Како САД ја срушија Југославија

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Па треба големо познавање за оваа тема да се дискутира.
Нешто друго добро што имам најдено поврзано со ова е и овој изгласок кој е во сооднос со горниот клип.
http://vnnforum.com/showthread.php?t=139634 How the USA started the Bosnian War
Помина доста откога учествував во вакви теми и ќе треба време да најдам некои работи што сум ги прибирал тогаш, а досегашново кајганисување ми вика дека брзо темава ќе отиде на комити/балисти/вмро/сдс/србомани/бугарофили и дека џабе ќе биде маката:D . Ама ајде, да се преправаме дека сум згрешил и да и дадеме шанса на темава ;).

Линков се однесува на 92-ра. Тоа можеби е почетокот во Босна, ама во суштина почетокот на распадот на Југославија е... па таму негде при самото формирање. Само потсети се дека во неа влегуваат народи кои векови пред тоа биле под влијание на различни култури и дека веќе се самоосознаени како народи (ако се сложиме дека Србите и Хрватите беа носители на СФРЈ).

Ама за ова подоцна. Бидејќи акцентот беше на Американците ќе почнам со нив. Нормално дека не се светци и уште понормално дека гледаат да излечат ќар од секоја ситуација. Како што е нормално и сите други да го прават тоа, секој во рамки на своите можности. Чудо е интернетов, има еден куп извори и линкови, ама јас ги претпочитам официјалните извори. Ајде да видиме како Вашингтон гледа на СФРЈ во 80-тите
http://i1212.photobucket.com/albums/cc442/Bulduk1/USkonYU1984_zpsad11a83c.png

Сосема спротивно од убедувањата на сега соседни, а порано братски народи, Америте во тоа време не пијат крв за доручек и не легнуваат секоја вечер со мисла како да ја рушат СФРЈ. Нормално, не ни сечат вени за нас. Докажано практични, ја гледаат Југославија како АЛАТКА против СССР односно пример за државите блиски на него дека со дистанцирање од СССР и добри односи со западот може убаво да се живее. Економската криза во СФРЈ е криза и за нив, односно закана дека овој џокер ќе го загубат.Нивни ИНТЕРЕС е Југославија да биде финансиски стабилна.
Мотивите не им се баш од хуманистичка природа, ама никој не може да им забележи за тоа што си ги штитат интересите. Посебно ако тоа во тоа време ни одговарало и нам.
 
Член од
26 февруари 2013
Мислења
8
Поени од реакции
7
Овие се паметни ѓубриња,удараат на земјоделие,воздух,вода,млеко...на све живо што се конзумира секојдневно,и тоа се под плаштот на демократизација и приближување кон еу,пак ќе го цитирам Ј.Петрушиќ-"Њима треба земља без народа".
bas mi e milo sto ima nekoj sto razmisluva i so koj imam slicni mislenja pa malku li ne trueja so pticji svinski gripovi ludi kravi sap i ligavka za razlika od niv nie sme iskonski narod koj ne moze taka lesno da se izbrise od istorijata na planetava ni zemja im treba nasata cista voda cist vozduh nasata ruda i minerali nie sme im precka da se dograbaat do naseto BOGatstvo toa ni e bozji dar zasto nie sme pitom i miren narod na koj mu se dadeni blagodetite na zemjava
 
Дарко Рибарот

Пуштен пуштен,а фактички го кријат..
Член од
15 мај 2012
Мислења
134
Поени од реакции
46
bas mi e milo sto ima nekoj sto razmisluva i so koj imam slicni mislenja pa malku li ne trueja so pticji svinski gripovi ludi kravi sap i ligavka za razlika od niv nie sme iskonski narod koj ne moze taka lesno da se izbrise od istorijata na planetava ni zemja im treba nasata cista voda cist vozduh nasata ruda i minerali nie sme im precka da se dograbaat do naseto BOGatstvo toa ni e bozji dar zasto nie sme pitom i miren narod na koj mu se dadeni blagodetite na zemjava
Македонија ветената земја. Македонецот - надчовекот.
Ние тука на балканите сме една небитна точка и сами си даваме значење. Соседи не се сложни камо ли народи...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
a za Albancite ima edna kniga ne znam od koj bese se vika sta se dogadjalo na kosovu i opfaca period od 63ta pa navaka e peki od prethodno ja imaat i prizrenska liga i uste ne e raspadnata jugoslavija uste ce se raspagja
која е таа книга и дај пиши нешто поопширно
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Најлесно решение за секој проблем - "Американците се криви!". И метеорот во Русија што падна е вина на Американците, и браната у слатино што пукна американците се криви. :tapp:
Незнам до кога со вакви дебилни тврдења. Убаво кажа Crazy in Love, ако нешто е здраво, неможе да се "скрши" толку лесно.

Југаславија беше систем кој на хартија се стремеше кон комунизам, а бога молеше никогаш да недојде истиот. Државната сопственост беше сметана за ничива и од работниците и од раководството. Никој не уложуваше а секој сакаше да искористи. Раководители кој вложуваат и инвестираат во компанијата беа ендемски видови. На директорите приоритет им беше да добијат што поголема провизија, да се шетаат по саеми и да се богатат. Компанијата беше на последно место.
Ако треба некој да се јави во друг град, република или држава, нормално дека одеше да зборува на сметка на компанијата во која работеше. Ако требаше нешто дома да се поправи, се знае - од работа ќе земам алат. Излегување за работно време беше вообичаена пракса а паузите на службениците никогаш не беа под два часа.
Стандардот вештачки се пумпаше преку задолжување со кредити, се додека на крај "чашата не се прелеа" и не се сруши како кула од карти со инфлацијата во 80-те години која беше од невидени размери.

Кога попуштија стегите на социјалистичкиот режим, национализмот си исплива на површина и го запали фитилот на омраза. Останатото е историја. Но сепак некому му е полесно да верува во теории на заговор, и да обвинува некој друг.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Сосема е точно тврдењето дека западот ја користеше Југославија против СССР кој тогаш беше најголема закана по демократијата на западот од воен аспект. Западњаците со нивната економска машинерија не беа доволно способни воено да парират на СССР и идеологиите им беа различни. Ама до кога траеше то до распадот на берлинскиот ѕид и откога падна во вода комунизмот, јасно беше дека од стратешко значење за Германија која во тоа време беше машината на младата Европа и секако САД да ги придобијат новите распаднати територии на Југославија и на СССР и со тоа да профункционира нивниот систем преку кој банките и богатите фамилии на многу лесен начин се инфилтрираа. Тргнете од медиумите и контролата прва работа се тие во една млада земја се првата точка за перење мозоци.
Национализмот во Југославија е друг муабет кој беше искористен од страна на западот за да си ги остварат идеологиите. Тие практично ги прашаа националиситте како Алија дали сакаат да прогласат преку ноќ држава и потоа да ги снабдат со доволно оружје и политичка позадина за остварување на нивните интереси. Па зашто толку мировни мисии? Зашто толку крв се проли кога во 1992. практично војните со тој Лисабонски договор беа сопрени за по 10 дена муслиманите си прогласија држава откако имаа поддршка од САД за влегување во војна. Значи ова не се бабини деветини туку факти кој денес се испливани на површина и малите деца ги знаат. Освен Босна, Косово како втора најголема црна точка уште од средината на 80тите се користеше како алатка за инфилтиррање на меѓународната заедница се со цел да се случи тоа што се случи а тоа беше крајна цел да се направат постојани тензии и конфликти кои тие постојано ќе ги решаваат односно ќе имаат целосна контрола над регионот. Практично ако Милошевиќ им потпишеше во 1999 во Рамбуе за очекување беше војската да влезе на територија на Косово и Косово веројатно ќе останеше аутономна покраина. Затоа и ова е факт дека тој слеп национализам ги загуши барем Србите и ги зави во црно сите околу нив вклучувајќи не и нас. На крајот целите се остварија сега се знае кој е главен на овие простори. Касарната од амбасада во Скопје е капакот на се.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
ne se facaj kako slep za stap sakav da kazam de nema vrska drzava i partija i unija alijansa imperija i pakt so nacionalni interesi da ne kazam ideali tie se vecni ako se borime za nasi drzavni interesi ne e bitno koj e na vlast koja federacija sme ili u koja alijansa sme alo?
Патриотизмот се докажува со дела не зборови. Ако сакаш да го докажеш твојот, прво почни да користиш македонско кирилично писмо, па други патриотски дела ќе остаиме за понатака.
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 23:53 ---
Настрана оваа теза комунизмот во Европа го срушија Америте. Оружјето кое им го дадоа во раце на луѓето во Босна вклучувајќи и тука во Македонија кое го фрлаа со контејнери, се само малку од непобиените докази дека сценариото им функионираше. Значи во ниедна држава во светот не можеш луѓето да ги обвиниш што се колеле меѓусебе. За тоа е виновна државната политика која го потикнува тоа колење и делење по религиски основ како во случајов. И пак ќе кажам Југославија со децении била пример како се сака земјата без разлика на народностите па зарем САД е нешто поразличен денес? Не е точно дека не функционирала таа држава. Тоа што не функционира денес се овие држави како Македонија па макар биле и етнички чисти зашто за жал се производ на нацистички идеологии на големи сили. Во никој случај не може да се каже дека народот е крив. Ако е некој крив за политката која САД ја спореведе пред се во рацете на политичарите освен на Милошевич, тоа се само политичарите што веројатно и немале друг избор по 1991.
Чисто сумљам дека се сакала Југославија, освен од функционерите кои што лапале пари, за кои не важеле закони, праеле оргии, а децата им завршувале факултети без да ја знаат азбуката цела.
А другите ја сакале за да не лежат затвор или да не јадат ќотек.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.330
Поени од реакции
7.078
само да ве потсетам дека народот во таа “творевина“ беше пресреќен,безбеден од секој аспект - само не требаше да му се контриш на власта,живот за кој сонуваше половина европа заедно со ссср
 
Знам дека не е темата тоа, ама морам да прашам: Пола Европа нагрна на печалба во СФРЈ или пола Југославија отиде во Западна Европа?:)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.330
Поени од реакции
7.078
Знам дека не е темата тоа, ама морам да прашам: Пола Европа нагрна на печалба во СФРЈ или пола Југославија отиде во Западна Европа?:)
22 милиони пресреќен народ не е мала работа,развиени сите индустриски и прехрамбени гранки,научни институции,војска на високо ниво,здравство за тогашно време на многу високо ниво(денес не е ни четвртина од тоа,зборувам за државни болници),школство во кое даскалите и професорите се почитуваа од сите,сите користат два годишни одмори и да не набројувам има уште многу позитивни работи........
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
само да ве потсетам дека народот во таа “творевина“ беше пресреќен,безбеден од секој аспект - само не требаше да му се контриш на власта,живот за кој сонуваше половина европа заедно со ссср
А за народот кој небеше "пресреќен" државата се погрижи да имаат сместување на острови како голи оток.
Истава логика и радикален исламист ќе ти ја каже за шеријатот како е многу добар и како можеш да бидеш пресреќен, само да не се противиш на власта....а за оние што не се "пресреќни" ќе им летнат главите.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Патриотизмот се докажува со дела не зборови. Ако сакаш да го докажеш твојот, прво почни да користиш македонско кирилично писмо, па други патриотски дела ќе остаиме за понатака.
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 23:53 ---

Чисто сумљам дека се сакала Југославија, освен од функционерите кои што лапале пари, за кои не важеле закони, праеле оргии, а децата им завршувале факултети без да ја знаат азбуката цела.
А другите ја сакале за да не лежат затвор или да не јадат ќотек.
Што му фалеше на народто патуваше без визи, работеше и имаше лице пред светот кога ќе се спомнеше Југославија сите гледаа на нејзе како на воена и политичка сила не само во Европа тку со неврзаните и во светски рамки. И далеку беше Југославија од комунизмот во сателитските земји на СССР како Бугарија или Унгарија, Полска Чехословачка... Знаеш како ти е тоа голем си моќен си никој ништо не ти може. Што е Македонија денес? За што се бори народот кога идеологиите се диктирани од надвор како ќе ти кажат така ќе тераш. Народот во Југославија беше среќен и тоа е вистината а најмногу боли тоа што Америте со нивната пропаганда ја претставија Југославија и пред се балканот како место за жаришта дека луѓето меѓусебе не се сакаат ради различности што не е точно бидејќи тие жаришта тие ги направија заедно со два-тројца будали на власт како Милошевиќ итн тие ги потпалија националистите додека се фаќаше во матно... Ако народот во ЈУ без разлика на народностите и верите можеа да се држат заедно го можеа тоа и по 1991 ама на некој тоа сценарио како што кажав неколку пати од политички аспект не му одговараше Југославија да премине во демократско општество ќе беше уште посилна и поконкурентна земја. Сега на расцепкани територии лесно да се прават главни босови.
 
S

Stryder

Гостин
Се согласувам со zaajvarspremen и да додадам и потсетам за големото братство и единство помеѓу Хрватите и Србите во текот на втората светска војна, за немилите концентрациони логори, за етничките чистења...
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Сосема е точно тврдењето дека западот ја користеше Југославија против СССР кој тогаш беше најголема закана по демократијата на западот од воен аспект. Западњаците со нивната економска машинерија не беа доволно способни воено да парират на СССР и идеологиите им беа различни. Ама до кога траеше то до распадот на берлинскиот ѕид и откога падна во вода комунизмот, јасно беше дека од стратешко значење за Германија која во тоа време беше машината на младата Европа и секако САД да ги придобијат новите распаднати територии на Југославија и на СССР и со тоа да профункционира нивниот систем преку кој банките и богатите фамилии на многу лесен начин се инфилтрираа. Тргнете од медиумите и контролата прва работа се тие во една млада земја се првата точка за перење мозоци.
Национализмот во Југославија е друг муабет кој беше искористен од страна на западот за да си ги остварат идеологиите. Тие практично ги прашаа националиситте како Алија дали сакаат да прогласат преку ноќ држава и потоа да ги снабдат со доволно оружје и политичка позадина за остварување на нивните интереси. Па зашто толку мировни мисии? Зашто толку крв се проли кога во 1992. практично војните со тој Лисабонски договор беа сопрени за по 10 дена муслиманите си прогласија држава откако имаа поддршка од САД за влегување во војна. Значи ова не се бабини деветини туку факти кој денес се испливани на површина и малите деца ги знаат. Освен Босна, Косово како втора најголема црна точка уште од средината на 80тите се користеше како алатка за инфилтиррање на меѓународната заедница се со цел да се случи тоа што се случи а тоа беше крајна цел да се направат постојани тензии и конфликти кои тие постојано ќе ги решаваат односно ќе имаат целосна контрола над регионот. Практично ако Милошевиќ им потпишеше во 1999 во Рамбуе за очекување беше војската да влезе на територија на Косово и Косово веројатно ќе останеше аутономна покраина. Затоа и ова е факт дека тој слеп национализам ги загуши барем Србите и ги зави во црно сите околу нив вклучувајќи не и нас. На крајот целите се остварија сега се знае кој е главен на овие простори. Касарната од амбасада во Скопје е капакот на се.
:)Ама остави ги 91, 92, 95 (за сега;)) тогаш не почнаа проблемите туку финишираа (до душа на најлош можен начин:(). Кога веќе тргнаа работите надвор од контрола секако дека сите ќе се обидат да спроведуваат свои интереси овде.
До крајот на 80-тите западот немаше интерес да се распадне Југославија. Зошто би го уништиле тој што им е голем должник (а СФРЈ им беше)? Зошто би си створиле проблем со нестабилни граници и бегалци (Австрија, Словенија, Хрватска, па и Романија која веќе си го фати патот)? И кој е тој интерес што не би можеле да го остварат со цела Југославија? Да не беше раководството непоткупливо случајно?

И Срби и Хрвати и Босанци ќе ти се колнат дека западот и САД во одреден момент биле против нив. И што е најтрагично сите имаат и добри докази за тоа. Општ калабалак, ама пак викам тоа беше на крајот на приказната за СФРЈ, не на почетокот.
 
Со распадот на берлинскиот ѕид за САД и Германија од пресудно значење беше моментот да фатат контрола во регионот. Тоа си го искористија и преку банкарскиот систем. Пишав во воведот дека менувањето на граници беше забрането со декларација од ОН ама во 1991. се случи значи Југославија во еден период во таа година раководството чекаше дали СССР ќе ја прифати демократијата на западот откако тоа не се случи јасно беше дека се инфилтрирани интереси од надвор да се растури државата на неколку дела за да се имплементира демократија. И уште една работа велиш односите во 80тите биле на високо ниво, беа бидејќи постоеше СССР во моментите кога СССР падна САД немаше противник и јасно беше дека ќе тргне кон приграбување на териториите, СССР го држеше комунизмот и воената сила СССР немаше политичка моќ да прифати демократија и да ја имплементира се базираше на воена индустрија. Со распадот се падна во вода и прашање на време беше кога во едно мултиетничко општество ќе испливаат конфликтите за интереси. Значи тука ако збориме за инфилтиррање на надворешни сили за растурање на Југославија моментумот е од 1991 па натака а не пред тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom