Како да се победи депресијата?

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Mislis na nevroticni ljuge?Ne sum strucen vo ovaa oblast ama mislam deka depresijata i nevroticnosta ne se zaemno povrzani.
невротипични = нормални луѓе, оние на што си немаат проблеми со депресија.
Англискиот термин е neurotypicals.
Neuro-Typical: Individuals whose neurological pathology renders their sensory functioning, social skills and cognitive skills typical.
 

friendlypotato

кафепијачка
Член од
1 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
26
Невротипичен“ е релативно нов поим од областа на менталното здравје кој значи „некој што перцепира и обработува информации од околината на обичен/типичен начин“, а се користи пред сѐ за да се означи човек кој не страда од нарушувања како што се аутизам, дислексија, шизофренија или од било какво ментално заболување кое може да ја поремети или изврти таа перцепција на нештата. Се извинувам ако предизвикав забуна, навистина зборот е сличен со „невротичен“, а во случајов воопшто не мислев на тоа. Поимот потекнува од луѓето со аутизам, но полека зема замав во науката и почнува да покрива сѐ поширок спектар на нарушувања. Сакав да ја нагласам разликата помеѓу мозокот на луѓето кои страдаат од такво нешто, во случајов депресија, и оние кои не страдаат, без вторите да ги наречам „нормални“, да најдам некој понеутрален поим кој нема да биде навредлив за никого.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.370
Поени од реакции
25.099
Во колку депресијата трае подолго треба да се прима терапија. Сите и најсилните личности имаат периоди на депресија. Во најголем број на случаи има и реална причина како тригер фактор. Како да се победи ако е краткотрајна?
Спорт, пешачење, движење во природа и на сонце.
Ова е единствениот добар совет. Другото:
Читање на книги кои ќе ги прошири подрачјата на размислување за животот. Има многу разни книги во нашите книжари. Не препорачувам религиозна литература.
Кои книги поточно ги проширува размислувањата за животот и како книгите би излекувале некого од депресија? И што има врска религиозната литература со НЕпобедувањето депресија? :)
Направете измени во стилот на облекување, на фризура, тежината намалете ја ,шминка, боја на коса и др.
Недостигот на пари е број 1 причина за депресија кај повеќето луѓе. Второ, како би се намалила тежината, ако станува збор за "краткотрајна" депресија? Многу тешко и скоро неверојатно.
Одете на патување некаде сами. Не ви треба никој за да си поминете убаво, ќе запознаете некој сигурно.
Исто така парите се фактор овде. Луѓе со цели фамилии на грб ќе одат сами на патување, или грото студенти за кои повеќето родители крпат крај со крај за да ги дошколуваат. Highly doubtful.
Зборувајте со непознати, обичен муабет со млади, стари , деца , не е битно од секого ќе научите нешто.
Не верувам дека личност во депресија би остварила контакт со непознат. Уште помалку со познат.
Почнете да учите некој мануелен занает, свирење на инструмент, сликање, резба , плетње, везење...
Освен ако личноста која е во депресија има 10 години.
Вежбајте јога, вежби за дишење но под надзор од учител.
Ова е во ред.
Потрудете се да имате доволно ноќен сон,ноќниот сон никогаш не го заменува дневниот сон.
Ноќта е најголем непријател на болните, без разлика од што се болни и како.
Кажувајте што мислите, ако ви се допадне нешто или некој кажете го
Обично си се повлекуваат со мислите и ги чуваат само за себе.
Не зборувајте неубаво за ништо и за никој.
Никој друг не им е важен и не би одвоиле време да зборуваат за некого. Имаат ниско мислење за себеси воглавно и тоа им е важно.
Не зависете од друг за да бидете среќен, бидете среќен зашто сте здрави и живи.
Не се здрави. До депресијата не водат здрави-живи фактори туку обратни.
Не се жалите дека се е црно, има и бело и црно исто како ден и ноќ.
Ако некому му кажеш дека се жали, а истиот е во депресија, не е никаков практичен совет.
Пејте и играјте кога сте сами.
Не им е дојдено до тоа.
Верувајте дека утре е нов ден кој ви е даден само вас да живеете во него.
Никако. Утрешниот ден камо да не постои. Исто така банален совет, не води никаде и не прави ништо добро.
Правете добри дела , помали поголеми, но континуирано, тоа ќе ви помогне да се чувствувате убаво.Помагајте , подадете рака некому. раката што дава не се суши.
Не знам колку би имале волја...

Мое мислење на темава е доктор и само доктор додека е време. Подруго е да разговараш со стручно лице.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Ова е единствениот добар совет. Другото:

Кои книги поточно ги проширува размислувањата за животот и како книгите би излекувале некого од депресија? И што има врска религиозната литература со НЕпобедувањето депресија? :)
Книгите од типот на себеспознавање, афирмативните книги, книгите за билдање на самодоверба.
Религиозната литература има врска затоа што може да го збуни човекот многу , во овој случај штом има депресија , очигледно е дека е збунет нели ... и може да го сјебе тотално, иако со претходно наведените жанрови на книги, ако ги има прочитано и се има развиено повисока свест, религиозните литератури само би ја зголемиле свеста, али тоа е напредно ниво, така да за почеток треба да се читаат книги за себеспознавање.
За депресивците: Купете си ја '' Како да го добиете тоа што го сакате '' од Џосеф Марфи.
Тоа е прекрасна книга кој што секој човек би требало да ја прочита.
Таа книга е објаснение на Библијата и дава друга перспектива.
Опуштете се и земете си литература која што ќе ви го смени животот
.

п.с СИТЕ ИМАМЕ СУПТИЛНА ДЕПРЕСИЈА ВО СЕБЕ, НО КАЈ СЕКОЈ Е РАЗЛИЧНО РАЗВИЕНА!!! Но, да се разберме, постојат точно одредени типови на депресија, во случајов тука има луѓе што имаат хронична депресија и тоа се лечи со стручно лице така наречено Психијатар.
А за таа суптилна депресија која што ја нагласувам е затоа што имаме контрола, т.е затоа што некој друг нас не контролира од самото наше раѓање, наметнати ни се многу работи , така и нашиот мисловен систем. Одделени сме од вистината, од Бог, Љубовта, наречете го како сакате.... суштината е во тоа да се вратиме во правобитната состојба и да бидеме во блажена состојба. Се додека има дисбаланс помеѓу емотивниот и мисловниот систем, до тогаш ќе има психо- соматски дефицити и секој човек е потенцијален добитник на изразена депресија и слични болести.
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.370
Поени од реакции
25.099
Книгите од типот на себеспознавање, афирмативните книги, книгите за билдање на самодоверба.
Религиозната литература има врска затоа што може да го збуни човекот многу , во овој случај штом има депресија , очигледно е дека е збунет нели ... и може да го сјебе тотално, иако со претходно наведените жанрови на книги, ако ги има прочитано и се има развиено повисока свест, религиозните литератури само би ја зголемиле свеста, али тоа е напредно ниво, така да за почеток треба да се читаат книги за себеспознавање.
За депресивците: Купете си ја '' Како да го добиете тоа што го сакате '' од Џосеф Марфи.
Тоа е прекрасна книга кој што секој човек би требало да ја прочита.
Таа книга е објаснение на Библијата и дава друга перспектива.
Опуштете се и земете си литература која што ќе ви го смени животот
.
Кое себеспознавање преку книга, не заебавај... Книги за билдање самодоверба? Кажи ми само кога самодовербата е на 0 (со букви: нула) при случај на депресија, со кој број се умножува?
Џосеф Марфи и сличните книги за самопомош го кажуваат истото од тоа што го цитирав погоре - безвезни реченици, совети кои не помагаат, затоа што очигледно се напишани од луѓе кои никогаш не биле во депресија, инаку не би продавале такви финти.
Книга за самопомош единствено може да ти помогне ако ја издрецкаш главата со неа.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Мое мислење на темава е доктор и само доктор додека е време. Подруго е да разговараш со стручно лице.
Па и докторот исто како и книгите за самопомош ќе ти кажува безвезни муабети, совети кој не помагаат, затоа што очигледно никогаш не бил во депресија :D
Ќе ти напише рецепти за разни медикаменти и ајт...
