Еххх пребплување е гадна работа ама па баш у тие ситуации се гледа кој е слина личност. Како и да е мора да пројде одреден интензивен бедиран период кадешто не правите ништо, само спиете, не јадете животот ви нема смисла....Кај дае ќе ви текне у глава дека е крај , дека другиот не те зслужува , дека едноставно не сте еден за друг. Тоа ќе го сфатите кога ќе го допрете дното, во зенитот на вашето бедирање. И од тој момент идете само на подобро. Она што ми го кажаа мене кога раскинав е следновоvreme leci se, life goes on! 6‘ збора а колкава мудрост содршат во себе. Жива вистина, само за да го разберете ова треба да поминете низ ова. Е сега нешто што мааалце кочи, барем мене ме кочи е искуството. Колку и да си мислам дека е готово, не можам да гарантирам дека е дефинитивно готово, зашто некои работи не зависат од нас. Животот е чудна работа, не знаете што ви носи!
Инаку јас не филозофирам,.....зборам од лично искуство -раскинување на 5 годишна врска која мислев дека нема шанси да заврши. Ам тоа ти е живот.
.Еве јас си терам 9-ти месец без да го заборавам тој што го сакам(
иако веќе никогаш нема да бидеме заедно)...гадна работа е тоа...
Постов на Скулгрл е стар две години , ама во врска со болдираното сакам да раскажам една преубава приказна .Поентата на приказната е никогаш не вели никогаш!!!
Другар и другарка идат 3 години, љубов што да ви зборам. како од бајките се најнај за нив. После некој период почнуваат да паѓат у криза, се караат се оддалечуваат и ..раскинуваат!!! И тоа на многу гаден начин! И двајцата беа убедени дека готово...дојде крајот на нивната врска и на нивната љубов. После раскинувањето и двајцата започнуваат нови врски.....кои траеја 4-5 месеци. И веќе и ние од страна што не ни се веруваше си се помиривме со фактот дека нивното заврши.
После 6 месеци во кои они еднаш не се виделе нити слушнале на телефон , случајно се сретнуваат во Солун! И во истиот момент сфаќаат дека и двајцата се сакаат сеуште(ова е цитат од нивни изјави). отишле на кафе, па се шетале па на ручек и завршиле водејќи љубов. Од тогаш поминаа 2 години, а они се сеуште заедно , се сакаат позаљубени се од кога било. и она најбитното....самите они викаат дека раскиувањето им ја зајакнало врската после.
Што е поентата на приказнава.Не можеш да кажеш готово е! Човек си се работи за љубов , и не ожеш со сигурност да знаеш како ќе сечувствуваш во иднина. Но тоа не значи дека после раскинувањето треба да чекате таков момент. Вие мора да продолжите, зашто можеби веќе следната девојка е вашата вистинска љубов.
Тоа е живот, нема правила!