- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 702
- Поени од реакции
- 528
Многу долги ти се постовите, добри се за читање ама тешки за цитирање па може ќе заборавам нешто .zaajvarspremen јас стојам на мојот став дека Југославија не се распадна поради финансиска проблематика во системот и нема да филозофирам натаму само ќе додадам дека Југославија имаше туризам имаше индустрија имаше ниска стапка на невработеност практично беше рај за сите социјалистички држави и толку. Нормално немаше раст, затворен пазар и немаше простор за развој на животниот стандард што е својствено за социјализмот ама никој не ни требаше да ја споредува со западот местото не и беше таму. А голи оток и останатите сенките на комунизмот да ги оставиме на страна сепак тие не беа последица за директно рушење на системот како што на пример беа бунтовите низ источните и централните коми држави во Европа. Значи до времето на ТИто Југославија имаше голема помош од неврзаните влечеше нафта значи се на се општеството беше стабилно. Кризата со инфлацијата сега цело време велиш финанскиски процес за распаѓање кој се случува уште 70тите дали сметаш дека Југославија и капацитетот на политичарите во тоа време можеа да ја прифатат промената на системот и да се отворат кон западот па Југославија можеби да останеше конфедерација налик на Босна? Јас лично мислам дека финансиската положба не е главна причина иако секако дека инфлацијата во 80тите го загуши системот и тогаш се појавија вистинските проблеми бидејќи по Тито се сменија политиките сите почнаа да грабаат по реони едноставно почна да се губи тоа братство и единство поради лошата внатрешна но и надворешна политика. Југославија по Тито загуби и многу пријатели од надвор.
Заклуок Југославија можеше да опстои како конфедерација само тоа не беше во интерес на западот бидејќи Југославија така ќе беше европска и светска сила. И тоа е факт. Само потсетете се дека во социјализмот една од најсилните индустрии беше токму социјалистичка Југославија, туризмот беше врв во европа. Па како ли би изгледало тоа во демократско општество? Затоа велам дека главните причини беа геостратешки и политички од надворешните сили. Политичарите си го направија своето ама тие имаа притисок од надвор за поделба и лично мислам дека не може целата кривица да падне на Милошевич, Туџман и Изетбегович бидејќи тие веќе потпишаа во 1992. договор за примирје ама на некому тоа не му одговараше. Сепак да не се повторуваме.
Голи Оток не го споменав и нема да го споменувам и понатаму, одиме од почеток (од крајот).
Последниот болд ти е во противречност со почетните ставови - дека постоечкиот систем бил закана за западот (дека ќе се покае успешен) и дека затоа сакале да го рушат. Баш они инсистираа на конфедерација како решение (освен можеби Германија), идеја која не беше прифатена во врвот. Дали од несакање или од немање капацитети не знам.
Се враќаме на почеток кај системот бидејќи тој е клучот. Тој систем дозволи да сите 6 републики веруваат дека баш тие се украдени во корист на другите. И ден денес сите веруваат во тоа и сите се подготвени да дадат „докази„. Тој систем дозволи да за цели 35 години не може да изнајде соодветна замена за Тито, па правеа циркус со председателства и се надгласуваа како деца (за многу луѓе тука е стварниот почеток на крајот). Тој систем призведе кадри кои не можеа да ги предвидат и да се подготват за промените во кредитирањето (САД 70-ти) па дозволија само од камати да се дозаглават до гуша, а богами ни променитена геостратешката карта.
Тој систем се реши за планско производство без профит. „Позитивната нула„ беше прифатлива бидејќи целта беше да се вработат повеќе луѓе, а не компаниите да профитираат и реинвестираат во себе. Затоа и имаше чудовишта од фирми со по пет вработени на места каде е потребен еден.
70-те ги споменувам затоа што тогаш се „кршело„ во кој правец ќе се продолжи. Од 4тиот пленум на ЦК СКЈ во 1966 (општоприфатено дека „победува„ конфедеративната струја Бакариќ - Кардељ) па се до 1974. Дали немало капацитет или процесот бил миниран не е ни битно, и во двата случаи грешките се кај системот кој го дозволил тоа.
И на крај, ако 60-тите горе долу се држело чекор со западот, до крај на 80-тите доцневме 30 години зад него. Сега кога Германци, Италијанци се сеќаваат на 70-ти, 80-ти години се сеќаваат на разлики во моделите на колите, во модата, техниката. Ние за тоа време се сеќаваме како да сме живееле на друга планета.