За колку пари би живеел во Македонија?
Кај мене е малку поразлично денеска. Пари веќе не се главниот мотиватор.
Пробав пред 4 год да живеам во Скопје кога мојве се пензионираа ама издржав едвај 5 месеци. Имам доволно за да сум комотен и да неморам да се замарам со пари ама проблем е што сите окулу мене се замараат и само бистрат политика и некој толку нерелевантни муабети што мене ми се глупи па дури и напорни. Истите муабети се вртат како на лента со години и години. Што знам може да сум таму израснат и да зависам од партиите како повеќето би имал разбирање ама јас не зависам од никого и мене тоа не ме тангира за да мора секој ден истото да го расправам. Башка што јас сум свесен дека тоа се празни муабети и нема никаква корист од тоа. Другарите од детството денес имаат фамилии и се зафатени. Финансиски не се доволно моќни ни приближно да ми парираат и иако не е проблем јас да плаќам после 2-3 пати се гледа дека им е незгодно и дека не е тоа тоа. Од друга страна тие што имаат пари не ги чуствувам блиски и исти курац ми се они или некој странци на друго место.
Пробав и бизнис да отворам. Ме молеа со години пред тоа роднини и другари да отворам нешто и да им помогнам на нив. Тоа е приказна за себе, дел сеуште функционира ама у куси црти тие што највише ме молеа, беа најплатени и ми ветуваа дека се ќе средат и дека јас нема да мора со ништо да се замарам ме заебаа па морав на крај да се снаоѓам како знам за да не изгубам и пари и репутација.
Друга работа тогаш немаше излез (летови, сега е подобро) нема асален ноќен живот, нема асални ресторани едноставно нема каде да уживаш во тоа што си го стекнал. Почнав да размислувам каков базен да правам за да ми биде позабавно дома и каква сателтска да ставам и некој такви глупости. Кога почнав да цртам скици за базен и кога ми се случија глупостите со бизнисот сватив дека не сум јас сеуште за Скопје. Едносмерно до Лондон а од таму за Манила и тоа беше тоа.
Тешко е да се објасни тоа ама за да се вратам назад мислам дека треба повеќе луѓе од надвор да се вратат и да имаат слични сваќања на мојте со кој би можел да се дружам. Добро е што тоа почнува да се случува, овие 2год имам 3ца другари од што се вратија во Скопје и гледам се држат добро. Има повеќе летови за кога ќе ми пукне филм да идам да искулирам некаде. Сега полека станува ОК можам да се видам назам во Скопје ама сега имам и подруги очекувања и поразчно би си го организирал животот него првиот пат, сега сум малку поискусен и пореално можам да проценам што и како може од Македонија. Последниве 3 год секоја пролет сум во МКД да се видам со мојте и ми е добро некако таман. Неколку месеци и магла