човекот е заробен во една надолна спирала на лоши и штетни мисли во кои навистина верува, бидејќи тоа е производ на болеста.
Има повеќе видови на дисторзија, има и методи на когнитивна терапија кои се создадени да ги „пренасочат“ ваквите мисли.
Во зависност од интензитетот на депресијата се препорачуваат и употребуваат различни видови терапија: антидепресиви во комбинација со некој друг лек доколку постои некое друго нарушување (честа комбинација е на пример антидепресив со нешто како Хелекс доколку станува збор за депресија и анксиозност), разговор со психолог, во некои случаи когнитивна терапија.
На човекот кој страда од депресија неизмерно важна му е поддршката од семејството, пријателите и средината воопшто, и токму затоа е толку неопходно пошироката јавност да биде информирана. Најтешко е да се најде рамнотежа помеѓу следниве две екстремни ситуации: од една страна да се признае дека депресијата е сериозна болест која на човек навистина може да му го уништи животот и од друга страна луѓето со депресија или ментални нарушувања воопшто да се маргинализираат, да се гледа на нив како на чудаци, да се отпишат од општеството. Депресијата може да се лечи и да се држи под контрола за личноста да може да води сосема нормален живот, само треба да се дијагностицира и да се сфати сериозно, но само онолку сериозно колку што е самата сериозна.
Се извинувам што постов е толку долг, но сакав да опфатам што е можно повеќе суштински прашања. Нудам уште едно извинување доколку некој дел од ова е нејасен или лошо објаснет - сето ова потекнува од моето лично знаење и искуство. На располагање сум во случај на темава да се отвори дискусија и се разбира ако сум во можност нешто да објаснам подетално. Поздрав до сите.
Самиот збор ти кажува што уствари значи невротипичност.Dali bi mozela da preciziras sto podrazbiras pod poimot nevrotipicni ljuge?
Mislis na nevroticni ljuge?Ne sum strucen vo ovaa oblast ama mislam deka depresijata i nevroticnosta ne se zaemno povrzani.Самиот збор ти кажува што уствари значи невротипичност.
Но, ќе оставам она да ти прецизира што она мисли под тој поим.