Порачав и Терекс но не ме бендисаа па ги вратив.
Исто така порачав и друг модел од Саломон кои беа mid-cut но и нив ги вратив. Висината им беше таква што точно на глужд ми предизвикуваа страшен дискомфор и осетив дека нема да можам да ги носам.
Од дете не сум носел високи гузерици и не сум навикнат на толкава нефлексибилност, но од друга страна пак ми е смачено да ми влегува снег во нозете и сакав да купам нешто повисоко.
Случајно ги видов овие кои беа нов модел. Немаа ни ривјуа но решив да ризикувам и да тестирам.
Искрено не се баш тоа што сакав (10/10) но за разлика од другите кои ги порачав и кои беа страшно некомотни овие се сосем спротивното.
Знам, не се за на -15/20 но морав да компензирам за флексибилност.
Овие им се во ClimaSalomon категорија, ги продаваат како зимски модели. Фул ватерпруф и со некаква изолациска Clima пена.
Имаше многу повисоки и подебели (поцврсти) модели, баш прави гузерици, али знам дека нема да ги можам.