КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.547
- Поени од реакции
- 5.856
Вака сега: Можеби верувам, а можеби не. Ете го видов и интересно ми падна. Можеби е навистина, никогаш не треба, а не ни можеш да си 100% сигурен^КвикСилвер... не ми кажуј оти веруваш у тоа? :pos2:
Еве уште:
Лаборатирија, аеродром или скривница? Мак Ареа Пеес Кец
Македонската Ареа 51? Да, постои и такво нешто во Македонија. Во Националниот парк Јасен се наоѓа нешто слично како Ареа 51. Се верува дека подземја има големи лаборатории кои не се знае за што служат. Некои тврдат дека се вршат различни експирименти, тајни оружја контакти со НЛО и слично.
Некои мислат дека тоа е скривница за политичарите. Оваа теорија е најмалце за верување.И последната теорија е дека тука се крие подземен аеродром. Но, локалните жители велат дека ни во 2-та светска војна не забележале авиони. Па, така и оваа теоирја отпаѓа.
Каде е погребан Александар Македонски?
Каде е погребан Александар Македонски? Овие податоци ги пронајдов по разни форуми и вебсајти.
Прва Теорија е: Александар е погребан некаде во Источна Македонија. Александар бил погребан под земја и никој незнаел точно каде. Можеби, некој знае, но знаејќи дека може да дојде до големи проблеми, не ја открива оваа теорија. Раскажувањето на оваа теорија би можело да ја промени историјата.
Втора теорија: Гробот на Александар Македонски е некаде во Александрија. Се наоѓал во некоја просторија во која не можело да се влезе. Денес многу малце луѓе ја знаат оваа просторија, а и при интервјуто со Најпознатиот египетски истражувач Таху, било разговарано за оваа просторија. Но, Таху несакал да ја открие таа мистериозна просторија. До ден денес, никој незнае зашто?!
Трета теорија: Оваа теорија можеби е и најинтересната, но и најмистериозната. Според оваа теорија, гробот на Александар се наоѓал некаде на некое мистериозно место на Беласица. Според Кузман, овој гроб се наоѓа во северниот дел на Беласица, во некоја пештера. Бил обвиен со мед за да не се распадне при неговата преселба. Каде е точно?!
Четврта теорија: Оваа теорија останува само теорија, без докази. Се вели дека е погребан во Вавилон. Но, никој незнае дали е ова вистина или само приказна