,,Кажи НЕ на насилството"

E

Epsilon

Гостин
Кажи НЕ на насилството е позитивна кампања но во видео клипот наместо тие кои се ставени и претставени како лоши момци и лоши типки на нивно место да се стават некои алкохолизирани турбо-фолк дебили како и некои ретардирани орки !
Хипокрит.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Имат и дизелаши во спотов пазете се и од ними, тија се најопасни и често се обраќет со зборојте: A ре брату, брачка, сврзани со ак ти ја кла една тупајнца. По то ќе ги препознајте вардете се дан ве препрает, еф ви кажва.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.505
Поени од реакции
79.658
Имат и дизелаши во спотов пазете се и од ними, тија се најопасни и често се обраќет со зборојте: A ре брату, брачка, сврзани со ак ти ја кла една тупајнца. По то ќе ги препознајте вардете се дан ве препрает, еф ви кажва.
исто и со ортак и друже
али да, најчесто со брат, иако никои од нив не се браќа
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
исто и со ортак и друже
али да, најчесто со брат, иако никои од нив не се браќа
Брату и најчесто некој микс од овие наведениве плус брале.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Сите хардкор металци се butthurt од спотов.
Секој што не е батхрт од спотов треба да оди да се прегледа. Во нормални земји во затвор се оди за дискриминација од ваков вид.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Општото незадоволство се изразува со добар протест на улици, а не се пишување на статуси или споделување на разни слики со некоја досетка и собирање лајкови. Изгледа и стереотипите се погрешни, да беа такви металците од спотов пола Скопје ќе гореше, а протести ќе имаше и во другите градови.

Али ние сме мирољубив народ, шо мисли дека преку социјалните мрежи секој проблем се решава.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Општото незадоволство се изразува со добар протест на улици, а не се пишување на статуси или споделување на разни слики со некоја досетка и собирање лајкови. Изгледа и стереотипите се погрешни, да беа такви металците од спотов пола Скопје ќе гореше, а протести ќе имаше и во другите градови.

Али ние сме мирољубив народ, шо мисли дека преку социјалните мрежи секој проблем се решава.
Друг муабет е тоа за нашите револуции и мудрувања по социјалните мрежи, се согласувам со тебе тука. Но ја утињаш поентава максимално, не е тука безмадестиот народ тема на муабет, да беше поинаку немаше ни да се снимаат вакви глупости.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Дека е глупа рекламата, глупа е. Дека беше забавно 2-3 дена да се зезат на сметка на рекламата, забавно беше. Сега веќе стана досадно и отекување на полови органи.
За мене лично, најголемата навреда во мојот живот ми беше кажана од уметничка душа, баш онаква шо ја рекламираат у таа рекламата против насилството, оноа девојчето шо е ко некое совршенство контра металката шо е фан на гага.
Насилството не се ограничува само во стил на облекување. Пример онаа уметничката шо е, може во нејзината глава да фантазира и маструбира само при помисла на убиство и садизам, додека пак оној кошаркарот обично е типичниот „јock“ шо по амерички филмови малтеритра бубалици, и секад се извлекува со неговото насилство и силеџиство бидејќи е добар спортист.
А онаа наводно металката шо дига узбуни, може е испровоцирана од постојаната желба да се докаже дека е подобра, но е осудена од опшеството бидејќи нејзините родители не можат да и овозможат скапо хоби.

СУМА СУМАРУМ - Стереотипи постојат, и менталитетов на нашиов народ е дека е задоен од стереотипи и глупи ствари.

Може да се започне со поинаква кампања по социјалниве мрежи, а не само со сеир и досетки за глупи реклами.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.180
Поени од реакции
25.830
Општото незадоволство се изразува со добар протест на улици, а не се пишување на статуси или споделување на разни слики со некоја досетка и собирање лајкови. Изгледа и стереотипите се погрешни, да беа такви металците од спотов пола Скопје ќе гореше, а протести ќе имаше и во другите градови.

Али ние сме мирољубив народ, шо мисли дека преку социјалните мрежи секој проблем се решава.
Ако излезе некој со добар протест на улици, па уште и да го запали пола град, Грујо има два месеци без престан да слави и патем ќе нарача уште 20 спота.
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
Ако излезе некој со добар протест на улици, па уште и да го запали пола град, Грујо има два месеци без престан да слави и патем ќе нарача уште 20 спота.
Си имаат луѓето попаметни работи. Не секој зависи од политика и партии како што мислат повеќето.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.180
Поени од реакции
25.830
Си имаат луѓето попаметни работи. Не секој зависи од политика и партии како што мислат повеќето.
Одлично. Тогаш фино лепо ќе го изигнорираат спотот и ќе продолжат да си го гледаат животот. Зошто не го прават тоа, само Аллах знае.

Вака од страна човек си помислува дека тоа им е единствено што им останало во животот, а некој циник зел да им го рока со нуклеарка. Па сите потресени.
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
Одлично. Тогаш фино лепо ќе го изигнорираат спотот и ќе продолжат да си го гледаат животот. Зошто не го прават тоа, само Аллах знае.

Вака од страна човек си помислува дека тоа им е единствено што им останало во животот, а некој циник зел да им го рока со нуклеарка. Па сите потресени.
Општо ми беше мислењето дека има бајаги луѓе што за политика многу многу не се потресуваат, си имаат попаметни работи во животот Да се надоврзам на тоа што ми пиша пред некој ден пошо тука може да се цититра,а и онака нема ништо од темава. Инаку за спотот и критиките, батали, не вреди да се дискутира.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Одлично. Тогаш фино лепо ќе го изигнорираат спотот и ќе продолжат да си го гледаат животот. Зошто не го прават тоа, само Аллах знае.

Вака од страна човек си помислува дека тоа им е единствено што им останало во животот, а некој циник зел да им го рока со нуклеарка. Па сите потресени.
Мислам дека ти, а и многу други, го потценувате неверојатно иритирачкиот ефект на глупавоста и идиотизмот кога ти се сервираат (па и наметнуваат) од позиција на власт и моќ. Може човек да не се согласува со економски, меѓудржавни, и какви се не политики - сепак е тоа комплексна материја и никој не може да биде сигурен дека секогаш го застапува правилниот став - но, кога власта секојдневно ти наметнува глупости од различен карактер и содржина (од висока политика до комунална), тоа те дупи во мозок како бор машина, бре. Не е можно да се игнорира. Можат да го игнорираат само оние „најпаметните“, коишто „политика не ги интересира“. Би сакал и јас да бев толку паметен, да видев раат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom