Како да се победи депресијата?

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Со голтање на диазепами и хелекси. :cautious: И почесто да биде ван домот во кој што живее човекот со депресија, да излегува во друштво, да се дружи и да не се затвара у себе. Читањето на книги исто така многу помага, преокупирање на мислите со сосема други ствари, вежбање, активност да се внесе во животот и помалце кукање, цимолење за тоа колку е тој несреќен и неуспешен во животот.
Човек сам ако не си помогне,никој нема.
 
Член од
25 јануари 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво имам 21 година и веќе подолго време сум во депресија. На моменти се осеќам многу осамен, безнадежен, ладен, недружељубив, едноставно се ми смета, немам концетрација едноставно немам воља за да продолжам понатаму. Ве молам за помош ако може некој да помогне !!!!! :(:sleep::несвест::(:(:(
 
Член од
12 март 2010
Мислења
210
Поени од реакции
72

Probaj sportuvaj.Uspehot postignat posle fiziicki napor e ogromen stimulans i dava posebna blagosostojba na organizmot.
 
Член од
25 јануари 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Probaj sportuvaj.Uspehot postignat posle fiziicki napor e ogromen stimulans i dava posebna blagosostojba na organizmot.[/quote/]

абе со се сум пробал али дефинитивно никако да исчезне оваа состојба.
Тешко мене понатаму.Ако мозже помош и од женски аспект за проблемот што го имам
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
абе со се сум пробал али дефинитивно никако да исчезне оваа состојба.
Тешко мене понатаму.Ако мозже помош и од женски аспект за проблемот што го имам
Не знам баш каков совет од женски аспект бараш за она што го напиша.
Можеби напиши нешто повеќе, подетално за да знаат членовите поконкретен одговор да ти дадат.

Во зависнот од тоа каков совет бараш, можеби оваа тема или оваа ќе ти се најдат повеќе.
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Здраво имам 21 година и веќе подолго време сум во депресија. На моменти се осеќам многу осамен, безнадежен, ладен, недружељубив, едноставно се ми смета, немам концетрација едноставно немам воља за да продолжам понатаму. Ве молам за помош ако може некој да помогне !!!!! :(:sleep::несвест::(:(:(
Секс, повеќе искачања на журки , откачување максимално и читај книги. :)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Здраво имам 21 година и веќе подолго време сум во депресија. На моменти се осеќам многу осамен, безнадежен, ладен, недружељубив, едноставно се ми смета, немам концетрација едноставно немам воља за да продолжам понатаму. Ве молам за помош ако може некој да помогне !!!!! :(:sleep::несвест::(:(:(
Prvo podobrija svojata samodoverba.Nedostigot na samodoverba e hrana za depresijata.
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
660
Во колку депресијата трае подолго треба да се прима терапија. Сите и најсилните личности имаат периоди на депресија. Во најголем број на случаи има и реална причина како тригер фактор. Како да се победи ако е краткотрајна?
Спорт, пешачење, движење во природа и на сонце.
Читање на книги кои ќе ги прошири подрачјата на размислување за животот. Има многу разни книги во нашите книжари. Не препорачувам религиозна литература.
Направете измени во стилот на облекување, на фризура, тежината намалете ја ,шминка, боја на коса и др.
Одете на патување некаде сами. Не ви треба никој за да си поминете убаво, ќе запознаете некој сигурно.
Зборувајте со непознати, обичен муабет со млади, стари , деца , не е битно од секого ќе научите нешто.
Сликајте , фотографирајте, пишувајте што ве мачи и читајте го тоа на глас. нека излезе целата тежина.
Плачете кога би се плаче, не е срамно, помага, полесно е.
Дружете се, стари, нови пријатели, повикајте ги, одете на кафе, на ручек..
Почнете да учите некој мануелен занает, свирење на инструмент, сликање, резба , плетње, везење...
Вежбајте јога, вежби за дишење но под надзор од учител.
Ограничете го своето време пред компјутер, не се заборавајте со часови.
Потрудете се да имате доволно ноќен сон,ноќниот сон никогаш не го заменува дневниот сон.
Пијте доволно течности, чаеви, умерено со алкохолот.
Зајакнувајте ја самодовербата секој ден.
Кажувајте што мислите, ако ви се допадне нешто или некој кажете го .
Не се дружите со негативни и депресивни луѓе кои ви го полнат умот со негативни мисли.
Не зборувајте неубаво за ништо и за никој.
Соочувајте се со своите стравови , но постепено, на тој начин полека и ќе се ослободите од нив.
Потрудете се да имате секојдневни обврски од кои можете да заработете за живот.
Не зависете од друг за да бидете среќен, бидете среќен зашто сте здрави и живи.
Не се жалите дека се е црно, има и бело и црно исто како ден и ноќ.
Пејте и играјте кога сте сами.
Верувајте дека утре е нов ден кој ви е даден само вас да живеете во него.
Минатото не можете да го измените, иднината не можете да ја предвидете, сегашноста е таа која ја живеете.
Правете добри дела , помали поголеми, но континуирано, тоа ќе ви помогне да се чувствувате убаво.Помагајте , подадете рака некому. раката што дава не се суши.
 
