Јас во последно време почнав многу да пушам, по 2 - 2ипол кутии на ден а тек сум 21 година. И самиот знам дека не е добро ама ете се навикнав на нив бидејќи пушам веќе 7 години и неосетно палам цигара една по друга. Почнав да осеќам и промени во здравјето, изгубив кондиција, јадам еднаш или двапати во денот колку да можам пак да пушам цигари и воопшто не сум физички активен, на забите долните предни заби почнав да добивам забен камен и кога бев на стоматолог ми рече дека тоа е само од преголемата доза на никотин и други отрови што секојдневно ги внесувам во организмот од цигарите. Се обидов неколку пати да ги откажам бидејќи сум свесен дека може да си направам многу поголеми проблеми од нив, дури да добијам и некоја хронична болест или недај боже нешто уште полошо ама безуспешно, по неколку дена пак почнувам да пушам. Во последно време се почесто размислувам да побарам професионална помош од лекар или психијатар за да престанам да пушам бидејќи вака не оди добро. И што ми е најинтересно е фактот што и на толку многу пушење и јадење само еднаш или двапати во денот мојата телесна тежина постепено се зголемува, пред 5-6 месеци бев 86 килограми, пред 1 недела се мерив и сум покачил на 92 килограми, што малку ме буни и ми е нејасно од каде тоа. Обично луѓето кои пушат цигари се послаби поради фактот што цигарите содржат отрови од кои го губиме апетитот и јадеме многу ретко, што е случај и со мене, меѓутоа има и други работи кои влијаат на телесната тежина и многу голем процент на пушачи се послаби. Ако некој знае солиден и проверен начин за како да се откажам од пушењето нека каже, бидејќи работава не е на арно. И уште нешто, најинтересно од се ми е дека кога сум во просторија каде има и други пушачи нивното пушење и миризот на нивната цигара или воопшто чадот од сите нив ми мириса и на мене самиот одвратно, а додека пушам јас цигара тоа не ми е секогаш проблем... ПС: Додека го пишувам постот ја пушам третата цигара со утринското кафе.