,,Кажи НЕ на насилството"

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Не најдов ваква тема, а гледам сега дека е популарно видеово на социјалните мрежи иако е од 28 март поставено на YouTube каналот на Општина Охрид.

Станува збор за


Мене лично воопшто не ми се допаѓа ова, потрошени пари за џабе.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.409
Мене лично воопшто не ми се допаѓа ова, потрошени пари за џабе.
Потполно се согласувам пацифизмот е за слабаци, се знае во џунглата посилниот преживува. :X3:

П.С Од рекламите перат пари дали му се допаѓа тоа на некој е друг муабет.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Предрасуди и стереотипи насекаде. Типична македонштина. И најинтересно/најжално е што државни институции го прават ова.
Имаше интересен твит за рекламава "Фалеше таа сликарката уште трето дете да роди и да ќари станче" и у позадина да оди Тајзи со дома си е дома.

И после у ЕУ, епа к*р у ЕУ :)
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.169
Не знаев дек охридскава младина ојт Скопје под железничка на ферки.

Ко сме веќе кај стереотипи, во вториот дел лошите дечки требаше да се навивачи?
 
S

staycalm

Гостин
Потполно се согласувам пацифизмот е за слабаци, се знае во џунглата посилниот преживува. :X3:

П.С Од рекламите перат пари дали му се допаѓа тоа на некој е друг муабет.
Од 3000 views и скоро сите од мкд перат пари а? Добар си добар :D
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Море ако ги фатам овие копиљациве со палкиве од глава ќе им ги искршам и до дома со клоци ќе ги тепам.И да видиш после како ќе земат да цртаат сите и да се запишуваат на балет.Али тоа е кога нема кој да ги васпита,кога и родителите кренале раце,највероватно затоа шо и од ними кренале раце некојпат.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Од 3000 views и скоро сите од мкд перат пари а? Добар си добар :D
Не перат пари од јутуб, перат пари од буџетот. Којзнае колку пари се "потрошени" за да се сними оваа "едукативна" реклама.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
За ова во други земји се даваат казни бидејќи е еден вид на фашизам, каде што се генерализира во негативен начин со што се потикнува омраза кон таа група. Ама не, кај нас ова е прифатливо. Шали направив многу како и другите но кога ќе размислам поубаво е многу сериозна работа.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.409
Од 3000 views и скоро сите од мкд перат пари а? Добар си добар :D
Друга ми беше поентата. Можеби е избрзан заклучок, но со оглед на историјата најверојатно не грешам.

Не знам дали е на владата ама со оглед дека полицијата е вмешана имаат делумна заслуга, а досега што беа рекламите беа само спотови без поткрепа т.е наместо целосна едукативна кампања да не објаснувам сега како оди целиот тој процес они пуштаат само реклами. Сега многу нормално дека немам докази ама не гледам друга причина за такво нешто освен перење пари пошто рекламите сами по себе немаат доволен ефект.

П.С Да не веруваш само на јутјуб да остане видеово пошто таму и милион погледи да имаат нема да можат да перат пари. Иако доста снаодливи се па можеби се лажам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom