Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Член од
6 јули 2006
Мислења
109
Поени од реакции
0
Da ne ima nekoj za patuvanje za Brisel i amsterdam od 16 juli pa se do 7 avgust ja nataka ke patuvam na odmor :D ako ima zainteresiran nekoj nka se javi mu trebaat pari za prevoz i trosenje smestaj imame :D fala :D
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Они биле у Саранда, лани у Валона и од двете места се супер задоволни. За тинејџери не било интересно, нема некој ноќен живот. За Саранда ми рекоа апартман со две јадења бил 30-40 евра од вечер. Значи апартман, не соба. По продавниците не било скапо, ко овде ми се чини. Во Драч и поевтино е :)
За плажите-нив не им се погоди времето, нели ладно беше, па биле на плажа само еден ден, остатокот шетале низ Албанија. Рекоа дека плажата била добра, сега не знам колку добра. Јас видов слики од плажата и изгледаше ок, наместена, со лежалки.
За до Валона сум бил, испод Валона има фини места (околу Драч навистина не е средено), но Саранда и други исто ми ја збореа дека е интересна-за повозрасни-ама не се осмеливме ради лошите патишта. Ако е направен патот...фино место за асли одмор :)

Ако некој оди со своја кола у Албанија нека внимава најмногу на претекнувањата од другите возила. Често знаат да те претекнуваат, а истовремено да претекнува некој друг од спротивна насока па...често сме се наоѓале со тркалата до ивица на патот, на песок :) Лошо возат, знаат и да застанат насреде улица и да си праат муабет, за се друго (и гостопримливост и цени) се добри.

--- надополнето ---

Тасос ако бил некој дали може да даде инфо за дал има слободни места за одење на своја рака (или треба оттука да се резервира) отприлика цени на храна и дали се стига лесно до таму со свој превоз (во смисол планини, долини)? Некое инфо за Тасос?
 

VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Би сакала годинава да идам во Kефалонија или Закинтос на одмор. 2 опции имам на ум.. Едната е да идам во некој камп, а другата е да платам за апартман.. Проблемот ми е што би сакала поефтино да ме фати... Некој да не има чуено понуди до 160 евра, добри камп места, апартмани или БИЛОШТО! што би чинело до таа сума.. И да не заборавам, до 160 евра со превоз ако е тоа возможно.. Any chances or options...?:raz:
Благодарам однапред...
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Имам 17 години, сред распуст јас наместо да шетам по цел ден и да спијам до колку ми душа сака јас станувам во 7 сабајле да идам на работа и не заслужувам да отидам на море?
дечко ако мислиш дека САМО ТИ тоа го правиш или си го превел преку летото тогаш да ти кажам НЕ СИ ЕДИНСТВЕН.....
............и блазе си му на газдата кој ти дава за два неполни работни месеци одмор од 10 дена и плата од мин 200 евра(бидејќи мин толку ќе потрошиш таму)

сите имаме работено преку летото,но досега немам запознаено случај каде што некој за месец и пол да собере 400 евра,и да му даде газдата одмор од 10 дена(освен ако не планираш после да работиш или газдата ти е роднина нешто па ти дава убави работни поволности)

и јас имам работено преку цело лето и тоа за 10/12 000 па кога ќе размислев подобро ми е да отидам два/три пати некаде на викенд(Охрид,Струга,село) каде што ќе потрошам не повеќе од 200 евра,со можност да го изработам цело лето за да можам и зимно време солидно да живеам паралелно со факсот/средното......но јбг ЈАС НЕ СУМ заслужувал да отидам на одмор бидејќи тоа било најрационално решение за мене,а БАШКА кој ми е КРИВ што сум патриот,националист па ШТО НЕМА ДА ГИ ДАДАМ ПАРИТЕ во земјата која интезивно 20 години ме плука(мал си не разбираш,битна ти е забавата,али нема везе ќе пораснеш ќе научиш.)

така да СЛОБОДНО одете во Грчка,не ви бранам,само не очекувајте дека нема да бидете плукани(индиректно или дирекнто),а да не зборам од сопствениот народ дека ќе бидете поштедени.............но што да правиш КОГА само ТИ/вие ИМАТЕ ПРАВО НА ЗАСЛУЖЕН ОДМОР во Грчка........
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Би сакала годинава да идам во Kефалонија или Закинтос на одмор. 2 опции имам на ум.. Едната е да идам во некој камп, а другата е да платам за апартман.. Проблемот ми е што би сакала поефтино да ме фати... Некој да не има чуено понуди до 160 евра, добри камп места, апартмани или БИЛОШТО! што би чинело до таа сума.. И да не заборавам, до 160 евра со превоз ако е тоа возможно.. Any chances or options...?:raz:
Благодарам однапред...
Секогаш планирај го одморот во јуни или септември,за да добиеш поефтина цена.Цел свет оди пред сезона,само ние се тепаме од 15 јули до 15 август :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.879
Кај грујо ми е пасошот, не можам да мрднам нигде, а треба пари да печалам надвор :icon_lol: така да ќе ја истражувам Македонија ова лето...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Секогаш планирај го одморот во јуни или септември,за да добиеш поефтина цена.Цел свет оди пред сезона,само ние се тепаме од 15 јули до 15 август :)
Точно. Што ако има малце помалку туристи? не сме до толку неизживеани па да идеме на одмор за да секој божји ден заглавуваме по дискотеки и кафичи нели. "Одмор" зборот треба и малце од друг аспект да се разгледа, можеш многу други работи да правиш освем набројаните и пак да си поминеш одлично, користете имагинација малце, не подпаѓајте под влијание на другите/светот за тоа што е забава!?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Кај грујо ми е пасошот, не можам да мрднам нигде, а треба пари да печалам надвор :icon_lol: така да ќе ја истражувам Македонија ова лето...
Бааги народ се имаат вака заглавено. Стариот им истекува, а за новиот тек од есен натаму...па накај зимо.
Секогаш планирај го одморот во јуни
За на море јуни е најдобар период -не е така јако сонцето, помирно е, почисто, а најбитно многу поефтино.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Јас од Охрид не мрдам. :)
Само времево многу зафркава се надевам барем еден месец нема да заврне.
А како што тргнало со гостиве, најверојатно ќе има помалце од лани.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Јас од Охрид не мрдам. :)
Само времево многу зафркава се надевам барем еден месец нема да заврне.
А како што тргнало со гостиве, најверојатно ќе има помалце од лани.
Епа ќе нема, мора малце на гостопримиство да поработите, а пред се на цените. Ова ти го кажувам како што е реално, ваљда нема да се наљутиш. Поздрав.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Епа ќе нема, мора малце на гостопримиство да поработите, а пред се на цените. Ова ти го кажувам како што е реално, ваљда нема да се наљутиш. Поздрав.
Не се љутам, таман работа.
Верви ме, во Охрид преку цела година е скапо. На лето на секој производ си додаваат 5,10,15 денари, зависи за кој период од летото се работи, и каде се наоѓа продавницата. Пример сок во лименка 9 месеци е 25 ден, на лето на плажа ќе е 35-40, во центар 30-35 а во маало 30 ден. :toe:

А и во пролет, есен и зима , цените во центар се повисоки. :(
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Штета, стварно е убав град :(
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.879
А како што тргнало со гостиве, најверојатно ќе има помалце од лани.
Таман го средив апартманот за странци, се расипа времето, ах ќерата...
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Ме интересира дали некој од форумов е бил на одмор во Куба??
Ај ако е бил нека раскаже баш ме интересира што и како многу сакам да одам во Куба ми имат кажувано дека цените биле многу ефтини... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom