Имаш најмалку 1000 хотели само во Саранда, така да би требало лесно да се наоѓа апартман. Цените се одприлика 30-40 евра апартман од вечер со две јадења. Провери за секој случај.
За 400 евра со чартер во Египет, Тунис или Турција може да се оди.
Сосема неисплатливо е во Албанија во хотел.
У следниве години нема шанси да одам во Албанија, се имам изнаслушано многу неубави работи од патот, нехигиена, продавнички како шупи, кога видов слика од "месара" со муви изналепено на месото ми се згади.
Водата видов во Саранда убава е, во Драч е црна.
Па немало струја на моменти, па на сите страни се градело постојано имало бучава од ковање.
Едноставно кажано неразвиени се сеуште.
За неколку години мож ќе биде ок, ама засега моја нога не стапнува таму.
3 евра векна леб, 3 евра кафе, 10 евра пиво ... чисто како информација ...
10 евра пиво во елитен клуб на Минокос???
Ајде те молам цениве твои се лудило.
3 евра е кафе на плажа, ама затоа не плаќаш за лежалката која цел ден е твоја со едно нарачано кафе.
Пецивата им се поскапи, ама и кога ќе влезам во Вегера годинава се запрепастувам, а сепак Скопје ни е туристичко место, ни море нема.
Така да цените си се туристички.
Лани бев во Охрид и поскапо и од Грција ми се виде.
Затоа си има избор на илјадници туристички места, секој да си одбере кај сака да си го помине годишниот одмор.
Ама фамилијарен одмор, покрај море, блиску да е, со најпристапна цена е сепак Грчка во апартман. Оти на друго место по 500 евра отприлика од човек значи 2000 евра за фамилија е прескапо.