Ваква маска можеш да најдев во оние продавници за бои и лакови. Имаше во ГТЦ ми се чини една продавница за ХТЗ опрема.
Ако работиш со пестициди, моја стручна препорака е обавезно да користиш заштитна маска како на сликава. Пестицидите се озбилни хемикалии со нив нема играчка. Кога ќе ја купиш маската распрашај се како и дали се регенерира филтерот.
После користење на овие препарати најдобро е да се истушираш, а облеката да ја оставиш за перење, никако немој да прскаш со кратки панталони или мајца со кратки ракави некои пестициди се апсорбираат преку кожата и можат да те затрујат.
Ако си професионално изложен на пестициди, секојдневно треба да имаш и посебна исхрана, пиј секојдневно млеко или јогурт.
Секогаш кога ќе почуствуваш некоја иритација било на кожата или пак те тера на кашлање и слично, иди на лекар да те прегледа, ова ти го кажувам затоа што пестицидите може да предизвикаат алергии при подолга изложеност.