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Вежбање луѓе вежбање, сериозно чуството послем добар тренинг е незаменливо, пробајте ке ви помогне.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Кое себеспознавање преку книга, не заебавај... Книги за билдање самодоверба? Кажи ми само кога самодовербата е на 0 (со букви: нула) при случај на депресија, со кој број се умножува?
Џосеф Марфи и сличните книги за самопомош го кажуваат истото од тоа што го цитирав погоре - безвезни реченици, совети кои не помагаат, затоа што очигледно се напишани од луѓе кои никогаш не биле во депресија, инаку не би продавале такви финти.
Книга за самопомош единствено може да ти помогне ако ја издрецкаш главата со неа.
Не друже верувај ми дека си во голема заблуда.
Ако мене и на уште 50 милиони луѓе им помогнале тие без везни реченици , ние сме глупи , лесно манипулативни и појма немаме од животот, а ти си паметен и ја знаеш тајната ?
Не ме јеби , твое е да не веруваш , мое е да си го проповедам исправното.
Во секој случај ти си знаеш најодобро што е најдобро за тебе, али немој да шириш таков Нихилизам тука каде што луѓето бараат помош и афирмација за понатамошни акции во животот.
Гледам плус модератор ти пишува , значи имаш некакво влијание тука и треба да користиш како пример за останатите, не трипај и не збори глупости. :)
И за крај да ти огдговорам на правобитното прашање '' Кога самодовербата е на нула , при случај на депресија, со кој број се умножува " ?
- Со нула како што ми кажува математиката.
А нула со нула дава нула, и тоа е јебената депресија да.. али со една книга плус, самодовербата да ти се покачи и 0.1 % , со букви, нула кома еден посто , и тоа е успех! ;)
Патем, капка по капка - вир. И се така натака .. знаеш како иде, истата компарација важи и за самодовербата, свеста, знаењето и се у животот. ;)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.370
Поени од реакции
25.099
Па и докторот исто како и книгите за самопомош ќе ти кажува безвезни муабети, совети кој не помагаат, затоа што очигледно никогаш не бил во депресија :D
Ќе ти напише рецепти за разни медикаменти и ајт...
Има завршено школо за тоа. Ако е добар доктор (а ги има доста добри) ќе ти обрне повеќе внимание од пишување рецепти. Двостраната комуникација овде е најважен фактор. Затоа докторот. Со книга не можеш да комуницираш. Треба да се види каде е коренот на проблемот, кои се причините, еден куп прашања кои треба да бидат одговорени. Комуникацијата со стручно лице е најважен фактор според мене.
Не друже верувај ми дека си во голема заблуда.
Ако мене и на уште 50 милиони луѓе им помогнале тие без везни реченици , ние сме глупи , лесно манипулативни и појма немаме од животот, а ти си паметен и ја знаеш тајната ?
Не ме јеби , твое е да не веруваш , мое е да си го проповедам исправното.
Во секој случај ти си знаеш најодобро што е најдобро за тебе, али немој да шириш таков Нихилизам тука каде што луѓето бараат помош и афирмација за понатамошни акции во животот.
Гледам плус модератор ти пишува , значи имаш некакво влијание тука и треба да користиш како пример за останатите, не трипај и не збори глупости. :)
И за крај да ти огдговорам на правобитното прашање '' Кога самодовербата е на нула , при случај на депресија, со кој број се умножува " ?
- Со нула како што ми кажува математиката.
А нула со нула дава нула, и тоа е јебената депресија да.. али со една книга плус, самодовербата да ти се покачи и 0.1 % , со букви, нула кома еден посто , и тоа е успех! ;)
Патем, капка по капка - вир. И се така натака .. знаеш како иде, истата компарација важи и за самодовербата, свеста, знаењето и се у животот. ;)
Ако тие книги ви помогнале тогаш супер. Мило ми е (без иронија). Како само ви ги погодиле истите проблеми на 50 милиони луѓе, алал. Се надевам и дека хороскопот за денес ќе им погоди на исто толку милиони луѓе.
Велиш дека твоето е исправно и го проповедаш, а јас мислам дека најисправно е да се тркне до на лекар. Нема ништо страшно. Ќе се разговара, ако треба на повеќе пати и ќе се разговара и ќе се донесе решение.

Не ширам нихилизам. Мислам дека е многу напорно да бидеш нихилист а јас сум по малку мрзлив...
не трипај и не збори глупости. :)
А и не знам што ти игра улогата модератор овде, на тој дел не знам како да ти реплицирам. Јас точно знам што зборувам. Ти со твоите бајки од книџулиња не мислиш дека зборуваш исто така, глупости? И дека трипаш, пошо на тој фонт очите ги истерав.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Депресивниот човек е обесхрабрен, загрижен, се чувствува немоќно и неспособно за најголемиот дел од обврските кои со леснотија би ги извршувал кога не би бил во депресија. Се му е товар и нема никаква мотивација. Секојдневната комуникација е проблем, бидејќи средината (која и нема големо разбирање за болеста, да бидеме начисто) го принудува, односно очекува тој/таа да молчи и да се однесува како се да е во најдобар ред.

Многу совети и препораки за самопомош изгледаат како на некој кој што штотуку ги скршил нозете да му препорачате дека трчањето е најдобриот лек. И да го прогласите за неспособен и мрзлив затоа што не трча секој ден.

Срамот од болеста е исто така голем проблем. На многумина им е незгодно да се соочат со состојбата. Одењето на психијатар кај нас се уште е популарен повод за подбивање, омаловажување и презир.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Има завршено школо за тоа. Ако е добар доктор (а ги има доста добри) ќе ти обрне повеќе внимание од пишување рецепти. Двостраната комуникација овде е најважен фактор. Затоа докторот. Со книга не можеш да комуницираш. Треба да се види каде е коренот на проблемот, кои се причините, еден куп прашања кои треба да бидат одговорени. Комуникацијата со стручно лице е најважен фактор според мене.

Ако тие книги ви помогнале тогаш супер. Мило ми е (без иронија). Како само ви ги погодиле истите проблеми на 50 милиони луѓе, алал. Се надевам и дека хороскопот за денес ќе им погоди на исто толку милиони луѓе.
Велиш дека твоето е исправно и го проповедаш, а јас мислам дека најисправно е да се тркне до на лекар. Нема ништо страшно. Ќе се разговара, ако треба на повеќе пати и ќе се разговара и ќе се донесе решение.

Не ширам нихилизам. Мислам дека е многу напорно да бидеш нихилист а јас сум по малку мрзлив...

А и не знам што ти игра улогата модератор овде, на тој дел не знам како да ти реплицирам. Јас точно знам што зборувам. Ти со твоите бајки од книџулиња не мислиш дека зборуваш исто така, глупости? И дека трипаш, пошо на тој фонт очите ги истерав.
Другарче вака.. не пробувам да се направам паметен или да те издоминирам во муабетов.
Мене ми имаат помогнато книгите и на многу други луѓе им имаат помогнато книгите, врпочем, и самиот знаеш дека книгите се храна за душата. :)
Плус сигурен сум дека немаш прочитано ни една книга од тој автор затоа и вака збориш.
Единственото нешто зашто го пишувам ова е дека сакам да помогнам на некој.
Нормално дека е многу исправно да се тркне и до лекар и да се разговара за проблемот и да се донесе решение, не е воопшто страшно, тоа е едноставно исправна одлука...
Но, у принцип луѓево се премногу намазани и еден збор или реченица може да ги фрли во депресија... ако е он психички слаб и ако не видел мука у животот, а дома мама не му намачкала нутела на лепче , што кур ќе праи на психијатар тој? :) Само за џабе би си правел трипови.
Затоа во тој контекст многу е подобро да прочита некоја книгичка и да види како стојат работите, зашто се на се , и коренот на депресијата е од не знаење или од погрешно знаење.
Јас сум имал фрки какви што не би му ги посакал на никој, па затоа од мое лично искуство , ако сум можел да го преживеам тоа и сеуште да чекорам многу цврсто , а ми помогнале книгите..сигурно и на некој друг би му помогнале.
А улогата модератор ја спомнав во однос дека тоа иницира дека имаш повисок статус тука на форумов, и затоа би требало ти да имаш исправни мислења.
Како и да е мислам дека се разбравме. :)
п.с: Овој фонд ми е најкул.
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
660
Ова е единствениот добар совет. Другото:

Кои книги поточно ги проширува размислувањата за животот и како книгите би излекувале некого од депресија? И што има врска религиозната литература со НЕпобедувањето депресија? :)

Недостигот на пари е број 1 причина за депресија кај повеќето луѓе. Второ, како би се намалила тежината, ако станува збор за "краткотрајна" депресија? Многу тешко и скоро неверојатно.

Исто така парите се фактор овде. Луѓе со цели фамилии на грб ќе одат сами на патување, или грото студенти за кои повеќето родители крпат крај со крај за да ги дошколуваат. Highly doubtful.

Не верувам дека личност во депресија би остварила контакт со непознат. Уште помалку со познат.

Освен ако личноста која е во депресија има 10 години.

Ова е во ред.

Ноќта е најголем непријател на болните, без разлика од што се болни и како.

Обично си се повлекуваат со мислите и ги чуваат само за себе.

Никој друг не им е важен и не би одвоиле време да зборуваат за некого. Имаат ниско мислење за себеси воглавно и тоа им е важно.

Не се здрави. До депресијата не водат здрави-живи фактори туку обратни.

Ако некому му кажеш дека се жали, а истиот е во депресија, не е никаков практичен совет.

Не им е дојдено до тоа.

Никако. Утрешниот ден камо да не постои. Исто така банален совет, не води никаде и не прави ништо добро.

Не знам колку би имале волја...

Мое мислење на темава е доктор и само доктор додека е време. Подруго е да разговараш со стручно лице.
Господин Модератор мило ми е што те засегна постот и што за жал не ја разбра суштината на голем дел од напишаното. Не се согласувам со твоето мислење но немам време дел по дел да го елаборирам. Најбитно е што имам согледувања од погоре напишаното со кое ниво на познавање имаат модераторите за нивните теми. Сега очекувам да ми го избришеш мислењето како Модератор зашто ти си the boss.
Среќа има многу луѓе кои го прочитаа и разбраа што беше напишано. Но има време ќе разбереш и ти....
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.370
Поени од реакции
25.099
Господин Модератор мило ми е што те засегна постот и што за жал не ја разбра суштината на голем дел од напишаното. Не се согласувам со твоето мислење но немам време дел по дел да го елаборирам. Најбитно е што имам согледувања од погоре напишаното со кое ниво на познавање имаат модераторите за нивните теми. Сега очекувам да ми го избришеш мислењето како Модератор зашто ти си the boss.
Среќа има многу луѓе кои го прочитаа и разбраа што беше напишано. Но има време ќе разбереш и ти....
Госпоѓо maja-maja, кога ќе имаш време, повели елаборирај. Мене многу ме засегна постот (и не знам зошто би ти било мило за тоа) и образложив зошто не функционира во пракса. Твојата дефиниција за депресија е очигледно дијаметрално спротивна од мојата, како да ти кажам. Ти мислиш на ситуација каде еден Хобит не излегол понастрана од Шаер и поради тоа е симпатично депресивен. Јас мислам на ужасно болни ситуации.
Од друга страна, како што не го разбрав гандраделик, не те разбирам и тебе. Од каде ти е заклучокот дека јас можам да ти избришам мислење? Јас во овој подфорум сум само обичен член.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.365
Поени од реакции
10.778
Здраво имам 21 година и веќе подолго време сум во депресија. На моменти се осеќам многу осамен, безнадежен, ладен, недружељубив, едноставно се ми смета, немам концетрација едноставно немам воља за да продолжам понатаму. Ве молам за помош ако може некој да помогне !!!!! :(:sleep::несвест::(:(:(
Едноставно ќе ти помини по извесно време. Ќе мораш да издржиш. Ако не, тогаш мора да бараш помош од психолог или нешто. Знам точно како ти е така да ако ти потреба нешто отворен сум за разговор.
Инаку во голем дел се слагам со @џимеј
Вака од страна лесно изгледа ама сите оние совети и охрабрувачки текстови и мисли и немаат некое влијание кога ќе влезиш во пеколот. Не е така едноставно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom