Ако се претера со било што, па нека е зелен чај слеш папаја слеш алое вера слеш еликсир на животот, не е на арно.
Ганџите ако се уживаат со подолги паузи помеѓу сесии, се совршено безопасни.
Нормално, таму е и кваката. Многу луѓе кои немаат што да прават во животот, почнуваат опсесивно да дуваат, очекувајќи дека "интересноста" која ганџата како филтер ја поставува помеѓу нив и реалноста ќе ја пополни празнината која ја носат во себе.
Се разбира, ова не е светот на бајките, па нормално е ако си говедо без усул да развиеш толеранција, да се затапиш, да станеш апатичен, спор и со пореметена краткотрајна меморија. Да не збориме за attention span-от колкав ќе ти биде. Збориме за муле со блед поглед овде.
Исто така, нуспојава при она што веќе ќе го наречеме ЗЛОупотреба на ганџите е запоставувањето на повеќе битни сфери од твојот живот, како личната хигиена (ургх, ме мрзи да се туширам), академската сфера (абе, утре ќе фатам испит, сеа ми зуи у глаа и *зев* ми се дреме), комуникациските способности (еј, пеер, абе.. уствари шознам) итн.
Заклучок: Ако веќе некој се дружи со ганџите, нека тоа биде одговорна, претпазлива и крајно спорадична дружба.
Искрено Ваш,
Проф. д-р. Мурго Де Шит