Како САД ја срушија Југославија

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Што му фалеше на народто патуваше без визи, работеше и имаше лице пред светот кога ќе се спомнеше Југославија сите гледаа на нејзе како на воена и политичка сила не само во Европа тку со неврзаните и во светски рамки. И далеку беше Југославија од комунизмот во сателитските земји на СССР како Бугарија или Унгарија, Полска Чехословачка... Знаеш како ти е тоа голем си моќен си никој ништо не ти може. Што е Македонија денес? За што се бори народот кога идеологиите се диктирани од надвор како ќе ти кажат така ќе тераш. Народот во Југославија беше среќен и тоа е вистината а најмногу боли тоа што Америте со нивната пропаганда ја претставија Југославија и пред се балканот како место за жаришта дека луѓето меѓусебе не се сакаат ради различности што не е точно бидејќи тие жаришта тие ги направија заедно со два-тројца будали на власт како Милошевиќ итн тие ги потпалија националистите додека се фаќаше во матно... Ако народот во ЈУ без разлика на народностите и верите можеа да се држат заедно го можеа тоа и по 1991 ама на некој тоа сценарио како што кажав неколку пати од политички аспект не му одговараше Југославија да премине во демократско општество ќе беше уште посилна и поконкурентна земја. Сега на расцепкани територии лесно да се прават главни босови.
Какви Амери бе човек сама од себе си пати СТОКАТА БАЛКАНСКА. До кога ќе ни бидат сите други виновни? За кои „моќни„ години зборуваме? Па 5 години по војната се бркале со остатоците од балисти/четници/усташи, па уште 5-10 години на обнова кога никој ни на плата не помислувал, па неполни 20 год. после војната одат нашиве на печалба кај најголемите душмани, од 66-та и Бриони ти започнуваат судирите федерација vs конфедерација, па ги имаш МАСПОК и уставот од 74-та, па малце паричка од кредити и од 84 пак во круг - стабилизација и инфлации. Републиките сами се задолжуваат, а државата „враќа„ или поточно луд јебе збуњеног ситуација. И после америте криви.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522

Што мешаш 66та и економска ситуација па божем денес е подобра економската ситуација со вештачката криза која е повторно производ на САД. Па тука збориме за периодот од 1991-1999-2002 и тоа какви надворешни интереси влегоа во игра. Ситуацијата по втора во социјализмот најразвиена беше Југославија па направи споредба со гореспоменатите комунистички држави.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.330
Поени од реакции
7.077
А за народот кој небеше "пресреќен" државата се погрижи да имаат сместување на острови како голи оток.
Истава логика и радикален исламист ќе ти ја каже за шеријатот како е многу добар и како можеш да бидеш пресреќен, само да не се противиш на власта....а за оние што не се "пресреќни" ќе им летнат главите.
нема совршен систем ниту идеологија спроведена досега,главно граѓаните на СФРЈ уживаа во многу поволности,поволности кои како народ (а не поединец ! ) може да ги сонуваме
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Со распадот на берлинскиот ѕид за САД и Германија од пресудно значење беше моментот да фатат контрола во регионот. Тоа си го искористија и преку банкарскиот систем. Пишав во воведот дека менувањето на граници беше забрането со декларација од ОН ама во 1991. се случи значи Југославија во еден период во таа година раководството чекаше дали СССР ќе ја прифати демократијата на западот откако тоа не се случи јасно беше дека се инфилтрирани интереси од надвор да се растури државата на неколку дела за да се имплементира демократија. И уште една работа велиш односите во 80тите биле на високо ниво, беа бидејќи постоеше СССР во моментите кога СССР падна САД немаше противник и јасно беше дека ќе тргне кон приграбување на териториите, СССР го држеше комунизмот и воената сила СССР немаше политичка моќ да прифати демократија и да ја имплементира се базираше на воена индустрија. Со распадот се падна во вода и прашање на време беше кога во едно мултиетничко општество ќе испливаат конфликтите за интереси. Значи тука ако збориме за инфилтиррање на надворешни сили за растурање на Југославија моментумот е од 1991 па натака а не пред тоа.
Надворешни влијанија има секогаш и секаде, прашањето е само со колкав интензитет. Поентата е дека во таква Југославија и не требаше многу влијание за да се растури работата. Збориме за збир на народи каде секој секого колел со години до 45та и оп, една година подоцна „братство единство„. Па кој е тој што ќе заборави дека комшиите го заклале брат му/чичко му сосе фамилијата, макар знаел дека биле усташи/четници/балисти? 2-3ца будали не ги направија сите тие масакри пред 20 години, само овозможија услови за тоа. „Братските„ народи ја завршија работата.
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 00:42 ---
Што мешаш 66та и економска ситуација па божем денес е подобра економската ситуација со вештачката криза која е повторно производ на САД. Па тука збориме за периодот од 1991-1999-2002 и тоа какви надворешни интереси влегоа во игра. Ситуацијата по втора во социјализмот најразвиена беше Југославија па направи споредба со гореспоменатите комунистички држави.
Некако се бркаме со постовите :D.
Нормално дека ќе мешам 66-та затоа што темата е како е срушена Југославија. А таа не се сруши преку ноќ од земјотрес туку во процес. Процес кој е започнат многу пооддамна. Или како што кажа некој пред мене да ја бивало немало да се сруши.
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 00:48 ---
22 милиони пресреќен народ не е мала работа,развиени сите индустриски и прехрамбени гранки,научни институции,војска на високо ниво,здравство за тогашно време на многу високо ниво(денес не е ни четвртина од тоа,зборувам за државни болници),школство во кое даскалите и професорите се почитуваа од сите,сите користат два годишни одмори и да не набројувам има уште многу позитивни работи........
Дури сега видов дека си ме цитирал, некако се залауфавме со Supervisor па го промашив постот.

Нормално дека имало доста позитивни работи, болдираното секако спаѓа во нив. Само еве, „пробуваме„ да ги најдеме причините за распад.

П.С. Со ова денес не ни мислам да споредувам, ама не заборавај дека во овие 20 години транзиција „не водеше„ кадар школуван баш во тој систем. И не се мрдаат барем уште 10-20 години.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.901
Сите (скоро сите) федерации низ историјата кога-тогаш се распаднале.Едноставно тоа не функционира.Западот само ја подгурна поделбата. Ако прашањето е зошто се распадна СФРЈ,нека ми одговори некој зошто се распаднаа и Чехословачка и СССР?
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 00:55 ---
22 милиони пресреќен народ не е мала работа,развиени сите индустриски и прехрамбени гранки,научни институции,војска на високо ниво,здравство за тогашно време на многу високо ниво(денес не е ни четвртина од тоа,зборувам за државни болници),школство во кое даскалите и професорите се почитуваа од сите,сите користат два годишни одмори и да не набројувам има уште многу позитивни работи........
Све што је лепо кратко траје -поговорка. А тоа дека бил пресреќен..искрено многу узвишено ти звучи тоа.Среќата била индивидуална.Прашај ги тие што биле невини на Голи Оток,или тие што настрадале од национализација,или тие што биле пратени од УДБА и судени безпотреба,каква била нивната среќа. За да на еден му се раздени,треба на друг да му се стемни.Секогаш е така.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
нема совршен систем ниту идеологија спроведена досега,главно граѓаните на СФРЈ уживаа во многу поволности,поволности кои како народ (а не поединец ! ) може да ги сонуваме
Тоа е лажен стандард. Исто како јас да ти земам на заем десет илјади евра, да ги трошам и да уживам неколку месеци, и кога ќе треба да ти ги вратам, вината да ја префрлам на некој друг и да се убедувам себеси и другите дека тогаш било подобро.
Инфлацијата која достигнуваше четири цифри во проценти во 80-те беше рушењето на тој лажен стандард. Да била таа економија стабилна, немаше да има таква инфлација.
Социјалистичкото раководство никогаш немало визија, стратегија и план за иднината. Економски зделки се вклучувале со земји кои биле идеолошки блиски со СФРЈ, наместо со земји кои би донеле профит.
Се одело по безброј саеми низ целиот свет, а ништо од таа технологија не се применувало, затоа што мотивот бил да се шета а не да се води бизнис.По распадот на СФРЈ, 90% од индустриските капацитети беа пропаднати, со машини, инвентар и објекти стари колку и државата во која биле.
Никогаш не се изработувале проекти за тоа какво производство е потребно. Првин се градела одредена фабрика, па потоа се барал пласман.
Сето тоа биле погрешни чекори, кој малку по малку го однесоа целиот систем во пропаст.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.330
Поени од реакции
7.077
Тоа е лажен стандард. Исто како јас да ти земама на заем десет илјади евра, да ги трошам и да уживам неколку месеци, и кога ќе треба да ти ги вратам, вината да ја префрлам на некој друг и да се убедувам себеси и другите дека тогаш било подобро.
Инфлацијата која достигнуваше четири цифри во проценти во 80-те беше рушењето на тој лажен стандард. Да била таа економија стабилна, немаше да има таква инфлација.
Социјалистичкото раководство никогаш немало визија, стратегија и план за иднината. Економски зделки се вклучувале со земји кои биле идеолошки блиски со СФРЈ, наместо со земји кои би донеле профит.
Се одело по безброј саеми низ целиот свет, а ништо од таа технологија не се применувало, затоа што мотивот бил да се шета а не да се води бизнис.По распадот на СФРЈ, 90% од индустриските капацитети беа пропаднати, со мажини, инвентар и објекти стари колку и државата во која биле.
Никогаш не се изработувале проекти за тоа какво производство е потребно. Првин се градела одредена фабрика, па потоа се барал пласман.
Сето тоа биле погрешни чекори, кој малку по малку го однесоа целиот систем во пропаст.
можеби не било совршено - но секако не било лажно........да не се самоцитирам набројав многу работи од секојдневниот живот во кои уживаа тогашните граѓани,тоа не било фикција ами стварност,за тоа има безброј материјални докази и факти

за да се изгради сето тоа рамноправно учествувале сите граѓани на државата,значи се градела инфраструктура и капацитети за сопствени потреби и производство,а не за ГАЗДИ,исто газди не го раководеле спортот кој имал значајни успеси,зборот мафија,проституција,дрога итн сето тоа биле поими од странство,војска се служело со чест и гордост итн итн

не го воздигнувам тој систем кој пропадна заради човечката природа(лакомштилук),само еве да направам споредба колку сме заостанати денес од тогаш
 
Итекако било лажно. Рамноправност имало само на хартија. Синовите на директорите се школувале на Оксворд, додека тој што работел за безпари на работни акции, имал само колку да не биде гладен.
А за национализацијата и грабежот кој стоел зад неа и да не зборам. Со кое право да одземеш некому имот, пари, накит? Зошто? Ама битно немало газди! А тоа што за обичен виц можело да се заврши на голи оток, нема врска.
Впрочем најбитниот показател за успешноста на еден систем е неговото опстојување. Тоа што вреди, опстојува, без разлика колку непријатели има.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Сите (скоро сите) федерации низ историјата кога-тогаш се распаднале.Едноставно тоа не функционира.Западот само ја подгурна поделбата. Ако прашањето е зошто се распадна СФРЈ,нека ми одговори некој зошто се распаднаа и Чехословачка и СССР?
За распадот на СССР во време на Горбачов наследи катастрофална економска ситуација додатно сателитските комунистички држави на СССР имаа отворени раце да воспостават надворешни односи содруги држави надвор од железната завеса и секако укинувањето на таа Брежнева Доктрина со која се предвидувало да се реагира воено ако комунизмот е доведен во опасност во било која од државите. Натака следеа револуции 1989, со се поголемата контрола во хаосот на условно малите сателитски држави ван контрола на СССР се окренаа владите кон растурање на социјализмот.... Горбачов немаше механизми да го сопре рушењето. Чехословачка мирно се рапсанда а не беше ништо поразлична од Полска и останатите. А интересите на западот беа големи пред се кон сателитските држави се вршеше притисок да се бутне прво железната завеса и со тоа полека да се припојат во политичка контрола подоцна кон ЕУ.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Насловот на темата е како Ротчилд ја сруши ЈУ,од овие 4 страни само неколку поста имаат врска со тоа,останатото може канта.
Има доста видеа,документарци,блогови и што уште не,кога ке се прочита и види повеќето од тоа,може да се дојде до некаков заклучок кој и зошто ја растурил ЈУ.
ЦИА има специјално обучени луѓе кои се задолжени за инфилтрирање во државите што треба да се расстурат или влади што треба да се срушат,кои си ја работат работата многу успешно,се соглсувале ли вие со тоа или не.Ротчилд династијата е навлезена во секоја гомнарија и војна у светов,што единствена цел е да се профитира и да се владее.Сите знаат дека најголем профит има од војна. Хрватска и Словенија имаа амин од Германија и САД за отцепување,знаеа дека ке ги поддржат,требаше само да се разгорат на национална база и после лесно беше.
Изетбегович имаше можност да сопре геноцид и да ја заврши војната многу порано ама не им одговараше тоа на САД па мораа да интервенираат.Изетбегович се повлече од примирјето и почнаа масакрите.После тоа бидна што бидна.
Како што рече некој погоре,уште не е завршена работата овде,допрва ќе има говнарии.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Југославија беше ненормална творевина , јас повише би поверувал дека некоја си “фамилија“ ја создала Југославија , него ли дека ја срушила.

Волци , лавови , орели , хиени , мечки ... сите на едно место. Те тоа беше Југославија.

Нетрпеливоста и крвопролевањето помеѓу овие нации не беше од 1991 , туку отсекогаш во историјата.

Затоа јас ич не се замарам кој и зошто ја уништил Југославија , добро што ја уништил , барем навреме.

Сега треба секоја нација да го најде својот Тито , нека ги средат своите држави , но и да се смират државите меѓусебно. До следната битка помеѓу: волците , лавовите , орелите ...
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
http://www.youtube.com/watch?v=PlluSBJFOHg

Еве едно од многуте видеа кои укажуваат индиректно кој и зошто имал интерес да се растури ЈУ.
Како ке наоѓам така ке постирам па правете споредба и донесете заклучок самите.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
На видеото има јасно изјаснети две точки кои се кажани и во воведов на темата.

1. Кршење на меѓународното право со кршење на Хелсиншката декларација на ОН за забрана за воено менување на граници
2. Долго планирана акција од страна на САД и Германија уште по смртта на Тито во 1980, со споменатите на почеток активности пред се на Косово за дестабилизација и на крајот на 1991 почеток за уфрлање на оружје и поддршка на радикалите и националистите да се борат меѓусебе. Веднаш признавање на Словенија и Хрватска за држави и нов терен на југот за нови жаришта кои постојано ќе се контролираат. Пример Македонија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.311
Поени од реакции
26.225
Југославија беше ненормална творевина , јас повише би поверувал дека некоја си “фамилија“ ја создала Југославија , него ли дека ја срушила.

Волци , лавови , орели , хиени , мечки ... сите на едно место. Те тоа беше Југославија.

Нетрпеливоста и крвопролевањето помеѓу овие нации не беше од 1991 , туку отсекогаш во историјата.

Затоа јас ич не се замарам кој и зошто ја уништил Југославија , добро што ја уништил , барем навреме.

Сега треба секоја нација да го најде својот Тито , нека ги средат своите држави , но и да се смират државите меѓусебно. До следната битка помеѓу: волците , лавовите , орелите ...
Југославија е создадена од династијата Караѓорѓевиќ со француска и британска помош, така да не си далеку од вистината во првата реченица. Поствоена Југославија во Јалта е најсилно поддржувана од Черчил.

Инаку, имало разговори на Југославија да се додадат Албанија, Бугарија па дури и Романија. Е тогаш ќе било забавно. Среќа Сталин и Тито се разишле навреме.

Рушењето се случило кога веќе федерацијата си ја изиграла рољата за која била создадена и ја изгубила својата употребна вредност. Но, концептот не е лош. Ако се тргне настрана делот со федерација и заеднички устав и остане само соработката.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Значи Југославија беше создадена од страна на Америка и Англија за да се има влијание на целиот Балкански регион,како и да се балансира помегу Запад и Исток.Создадена беше со туги пари,како што напишав со познатиот Маршалов план каде по тајни канали се донира на ЈУ 300 милиони долари во тој период.Статистиките кажуваат дека крајот на 50-те и почетокот на 60-те ЈУ има бруто приход по глава на население поголем и од Јапан?????

Најголемиот економски развој е почетокот на 60-те до сердината на 70-те кога се изградени најголемите фабрики во тој период.Практично Ју со туги пари се развива брзо и тоа на некого не му оди во прилог бидејки е социјалистичка земја заснована на социјалистички принципи.

Затоа Запад(читај ЦИА) упорно се обидува да ја растури ЈУ,преку уфрлување на разни групи кои го поткопуваат системот,до атентати на јавни личности надвор од ЈУ.Мегутоа не очекуваа дека стариот лисец ке го фати Третиот Пат или Неврзаните зошто му беа едниствена опција,и мислење на многу аналитичари дека токму тој пат на Неврзаните ја уништи финансиски ЈУ и доведе до нејзино распагање.

Последен обид да се создаде конфедерација е почетокот на 70-те,каде дури и Тито е согласен бидејки е добра шанса да остане пак на позиција,а и во исто време да ги реши се поголемите несогласувања помегу Србите и Хрватите кои се на најголемо ниво во тој период.

Мегутоа обидот пропага со заслуга на Србите,да Тито револтиран врши смена на доста политичари и од Српска и од Хрватска страна за да се смират духовите.Во мегувреме Неврзаните се повеке се финансиски зависни од ЈУ,која се повеке тоне во долгови бидејки за да се оддржи еден таков систем требаат пари,нели???

И доагага 1980-та.Тито умира,и сите се свесни дека со неговата смрт,умира и ЈУ.Светските аналитичари кажуваат дека за да се растури еден систем на диктатура(ако може да се нарече)треба да поминат 10 години.

Така и се случи.Веке 1981-ва Косово врие,но не поради некаква држава туку поради скратените права како покраина,а за нивна жал Косовските политичари се богатат на нивната мака.Веке се надгледува крајот на ЈУ,но лугето не се свесни....

Старата гарнитура е потрошена,нема нови свежи сили.Европа и државите во Варшавскиот пакт почнуваат да се движат.Бродоградилиштето во Гдањск,челичаната во Брно,итн,итн......

Кредити веке нема,зошто тој што гарантираше за нив не е тука.Земјата влегува во криза.Нема гориво,леб,млеко итн,итн....Словенија почнува прва да ги меша лончињата со Косово,те укинувањето на Косово како покраина од страна на Србија,за да веке почетокот на 90-те почнува крвопроелвањето на територија на ЈУ,каде се создавано 50 години е уништено за неколку месеци.........

Факт е и има на интернет информации дека ЦИА е главниот играч за растурање на таа ЈУ,прво поради факт зошто не им одговараше тој систем,а создаден од нивни пари и второ создавањето на ЕУ,каде прва членка 1991-ва требаше да биде Југославија.

Дури имаше и обиди да се смири крвопролевањето во Ју со давање на финансиски средства од страна на Германија,Австрија и Франција во износ од тогашни 7милијарди марки како и место во новата унија само да се спречи крвопролевањето,но Тугман и Милошевик како и Топурковски кои патем беа луге на ЦИА беа категорично против давање некаква финансиска помош....

И на крај што се случи???
Србија остана без територија,а како што изгледа и Војводина ке летне
Хрватска ке влезе во Еу,ама како?
Босна,ако не се Америте ке се распадне
Словенија е пред банкрот
Црна Гора како да ја нема на карта
Македонија заглавена со името.......

Сите бивши ЈУ републики се должни отприлика 200милијарди евра или помалку може грешам,што се мноооооооооооооооооогу повеке од тоагшните 22 милијарди долари кои ги имаше ЈУ како надворешен долг со развиена економија и стопанство......

Е па сега видете самите зошто се распадна ЈУ,и кој придонесе за нејзино распагање.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom