Без кондом ништо. Заеби убаво, неубаво, не вреди да закачиш нешто.
Знам дека јако се рокаат по Македонијата сите без кондоми, али малце памет во глава.
Што ако се онадиш без кондом, да, поубаво е, али последиците од тоа можеш да ги имаш после цел живот.
И не зборувам само за бебиња, си има тука цела нишка на венерични заболувања. Ај да не ја споменувам сидата, бидејќи демек е ретка и мала е шансата да ја фати некој, али што станува со сифилис, гонореја итн. Знаете дека сифилисот додека биде откриен, може да предизвика непоправливи пореметувања во нервниот систем и и да не продолжувам.
(заборавив да споменам хепатитис и неговите подвидови.. поподмукла билест од него е само сидата.. и да и тој се пренесува преку сексуални односи)
Јас не сум некој пуританец, далеку од тоа но моето мислење е -не си играјте, ако се сексате, машките кондоми, жените апчиња, дијафрагма или спирала и навикнете се да уживате со нив. Немојте во 21 век да сте неедуцирани и да ги занемарувате проблемите кои потенцијално може да се случат.
Уште еднаш ќе кажам, не вреди човек да ризикува.