Мене ме интересира какво ви е мислењето за купување на живеалишта во други држави.
Јас лично живеам под кирија, и сметам дека никогаш не би купил стан. Причините се тоа што мислам дека финансиски не би можел да го поднесам, и тоа што не знам дали засекогаш би живеел на тоа место.
Со деца можда по друг начин би размислувал, но во моментов сум на мислење дека е подобро да живеам под рент одколку да исплаќам нешто во наредните 50 години.
Кажете како сте постапиле/ќе постапите, вие што сте исто така по странство
Зошто да неможеш финаниски? Пробај да работиш 2 работи додека не собереш за депозит.
Јас и 3 работев. 1на главна и 2 споредни дур не почнам со првиот имот. Е тешко ама ке ти се исплати на долг рок.
Самата инфлација со годините ке ти помогне да ти се крене богатството.
Имотот е инвестиција.
Ако знаеш дека заштедата можеш да ја инвестираш на друг начин акции, бизнис, школување, и ќе ти даде поголем принос во иднина немора да инвестираш во имот. Али на долг рок секогаш капиталот се оплодува во недвижнини каде што параметрите имаат позитивни податоци. Градови на пример со зголемување на популација, растење на плати, ниска невработеност итн итн.
Утре и да не живееш во тоа место, можеш да го дадеш под кирија. Парите од киријата ке ги користиш за исплаќање на кредитот.
Buy where you can buy, rent where you want to live.