Последно уредено:

friendlypotato

кафепијачка
Член од
1 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
26
Би сакала да се надоврзам на разликата меѓу периодите на депресија/депресивните мисли и депресијата како сериозно ментално нарушување. Ми се чини дека општо (значи не само во одредени држави) менталните болести се некако сѐ уште табу тема и едноставно точни информации за депресијата не се толку широко распространети. Постојат само неубави асоцијации (лудница, самоубиство итн.), недоразбирања и лоши шеги кои воопшто не се смешни. Мислам дека е неизмерно важно да се разграничи помеѓу пократките периоди на длабока тага/црни мисли/нерасположение кои се јавуваат кај невротипичните луѓе и долготрајната клиничка депресија која доаѓа со дијагноза и сето тоа.
Тешко е да се разликува, посебно бидејќи најчесто се употребува истиот поим и за двете нешта и на крајот заради недоволно познавање се формираат цврсти мислења кои се штетни за сите, а посебно за луѓето кои навистина имаат депресија.
Светот на менталното здравје е многу чудно место, и кај нас и во „поразвиените“ држави, а ова го знам од лично искуство и од искуство на блиски пријатели.
На темава има неколку солидни постови, точно се набројуваат симптомите, а се кажува нешто и за физиолошката/биолошката страна, т.е. намалените нивоа на серотонин.
Со настанувањето на менталните болести, конкретно депресијата е вака: најпрво е потребна биолошка предиспозиција - генетска, физиолошка. Серотонинот е невротрансмитер, хемикалија која е еден вид гласник во мозокот и служи за пренесување на сигналите помеѓу две нервни клетки низ просторот помеѓу нив кој се нарекува синапса. Кај луѓето со депресија нивото на серотонин е драстично намалено и тој не може да си ја извршува функцијата ефикасно. Ова го знае секој кој учел биологија или психологија. Зошто го објаснувам ова? Сакам да нагласам дека депресијата е вистинска болест, а не нешто што некој би го измислил за да добие внимание или бидејќи е разгален. При споредба на MRI скенови на мозокот кај невротипични луѓе и луѓе кои страдаат од депресија се пронајдени драстични, буквално стравотни разлики во активноста на мозокот - погледнете колку делови на мозокот кај мозокот со депресија не се осветлени, т.е. активни!

causesMRI.jpg

Токму затоа се употребуваат антидепресиви. Дури и кај лицата што страдаат од депресија често се јавува недоразбирање кога се работи за антидепресивите. Не се работи за некоја дрога со која психијатрите ги „трујат“ кутрите лудаци. Антидепресивите не се таблетки кои ги земаш за да се расположиш кога си тажен и не се исто што и таблети за стабилизирање на расположението (mood stabilizers). Најчестиот вид депресиви е стручно познат како SSRI, Selective Serotonin Re-uptake Inhibitors, што значи дека се земаат за да влијаат на нивото на серотонинот, т.е. ја инхибираат апсорпцијата на серотонинот и овозможуваат истиот да остане во синапсата и да си ја извршува функцијата. Значи буквално се работи за нарушена функција во нервниот систем за којашто постои лек кој е одговорен точно за тоа.
Понатаму, тука е се разбира социјалниот и психолошкиот аспект. Ретко што дејствува само и ретко која работа има само една единствена причина. Ако човекот доживеал некоја траума која може да го активира овој потенцијал, оваа предиспозиција, се јавува клинички случај.
Како што веќе е кажано погоре, депресијата често се јавува во комбинација со анксиозност. Се работи за една ситуација која се манифестира на повеќе нивоа: од примерот погоре се гледа дека доаѓа до буквална забележлива физичка/физиолошка промена во телото, или оној симптом на губење/добивање на телесна маса, или проблемите со спиењето (несоница или претерано спиење); на когнитивно ниво - се јавува една појава што се вика когнитивна дисторзија, самиот облик и тек на мислите ја отсликува состојбата внатре и човекот е заробен во една надолна спирала на лоши и штетни мисли во кои навистина верува, бидејќи тоа е производ на болеста.
Има повеќе видови на дисторзија, има и методи на когнитивна терапија кои се создадени да ги „пренасочат“ ваквите мисли.
Во зависност од интензитетот на депресијата се препорачуваат и употребуваат различни видови терапија: антидепресиви во комбинација со некој друг лек доколку постои некое друго нарушување (честа комбинација е на пример антидепресив со нешто како Хелекс доколку станува збор за депресија и анксиозност), разговор со психолог, во некои случаи когнитивна терапија.
На човекот кој страда од депресија неизмерно важна му е поддршката од семејството, пријателите и средината воопшто, и токму затоа е толку неопходно пошироката јавност да биде информирана. Најтешко е да се најде рамнотежа помеѓу следниве две екстремни ситуации: од една страна да се признае дека депресијата е сериозна болест која на човек навистина може да му го уништи животот и од друга страна луѓето со депресија или ментални нарушувања воопшто да се маргинализираат, да се гледа на нив како на чудаци, да се отпишат од општеството. Депресијата може да се лечи и да се држи под контрола за личноста да може да води сосема нормален живот, само треба да се дијагностицира и да се сфати сериозно, но само онолку сериозно колку што е самата сериозна.
Се извинувам што постов е толку долг, но сакав да опфатам што е можно повеќе суштински прашања. Нудам уште едно извинување доколку некој дел од ова е нејасен или лошо објаснет - сето ова потекнува од моето лично знаење и искуство. На располагање сум во случај на темава да се отвори дискусија и се разбира ако сум во можност нешто да објаснам подетално. Поздрав до сите.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Здраво имам 21 година и веќе подолго време сум во депресија. На моменти се осеќам многу осамен, безнадежен, ладен, недружељубив, едноставно се ми смета, немам концетрација едноставно немам воља за да продолжам понатаму. Ве молам за помош ако може некој да помогне !!!!! :(:sleep::несвест::(:(:(
А да најдеш женска? Ќе ти ги залечи сите рани...
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Би сакала да се надоврзам на разликата меѓу периодите на депресија/депресивните мисли и депресијата како сериозно ментално нарушување. Ми се чини дека општо (значи не само во одредени држави) менталните болести се некако сѐ уште табу тема и едноставно точни информации за депресијата не се толку широко распространети. Постојат само неубави асоцијации (лудница, самоубиство итн.), недоразбирања и лоши шеги кои воопшто не се смешни. Мислам дека е неизмерно важно да се разграничи помеѓу пократките периоди на длабока тага/црни мисли/нерасположение кои се јавуваат кај невротипичните луѓе и долготрајната клиничка депресија која доаѓа со дијагноза и сето тоа.
Тешко е да се разликува, посебно бидејќи најчесто се употребува истиот поим и за двете нешта и на крајот заради недоволно познавање се формираат цврсти мислења кои се штетни за сите, а посебно за луѓето кои навистина имаат депресија.
Светот на менталното здравје е многу чудно место, и кај нас и во „поразвиените“ држави, а ова го знам од лично искуство и од искуство на блиски пријатели.
На темава има неколку солидни постови, точно се набројуваат симптомите, а се кажува нешто и за физиолошката/биолошката страна, т.е. намалените нивоа на серотонин.
Со настанувањето на менталните болести, конкретно депресијата е вака: најпрво е потребна биолошка предиспозиција - генетска, физиолошка. Серотонинот е невротрансмитер, хемикалија која е еден вид гласник во мозокот и служи за пренесување на сигналите помеѓу две нервни клетки низ просторот помеѓу нив кој се нарекува синапса. Кај луѓето со депресија нивото на серотонин е драстично намалено и тој не може да си ја извршува функцијата ефикасно. Ова го знае секој кој учел биологија или психологија. Зошто го објаснувам ова? Сакам да нагласам дека депресијата е вистинска болест, а не нешто што некој би го измислил за да добие внимание или бидејќи е разгален. При споредба на MRI скенови на мозокот кај невротипични луѓе и луѓе кои страдаат од депресија се пронајдени драстични, буквално стравотни разлики во активноста на мозокот - погледнете колку делови на мозокот кај мозокот со депресија не се осветлени, т.е. активни!

Прегледај го приврзокот 113361

Токму затоа се употребуваат антидепресиви. Дури и кај лицата што страдаат од депресија често се јавува недоразбирање кога се работи за антидепресивите. Не се работи за некоја дрога со која психијатрите ги „трујат“ кутрите лудаци. Антидепресивите не се таблетки кои ги земаш за да се расположиш кога си тажен и не се исто што и таблети за стабилизирање на расположението (mood stabilizers). Најчестиот вид депресиви е стручно познат како SSRI, Selective Serotonin Re-uptake Inhibitors, што значи дека се земаат за да влијаат на нивото на серотонинот, т.е. ја инхибираат апсорпцијата на серотонинот и овозможуваат истиот да остане во синапсата и да си ја извршува функцијата. Значи буквално се работи за нарушена функција во нервниот систем за којашто постои лек кој е одговорен точно за тоа.
Понатаму, тука е се разбира социјалниот и психолошкиот аспект. Ретко што дејствува само и ретко која работа има само една единствена причина. Ако човекот доживеал некоја траума која може да го активира овој потенцијал, оваа предиспозиција, се јавува клинички случај.
Како што веќе е кажано погоре, депресијата често се јавува во комбинација со анксиозност. Се работи за една ситуација која се манифестира на повеќе нивоа: од примерот погоре се гледа дека доаѓа до буквална забележлива физичка/физиолошка промена во телото, или оној симптом на губење/добивање на телесна маса, или проблемите со спиењето (несоница или претерано спиење); на когнитивно ниво - се јавува една појава што се вика когнитивна дисторзија, самиот облик и тек на мислите ја отсликува состојбата внатре и човекот е заробен во една надолна спирала на лоши и штетни мисли во кои навистина верува, бидејќи тоа е производ на болеста.
Има повеќе видови на дисторзија, има и методи на когнитивна терапија кои се создадени да ги „пренасочат“ ваквите мисли.
Во зависност од интензитетот на депресијата се препорачуваат и употребуваат различни видови терапија: антидепресиви во комбинација со некој друг лек доколку постои некое друго нарушување (честа комбинација е на пример антидепресив со нешто како Хелекс доколку станува збор за депресија и анксиозност), разговор со психолог, во некои случаи когнитивна терапија.
На човекот кој страда од депресија неизмерно важна му е поддршката од семејството, пријателите и средината воопшто, и токму затоа е толку неопходно пошироката јавност да биде информирана. Најтешко е да се најде рамнотежа помеѓу следниве две екстремни ситуации: од една страна да се признае дека депресијата е сериозна болест која на човек навистина може да му го уништи животот и од друга страна луѓето со депресија или ментални нарушувања воопшто да се маргинализираат, да се гледа на нив како на чудаци, да се отпишат од општеството. Депресијата може да се лечи и да се држи под контрола за личноста да може да води сосема нормален живот, само треба да се дијагностицира и да се сфати сериозно, но само онолку сериозно колку што е самата сериозна.
Се извинувам што постов е толку долг, но сакав да опфатам што е можно повеќе суштински прашања. Нудам уште едно извинување доколку некој дел од ова е нејасен или лошо објаснет - сето ова потекнува од моето лично знаење и искуство. На располагање сум во случај на темава да се отвори дискусија и се разбира ако сум во можност нешто да објаснам подетално. Поздрав до сите.
Dali bi mozela da preciziras sto podrazbiras pod poimot nevrotipicni ljuge?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Самиот збор ти кажува што уствари значи невротипичност.
Но, ќе оставам она да ти прецизира што она мисли под тој поим.
Mislis na nevroticni ljuge?Ne sum strucen vo ovaa oblast ama mislam deka depresijata i nevroticnosta ne se zaemno povrzani.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom