Еееее, како беше тоа...
Јас студент на Правен, таа на ПМФ. Јас во Пелагонија, таа во Кузман. Имав една од Кичево тогаш, со која раскинав, а таа имаше другарка која па беше колешка со оваа од приказнава (жена ми сегашна).
И, кога раскинав со Кичевчанката, некако многу другарчиња бевме со колешката на жена ми...
И си седам јас така во собата, и вели да те носам на гости кај една моја колешка...
Ај - велам - носи ме!
И ме однесе, се напивме кафе, сок ова она, и на одење јас се свртев и велам „ќе излеземе ли утре вечер?”, и се согласи...
Другата вечер излеговме во Кристијан, некоја жива свирка имаше, одевме јадевме, и бидна што бидна.
И еве сега по дома ми се мота, та и ќерка имаме...