Глупости ... поголеми се шансите тепачка или било каков јавен неред да направат некои турбо-фолк дебели алкохолизирани опаничари(сељачини/шабани) отколку некои си панкери, рокери, рапери и.т.н.
Од кога слушањето на одредени музички жанрови и носењето на одреден тип на гардероба станаа опасна закана по безбедноста во општеството, фали уште да ги изедначат со оние терористите од Ирак
Само во недемократски, едноумиски и тоталитарни општества одредени музички или филмски жанрови како и одредени типови на гардероба се прогласуваат за неморални, девијантни и неадекватни за општеството, како што знам човек(било кој) несмее да напаѓа/тепа/убива, прави материјална штета, краде, нарушува јавен ред и мир(бучава и сл.) и.т.н. но во каков стил ќе се облекува(нормално вулгарно е некој/а да оди скроз гол/а), каков тип на музика ќе слуша, што ќе гледа дома на ТВ, какви лични сфаќања ќе има, каков начин на живот ќе има си е веќе индивидуална работа !
Темава воопшто не треба да служи за потсмев бидејќи утре кога некого од нас полицајците ќе го соберат(читајте апс) на сред улица за ич ништо после истиот тој има да се чуди која е причината за сето тоа, во нормални општества се прави обид за успешна социјализација и интеграција на сите групи на граѓани, да се амортизираат поделбите, да не се дискриминира по ниту еден основ но кај нас како што изгледа е сосема обратно од ден на ден се некои групи на граѓани или пак поедини индивидуи стануваат аутсајдери бидејќи прекршиле некое од замислените сулуди правила на некого/некои ... Сите Муслимани се потенцијални терористи а пак оние Муслимани кои имаат бради и сл. се дефинитивно терористи, Атеистите се исто така огромно зло за општеството на исто рамниште со терористи, разведените поединци, ергените, девојките/жените кои решиле да абортираат/абортирале, пушачите(на цигари), лицата кои слушаат неадекватна и опасна музика(рап, рок, панк, техно, реге, поп...), лицата кои се облекуваат со неадекватна и опасна гардероба нели, лицата кои гледаат неадекватни филмски жанрови(акција, трилери, порно, хорори...), интелектуалците и.т.н. и.т.н.
Но така е тоа во општества како нашево, постои силен партиски активизам(без разлика позициски или опозициски) но не постои ама баш никаков граѓански активизам, не се дискутира за ништо, не се дебатира за ништо епа затоа демократски и културно со неверојатна брзина одиме во длабока бездна !
Не напаѓам никого нормално е да постојат секакви луѓе како и секаков тип на политики полиберални, поконзервативни но никој на никого не смее нешто да наметнува, ниту пак државата има право на некого/некои нешто да им наметнува(поврзано со овие работи за кои се дискутира на темава) !
П.С. Незнам дали идиотот султан Р. Т. Ердоган сеуште ги држи забранети опасните YouTube и Twitter во неговиот пашалук Туркистан