Како да се откажете од цигарите?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Качак соро никој и да не користи на денешницава претпоставувам најмногу поради тоа што нема филтер и е навистина јак,Баби и дедовци мислам дека и воопшто дали 2 знам со над 80,а не пак над 85 качак што пушеле...технички не знам никој значи.
немаш поминато на пазар да видиш тезги каде се продава тутун за виткање и тоа на кило. Се повеќе луѓе земаат и о машинки прават цигари оти е поефтин. Можеш да најдеш првокласен тутун домашен природен необработен за 600 денари кило од кој ќе направиш 700-800 цигари (со се филтер) и ќе ти дојде 20-30 денари кутија квалитетна цигара
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293

можеби е така кај вас,во вашиот град.Кај нас баремјас колку што ззнам никој не купува а и не пуши качак..на пазар немам отидено последниве неколку години...така да би можела датврдам дека нема...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
можеби е така кај вас,во вашиот град.Кај нас баремјас колку што ззнам никој не купува а и не пуши качак..на пазар немам отидено последниве неколку години...така да би можела датврдам дека нема...
Вашиот град можеби егзистира во друга димензија и друго време, тутун се продава на кило во скопје со околу 700.000 жители, Битола со 100.000, Прилеп, Охрид, Крушево... 2/3 Од Македонија има на пазар тутун, машинчиња за виткање тутун, ливчиња, филтери... Можеби кај Вас сега има снег и се уште важат динари....
 
Член од
18 јули 2011
Мислења
33
Поени од реакции
15
јас откажав ги неколку дена и почна срце да ме стега, сега па почнав да пуша и немам никави проблеми.:icon_lol:
 
Или има снег и сеуште важат динарите кај нас или вие сте назад едно 100години...Или па.. баш ние сме таа 1/3 од МКД што не користи качак..
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Или има снег и сеуште важат динарите кај нас или вие сте назад едно 100години...Или па.. баш ние сме таа 1/3 од МКД што не користи качак..
така ќе да е
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
јас откажав ги неколку дена и почна срце да ме стега, сега па почнав да пуша и немам никави проблеми.:icon_lol:

Не си се потрудил доволно да ги откажеш...Дали навистина сакаш да се откажеш?Дај си втора шанса...Верувам дека со јака волја ке успееш.
И луѓе,не зборувајте како не сте можеле да се откажете.Не барајте изговори за да не ги откажете.За мене сето тоа е изговор.
Познавам примери за луѓе кои пушеле цигари со години па сепак на крај успеале.Како?Една жена заради бременоста мораше да ги откаже цигарите а пушеше како турчин...Ете и од кога се породи,поминаа три години таа цигара не стави во уста...Не знам како успеа да ја контролира желбата за цигара но кога ке ја видам ке ја прашам.Друг пример беше дедо ми,сега веке покоен...Пушеше по 4-5 цигари на ден,за на крај да почне да ги намалува.Секогаш во него имаше кесичка лути бомбони кои му помагаа да не бара цигара.Трет пример...Братучетка која пушеше претерано многу пушеше цигари...Секогаш кога ке ја гледав,ја гледав со цигара во уста.Помина некој период од кога почна...Ја прашав еден ден дали размислува да прекине со тоа?Не ми даде никаков одговор...Следниот ден го поминав цел со нејзе...Не запали ниту една,ја факаше мала криза но успеваше да се контролира...Помина една година од како ги остави...
Во мегувреме истиот муабет овде на темата го водев со една моја долговечна пријателка...И реков:Ти си луда,зошто не ги оставиш.Бев загрижена за нејзиното здравје благодарение на цигарите...Ми вели не сакам и не можам да ги оставам...таа си беше реална,ми кажа дека не сака да ги остави,немала желба за такво нешто...
Така да луге сметам дека најважна е желбата овде...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.210
Поени од реакции
11.000
Се мислам да ги откажам али сакам да пробам со електронските цигари, мислам така би било полесно :)

маката е што не ми се оставаат, неам никаква причина за тоа, едино што се штетни по здравјето :oops:
 
А

Атомската мравка

Гостин
маката е што не ми се оставаат, неам никаква причина за тоа, едино што се штетни по здравјето :oops:
Поголема причина од оваа да ги оставиш поради здравје нема :) само јака желба и карактер и може да се откажат.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.210
Поени од реакции
11.000
Поголема причина од оваа да ги оставиш поради здравје нема :) само јака желба и карактер и може да се откажат.
абе неам уште здравствени проблеми и несакам, едноставно неам јака причина..
друго е да ми речат еј мораш да ги оставиш или ... така у моментот ги оставам :sneaky:
 
Член од
18 јули 2011
Мислења
33
Поени од реакции
15
види јас не се трудив да ги откажам чисто така 5-6 дена, ама седнав да пијам и па почнав да ги пушам. А за откажување имам ги 2-3 пати откажувано еднаш три месеци не пушев, али седнав алкохол да пијам и ајде пак, а ако пушам веќе 8-9 години мислам дека да земам ке ги откажам со голем инат.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Јас во последно време почнав многу да пушам, по 2 - 2ипол кутии на ден а тек сум 21 година. И самиот знам дека не е добро ама ете се навикнав на нив бидејќи пушам веќе 7 години и неосетно палам цигара една по друга. Почнав да осеќам и промени во здравјето, изгубив кондиција, јадам еднаш или двапати во денот колку да можам пак да пушам цигари и воопшто не сум физички активен, на забите долните предни заби почнав да добивам забен камен и кога бев на стоматолог ми рече дека тоа е само од преголемата доза на никотин и други отрови што секојдневно ги внесувам во организмот од цигарите. Се обидов неколку пати да ги откажам бидејќи сум свесен дека може да си направам многу поголеми проблеми од нив, дури да добијам и некоја хронична болест или недај боже нешто уште полошо ама безуспешно, по неколку дена пак почнувам да пушам. Во последно време се почесто размислувам да побарам професионална помош од лекар или психијатар за да престанам да пушам бидејќи вака не оди добро. И што ми е најинтересно е фактот што и на толку многу пушење и јадење само еднаш или двапати во денот мојата телесна тежина постепено се зголемува, пред 5-6 месеци бев 86 килограми, пред 1 недела се мерив и сум покачил на 92 килограми, што малку ме буни и ми е нејасно од каде тоа. Обично луѓето кои пушат цигари се послаби поради фактот што цигарите содржат отрови од кои го губиме апетитот и јадеме многу ретко, што е случај и со мене, меѓутоа има и други работи кои влијаат на телесната тежина и многу голем процент на пушачи се послаби. Ако некој знае солиден и проверен начин за како да се откажам од пушењето нека каже, бидејќи работава не е на арно. И уште нешто, најинтересно од се ми е дека кога сум во просторија каде има и други пушачи нивното пушење и миризот на нивната цигара или воопшто чадот од сите нив ми мириса и на мене самиот одвратно, а додека пушам јас цигара тоа не ми е секогаш проблем... ПС: Додека го пишувам постот ја пушам третата цигара со утринското кафе.
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000

Kajgana Shop

На врв Bottom