Каков Улцињ какве пизде материне, и мене ко мал перцепција за добра плажа ми беше ако е песочна па квичев ако не е песочна плажата, ама како минаа годините, можам да заклучам дека светлосни години е подобра плажа на Хрватска со природна сенка, отколку плажа на факинг Улцињ или Паралија.
Абе како може и воопшто да се споредуваат, природна сенка од бор или друго дрво над тебе, слушаш звуци на природата, звукот од птиците се меша со звукот на бранови, дувка убаво ветренце од природната сенка, не се замараш ниту со купување и влечење чадори, ниту фрлаш брдо пари на лежалки+чадор од кафичи, ниту имаш бучна музика од барови, водата одиш 5 метра уште се гледа бистро се, има мир и не ти продава никој крофни тетоважи алки наочари курци палци, бар не во 90% од плажите.
Од друга страна имаш песок што на секој ветер ти оди во очи, 5 нивоа на бранови ко у Сани Бич да си + нинџи што ти кршат амбиентот и ти влеват чувство на небезбедност (ова за Улцињ), трчај по чадорот ако удри јак ветер а ти си во вода, нервирај се ако на некој му текнало цела плажа да ја откупи и да нема чадори или просторот за чадори слободниот да е фул. Понатаму од сите страни курци палци се дешаваат, мало дете ти копа песок па песокот пола во тебе оди, црнец те замара да купиш наочари, саати ти вика дека убаво ти стојат, морето мутно. И шо ми вреди уствари тој песок, што ми вреди тоа што без мака ќе сум влезел во водата, ако ја мир немам а одам на ОДМОР.
И ова не важи секако за сите места, ама кога ќе се спомне Грција, на 80% на луѓето им текнуваат места ко Врасна, Пефкохори, Неа Потидеа, Паралија, а не места како Скопелос, Крит, Родос, така да еве тие што не мрднале од тие места, нека мрднат, бар парите не се проблем пошто дојде време на ефтини аранжмани, авионски летови за приватна режија итн. Да споредувавме Бол на Брач или Стинива на Вис со лагуна Балос или Елафониси на Крит, па ајде да развивавме дискусија. Ама вака рендом плажа Хрватска >> рендом плажа Црна Гора/рендом плажа Грција. Сега ќе речете речете што е со муабетов, ама стварно има луѓе што мртви сериозни ќе ти речат “заеби Хрватска таму камења било све, тука бар имаш песочна плажа, има тезги, срби продаваат гиро, а и наши има ќе се најдеш со некој.“