хмм, депресија, зависи од што потекнала таа депресија... еве имам личен пример... бев можеби во депресија еден месец и многу тешко го поминував тој период... едноставно не сакав да зборам со никој , нагло го сменив карактерот и однесувањето и сите го приметија тоа и најмногу ме нервираа муабетите како : што се случува со тебе последно време ?
Сето тоа ми помина по своја воља и психа кога се разбудив едно утро едноствано се осетив како да ми фалеше претходниот живот и почнав некако пак од ново , свртев нов лист, главата горе и си помислив : ништо не може мене да ме згази... полека полека почнав да се враќам на она што бев , едно зборлесто дете што цело време се смееше и за најмалите работи, некако почнав да блескам... значи според мене мислам дека депресијата е некое како чуство на психата и може да си отиде како што дошла. Едноствано треба јак дух или пак подршка од некој од страна... но кога тогаш депресијата е само еден период во животот кој сите кога тогаш ке го почуствуваат, и во такви моменти не смее да се изгуби воља за живот, треба само напред и се ќе се поврати...