Добро, мене ме интересира кои се позитивните страни........според тебе.
Браво за песнава кај ја ископа ме врати у средно''позитивни страни''
кој е глуп нека пуши, нека се труе и фрла пари
Нема врска тоа шокови глупости,ако некад стварно решиш да откажуваш цигари прва грешка што ја прават пушачите е тоа "пополека",веруј никад нема да ги откажеш,еве и мајка ми така успеа да стигне до 2,3-4 цигари на ден,али неможе целосно да ги батали.Од друга страна тато пушеше не ко турчин,ко оџак буквално,едно сабајле му скисна,ја згужва кутијата,ја џитна и еве веќе 12 години нема цигара стаено у уста.Во врска со бременоста како што напоменав погоре мајка ми е пушач,а за тек на бременост воопшто не пушела,а ко што гледам горе-доле сум нормален,така да немај гајле.јас пушам од 7 одделение, со една другарка заедно почнавме. пробав да ги откажам пред некоја година и не можев, стигнав само до 5 цигари дневно. моментално пушам по кутија (горе доле) дневно. е сега ако има некој од вас да даде совет како да се откажат цигарите, пишете обавезно.
сакам да ги откажам оти едноставно доста е.
другарка ми ме заеба, си роди дете пред некоја година и ги откажа. е сега знам и јас ко ќе бидам трудна нема да пушам, ама јас сакам и предходно да ги оставам, велат било шок за организмот и за бебето ако наеднаш ги оставиш цигарите за време на бременост.
затоа луѓе пишете чариња за откажување од цигари. дај нека даде мислење некој бивши пушач, нека подели искуство како му било...
ама многу е убаво кафенцето со цигарче, ептен...
ај сега за муабетот едно цигарче да си запалам
Памтам едно сабајле стариов мој душата низ шоља ја извади,од тогаш ај што он прекина почна по сите други пушачи у куќа да црека и да ги брка на тераса хахахаСовет за откажување: Отрујте се некоја вечер со цигари и алкохол до таа мера да кога ќе се разбудите сабајлето да си ги исплукате и белите дробови и џигеротМене ми успеа ја фрлив дента пола кутија и дадов беса па еве до ден денешен сум чист 14 години
![]()
Добро, и кај мене во фамилија имам пушачи, сè e тоа во ред што го пишуваш, мерак да, и они го говорат истото, јас на пример сум пробал и тоа неколку месеци во основно ама после ги откажав, јас не почувствував никаков мерак ниту пак задоволство, мене дури и ми пречеа после тоа некако одвратни ми доаѓаа.Тоа не можам да разберам.Lifebinder
Што е поентата да ви објаснувам зашто јас уживам во цигарите? Ако не сте пушачи (и под пушачи мислам на стварни пушачи, не на „палам цигара еднаш неделно на искачање и пола ја кашлам, пола онака ја тресам“) нема никогаш да разберете. Треба да ви зборувам за филингот на нова кутија цигари во рака? Да ви го опишам моментот на цигара и кафе од сабајле? Вкусот на првиот дим од самошто запалена цигара? Цигара после јадење, после секс? Цигара после работен ден, пред спиење, уз добра пијачка, како мерка за време, како желба? Самиот ритуал на палење цигара?
Нема поента. Мерак е во прашање, кеиф е, задоволство е![]()
Добро, и кај мене во фамилија имам пушачи, сè e тоа во ред што го пишуваш, мерак да, и они го говорат истото, јас на пример сум пробал и тоа неколку месеци во основно ама после ги откажав, јас не почувствував никаков мерак ниту пак задоволство, мене дури и ми пречеа после тоа некако одвратни ми доаѓаа.Тоа не можам да разберам.
За мерак дека создаваат говорат многумина, ама здравствено ама баш ништо немаат позитивно во себе.
Да не навлегуваме во тоа какви сè негативни страни имаат (здравствено) цигарите, тоа се веќе стари приказни на кои сите им се познати, јас на пример искрено не можам да го разберам она на еден начин „присилно“ пушење кај младите.„Ако другарите пушат, тогаш морам и јас да пушам“ - според ова мото се водат повеќето, не поради тоа што им причинуваат задоволство цигарите.Тебе ти претставуваат задоволство, на повеќето им претставуваат повеќе како метод за „цепидлачење“ пред друштвото.И после некое време кога ќе ја стекнат таа зависност, тие наеднаш почнуваат да се каат, не можат да ги откажат, па лупаат глава во ѕид зошто почнале да пушат и така натаму.
Мене тоа најмногу ми оди на нерви.Прост Македонец, ако он дознае преку некоја телевизија дека е во мода да се облечеш како кловн тогаш сите се облекуваат како кловнови и се однесуваат како такви низ градот.Тоа како да ни е наследен генетски код, енграм од психата.
Ако е во мода да се шеташ со дилдо на главата, тогаш сите се шетаат наеднаш во Скопје со дилдоа на главата.Истото и за цигарите...
Стрпи се и ти малце,неможе тоа така.Треба асален пушачки стаж да начукаш за да почнеш да риеш ко 90 годишна баба,не иде тоа кашлањето така брзоШо пушите вие бе Кварнел од 20 денари?Ја никогаш од цигари немам кашлано.
Да многу работи не чинат, но има разлика помеѓу многу штетни работи и помалку штетни работи.Ако е за тоа и воздухот го дишеме; и тој е штетен но не можеме да го споредуваме со цигарите.Тоа е така, ама не можеш такви споредби да правиш.Ризикот да добиеш рак сигурно дека не е поголем кај џанки храната.......ако одиме во екстреми тогаш подобро е уште сега да си го завршиме животот сите ние, зошто сè е штетно, во нашата околина.Здравствено многу работи не ни чинат, па ипак ги правиме. Почни од џанк фуд, заврши со што сакаш - све тоа хаотично се одразува на нашето здравје.
Сите пушачи почнале од љубопитство или ради друштво. Никој не почнува ради потреба од цигара. Јасно ми е мене дека цигарите се штетни, дека предизвикуваат зависност, дека некому не му мирисаат убаво итн, али мене ми се убави. Сега, после години пушење не ги давам, не ги откажувам. Не е само до зависноста, пак ќе повторам - до филингот е. Не очекувам да разбереш каква е таа тројка - пушач, цигара и упаљач.
И не можеш пушачите да ги ставиш во категорија прости Македонци. Прво, не пушат само Македонците. Второ, нема врска со просто или сложено, туку со убаво ми е - не ми е убаво.
Да многу работи не чинат, но има разлика помеѓу многу штетни работи и помалку штетни работи.Ако е за тоа и воздухот го дишеме; и тој е штетен но не можеме да го споредуваме со цигарите.Тоа е така, ама не можеш такви споредби да правиш.Ризикот да добиеш рак сигурно дека не е поголем кај џанки храната.......ако одиме во екстреми тогаш подобро е уште сега да си го завршиме животот сите ние, зошто сè е штетно, во нашата околина.
За почнувањето во ред, тоа е друго и јас сум пробал нели, од љубопитство, ама има некои кои после тоа и покрај тоа што не им чинат задоволство, они пак на пример продолжуваат да пушат цигари зошто другите пушеле од неговото друштво, иако не му чинат задоволство.И после тоа истите тие после неколку години се каат.Ти на пример не се каеш, но има случаи каде луѓето се каат што пропушеле.
Зошто ти сега не се каеш? Јас имам пријатели кои ги слушам како и самите ми велат: „Добро е што не си почнал“ или пак „Бегај подалеку, само си наштетуваш на здравјето“.
Мене тие луѓе не ми оставаат простор за ништо друго да заклучам освен тоа дека пушеле сосила после тоа и тоа не поради задоволство, туку колку да се „најдат“ во нивното друштво со нивните другари.Зошто инаку после тоа да се каат, ако продолжиле да пушат само поради тоа што тоа им претставувало задоволство?Тие цигари на нив и ден денес ќе им претставуваат задоволство, како што е случајот со тебе на пример.
Јас за тоа говорам, инаку од љубопитство сите ние сме почнале, сме пробале, ама на мене пример не ми претставувало задоволство после тоа и ги оставив на страна, кај други луѓе тоа не е така.