Моментално најсигурниот начин на конзумирање канабис е преку Vaporizer.
Ова е направа,која го загрева растението до одредена точка,но не го гори,како што тоа е случај со пушењето на истото.
Самото име наложува на тоа:
Vaporizing=испарување.
Поентата на ова е тоа што,при ваквото загревање,не се постигнува доволна температура за да се ослободат штетни гасови(катран,јаглерод диоксид и слично),а сепак таа температура е оптимална за ослободување на активните состојки од растенијата(велам растенијата,бидејќи Vaporizer не се користи само за конзумација на марихуана,туку на широк спектар од различни видови медицински растенија).
Како и да е,ова е најнештетен начин на конзумација.
Далеку е побезбеден од цигарите и од пушењето на канабис,бидејќи во телото се внесуваат многу помалку отрови.
Друг битен елемент е неговата ефикасност.
При пушење канабис,голем дел од THC се уништува во процесот на горењето.
Всушност,кога се пуши,ние добиваме отприлика 20% од целокупната содржина на THC.
Со Vaporizer,се ослободува голем дел од активната состојка,па на тој начин е потребна многу помала конзумација.
На пример,ако по пат на пушење е потребен еден грам марихуана за да се постигне саканиот ефект,при испарување е потребно само околу четвртина грам,што е далеку помала количина.
На запад,оваа направа е широко користена,и се продава скоро насекаде.
Активистите за легализација се надеваат дека токму ова ќе биде нивниот главен адут кој ќе докаже дека канабисот има повеќе позитивни страни,отколку негативни.
Нормално,како и се останато на светов,има свои лоши страни и никој не го негира тоа,али сепак,не треба да се заборават и позитивните.
Постов не е за дебата,туку бидејќи темава е за марихуана,мислам дека треба да се знаат начините на кои таа се конзумира на запад,во земји далеку понапредни од нашата.
Еве и по некоја слика:
Ова е најпознатиот Vaporizer во светот,наречен Volcano.
И веројатно најдобриот од сите на пазарот.