В
Вештерот
Гостин
Ги молам некои од паметњаковичите на темава што ја исплукаа девојкава да се смират малку.
1. Појма немаме што и се случувало на девојката пред да стане бездомник. Имаме само едно видео од 2 минути и толку.
2. Појма немаме каков е животот во Лондон. Единствените информации ни се од пропагандата и перењето мозоци.
3. Бездомник станала на 18 години односно на години кога 99% од паметните на форумов цицале од фрижидерот на мама и тато, оделе во средно школо колку да се смуваат со некој/а и се пијанчеле по забави секој втор петок и сабота. Тие таквите на 18 години да им речеле од дома снаоѓај се немало ни 2 недели да преживеат на улица.
4. Пред да кажете дека треба да работи сетете се дека она е бездомник и нема ниту каде да се истушира, измие заби, облече итн. пред да оди на интервју. Одете вие на интервју неистуширани и со искинати алишта и најдете работа. Истотака огласите за работни места во развиениот свет се воглавном на интернет што значи дека нема ниту до тоа достап.
Значи не е се така едноставно како што си мислиме.
И немојте да мислите дека некој станал бездомник затоа што сакал да стане бездомник. Никој ама никој не сака да спие на минус температура во секакво време, или пак да не знае дали ќе има за леб денес и да му се сите врати секаде затворени. Нема мрзеливост која ќе те натера на таков живот.
А дека ако некој има желба да работи и дека кај и да е со работливоста ќе достигне некое ниво на пристоен живот се сложувам. Ама тоа не се случува преку ноќ . Може да трае и години. Особено ако државата те заборави на 18 години и си препуштен на улицата тоа трае подолго отколку што треба.
Инаку видеово е правено за некоја друга земја со друг начин на живот затоа не можеме да речем дека ние сме ја изгубиле човечноста. Сепак не берете гајле за неколку години ми се чини вакви стории ќе имаме и кај нас.