Тешко дека некад марихуаната ќе му се здосади на некој и ќе помине на потешки дроги,ако знае дека легално може да ја добие.
Тоа е само мит,пласиран од противниците на канабисот.
Ако некој влегол во потешки води,тоа не е директно поради марихуаната,туку поради нејзиниот нелегален статус,а еве и зошто се случува тоа:
Да речеме дека некој сака да дува марихуана.
За да ја добие,мора да влезе во одредени кругови и да се запознае со дилери.
Тука настанува проблемот.
Кога ќе влезе во таквите кругови(во обид да купи канабис),тој автоматски станува опкружен со многу потешки дроги,бидејќи дилерите не дилаат само канабис туку и се останато.
Со самото тоа што влегува во контакт со тие потешки дроги,индивидуата ги прифаќа како нормални и почнува да ги конзумира.
Тоа е причината што марихуаната ја нарекуваат отскочна даска кон потешките ствари.Во суштина,марихуаната не е крива за ништо.
Доколку била легална и би можело да се купи во специјализирани продавници,тогаш секој ќе може да ја купи таму и НИКОЈ нема да биде изложен на потешки дроги,па на тој начин,тие ќе престанат да се конзумираат.
Втора работа,забранетото овошје е секогаш послатко.
Затоа мали деца ја пробуваат марихуаната.
За да покажат дека се бунтовни или фраери,дека немаат страв и слично.
Поентата е дека,со ваков нелегален статус,секој може да ја набави марихуаната,без разлика дали е малолетен или не.Дилерите не бираат возраст.
Кога би била легална,би имало забрана за продажба на лица под 18 години.
Тие што се полнолетни,имаат право да одлучат сами дали ќе земат такво нешто или не.
Со стандардизација на канабисот,ќе се оттргнат многу негативни појави од општеството-дилерството како прво(зошто некој да ја купува на нелегален начин,кога може да ја набави без никаква опасност).
Друго,може до утре сабалје да се сере дека канабисот е штетен,па затоа не е легален,но да бидеме реални:Алкохолот и тутунот се далеку поштетни.Зошто тие се легални?
Зошто никој не смее да ги забрани нив?
Алкохолот уништува семејства.
Расипува луѓе до нивната срж.
Предизвикува сообраќајни несреќи.
Индуцира насилство.
А сепак,сеуште е легален.
Зошто?
Бидејќи никој не смее да оди против милионската индустрија што го произведува.
Дури и кога некој би се обидел,би бил потплатен за да се откаже или во краен случај-убиен.
Затоа,многу е полесно да се најдат други(многу понемоќни) виновници за девијантноста и расипаноста на општеството и да се обвинуваат и гонат тие.
И нормално,во оваа пресметка влегува канабисот,затоа е и забранет.
Ова не е некакво оправдување,ова е чиста реалност,која одбиваме да ја видиме,бидејќи е многу полесно да се рече:Остај го бе вој,џанка е,не знае шо зборуе,само се правда,отколку сериозно да се седне и да се разгледа на што укажуваат чистите факти.А тие се:
1.Никој,ама баш никој,не смее да забранува растение кое потекнува од природата,бидејќи неговото постоење воопшто не зависи од човекот.
2.Алкохолот и тутунот носат илјадници мртви секоја година.Да не зборуваме за малтретираните жени и деца-а сепак,никој не ги забранува.
3.Никогаш,никој не умрел од марихуана.
4.Да бидеме реални,властите ги заболе газот за нашето здравје,тоа е последната причина зошто марихуаната би била нелегална.
5.Ако се легализира,канабисот може да има широка употреба(и притоа не мислам на конзумација,туку на употреба во индустријата).Но секако,ова би одзело дел од пазарот кој го држат останатите индустрии(памук,хартија,лекови итн),а тоа не милионерите не смеат да си го дозволат,бидејќи губат профит.
6.Никад нема да се освестиме,се додека веруваме во медиумски пласирани лаги.
Ако веќе некој сака да суди за нешто,прво нека го проба сам,па нека оценува од лично искуство.Така е најреално и најобјективно.
Legalize it!!!
Хаха,не биди толку сигурна за тоа:back: