Научи се прво да додаваш човек на кому му се обраќаш, за да добие нотификација.
Друго, нема да добиеш објаснување за тој стих бидејќи ниту ти не даде објаснување, а јас не мислам да те подучувам. А и не ми се допаѓаш како форумски член, инаку ќе го скокнев првиот услов зошто да не ти објаснам.
Доволно ти беше дека треба да научиш за каков страв се работи и од која причина токму тој страв е почеток на Хокмах (Мудрост).
И да, пробај да дознаеш од тие „рабини“, кои ти се тебе исти со поповите желни за ракиичка, а кои реално ти го дадоа богот за кој гледам се расфрлаш наоколу низ форум со еврејско-христијански фрази, за какво разбирање се работи: Бинах, како божествено разбирање или пак разбирање во рамките на Руах (интелектуално разбирање), бидејќи види, не пишува Бинах ами
שֵׂכֶל טוֹב . (shekel tov) . Така ќе знаеш што значат овие стихови.
И ти бараш да ти откријам нешто што треба тоа самиот да го направиш за да бидеш поблиску до твојот хиероглиф за бог?
Не ти требам ниту јас ниту било кој како посредник помеѓу тебе и боговите. Фаќај се да работа. Не само да креваш бучава низ форумите...
Ти реков, замислувањето на рај и пекол е лесно, другото е тешко и го тера човекот да одстрапи од патеката. А такви сте многу.
Не, ќе мора сам да си ја испразниш чашата (што би рекле
OSHO-Lover,
Bodhidharma, па и
Gurdjieff) и ќе си ги решиш лавиринтите сам.