Каде започнува неверството?

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Сега, откако го исплескавте Љупчо по газето, може ли да продолжи дискусијава?

Значи постојат два вида на изневерување
ментално = кога во мислите постои друг, а не е партнерот
физички = кога постои одреден физички контакт меѓу двајца од кои едниот е во врска.
Мислам дека и двете се, само менталното е некако потешко, пошто срцето и мислите припаѓаат на друг, а не на партнерот.:helou:
Јас би ги расчленила понатака категорииве

1. Ментално (ова демек ако неверството е платонско и не дошло до физички контакт). Зошто не дошло до размена на телесни течности?
1а. не си се обидел заради верност кон партнерот
1б. си се обидел, ама другиот те откачил (поверојатно, те откачила) :) па сега мислиш на него/неа цело време, се понашаш како кловн во нивно присуство, обидувајќи се да го привлечеш нивното влијание, занемарувајќи го партнерот.

2. Физички
2а. Секс за една ноќ, или ете повеќе пати, ама исклучиво за секс, услуги од проститутки..
2б. Афера со љубовник/љубовница, односно некој спрема кој имаш (некакви) чувства и кој се надева дека еден ден ќе го оставиш примарниот партнер

Мислам дека би можела да простам све под а., под б. - многу, многу тешко, иако не невозможно. Идејата е секогаш да знаеш кој ти е партнер и зошто си со него. Другиот/другата секогаш да знае дека е макс. втор и дека нема на што да се надева.

Според некои анкети шо ги глеав не знам каде, на машките потешко им паѓа самиот чин на физичко неверство од партнерката, а на жените чувствата што партнерот ги има спрема некој друг.
 
P

Princ

Гостин
За мене неверството почнува од ПОСАКУВАЊЕ на друг/а во било кое поле (секс, љубов...) . Без воопшто никаков допир. Значи самото посакување на друг/а за мене е неверство.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Убаво образложи, е сега кое е потешкото, се што е под Б, нормално. Мада и бакнежот може да биде инзеверување, а не само секс, нели?
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
154
Поени од реакции
1
Неверството започнува таму каде што завршува љубовта што си ја чувствувал кон партнерот и мислите и срцето ти се насочени кон друга личност и на друго место.
 
Ivy_K

/
Член од
29 мај 2006
Мислења
1.206
Поени од реакции
16
ahh ljubov neznam moze i da se saka a da se ianeveruva????? ova go imam slusnato od eden i pazi vika pa jas ja varam zena mi ali so mislite sum doma... i sea????
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
neverstvoto proizleguva od nedoverbata i nesigurnosta vo partnerot t.e vo edna vrska spored mene najbitno e pocituvanjeto... i sigurna sum deka poprvo bi izneveril nekoj koj go saka ama ne go pocituva i ne e siguren vo namerite na svojot partner otkolku nekoj koj ne go saka tolku ama go pocituva i gi znae namerite na partnerot....
 
МнмлЧупе

Форум зависник
Член од
9 јуни 2009
Мислења
92
Поени од реакции
6
Или пак ти е толку ску*чено шо нема разбирање кон твоите потреби не можиш поќе да го гледаш, ама не можиш да му се скараш зш си мнооооооооооогу приврзана кон него и фактички почнува да забегва окцето по друг... а не да го неќиш...:helou:
 
Х

Ханзо

Значи ску*чено ти е, не те разбира (или пак си во пмс и крекаш дека не те разбира), не можеш поќе да го гледаш (а не да го неќиш), ама не можеш да му се скараш. Колку си само контрадикторна тука. Ако ти е преку глава некој, го оставаш. Приврзаноста, што велиш, во таа ситуација не е ништо друго освен страв од промена. Ништо друго не ве држи заедно ако веќе не можете да се поднесете. Тоа не е никакво оправдување за неверство, туку само знак на незрелост. Знаеш како викаат, чиста сметка - долга љубов...во случајов чиста сметка - јас пак сингл, ама барем совеста ќе ти биде мирна.
 
МнмлЧупе

Форум зависник
Член од
9 јуни 2009
Мислења
92
Поени од реакции
6
Значи ску*чено ти е, не те разбира (или пак си во пмс и крекаш дека не те разбира), не можеш поќе да го гледаш (а не да го неќиш), ама не можеш да му се скараш. Колку си само контрадикторна тука. Ако ти е преку глава некој, го оставаш. Приврзаноста, што велиш, во таа ситуација не е ништо друго освен страв од промена. Ништо друго не ве држи заедно ако веќе не можете да се поднесете. Тоа не е никакво оправдување за неверство, туку само знак на незрелост. Знаеш како викаат, чиста сметка - долга љубов...во случајов чиста сметка - јас пак сингл, ама барем совеста ќе ти биде мирна.
Само пример беше ова, а то "неќам поќе да го гледам" го мислиш дури се караш после поминва и на крајот ќе се прајме дека се е океј и ќе си ќутиме. А за сакање го сакаш (не ко на почеток кога се беше ко подмачкано ама пак, го сакаш) само не можиш да се помириш со то шо заради неговата НЕПОТРЕБНА љубомора си кратиш мн работи шо стварно не се ни најмала причина за љубомора, ама ете типот те сака и има развиено некоја теорија дека ако излезиш со другарки и со другари (без него) значи го неќиш или одма си мисли дека ќе ти се пушти некој од нив и шит лајк дет. А приврзаноста? Ех за то можи да кажи само личност шо има доживеано ваква работа па да видиме колку е "лесно" да остајш некој шо си бил заедно скоро 2 год 24/7... Надежта последна умира... :toe: :pipi:
 
Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451

Аха, и ако сфатив, ти ќе одиш со некого САМО заради тоа што си приврзана за него, for old time's sake?
Ааабе ајде, никој не е толку пожртвуван.

Неверството?
Грешна работа, мајкеми.
Ако едноставно, не си задоволен со тој/таа што ја имаш покрај себе, секогаш можеш да раскинеш со него/неа. Не ќе се залажуваме, мислејќи дека првобитната состојба на врската ќе се врати.
Well, flashing news: it won't! Иако ти се задоволуваш со некој кој ги има карактеристиките што ти фалат во партнерот, ти секогаш ќе наоѓаш во оној кој што ти е партнер.
Може не свесно, но потсвесно сакаш очајно да ја прекинеш таа врска!
И подобро да се прекине веднаш, отколку да се почне со изневерување. Многу ниска работа бре.
 
Ебати врската таква. :) И ебати врската во која пола време ти поминува во мислење на некој друг. Темата е неверство, а ти чинам одобри неверство во некои такви „неќам да го гледам“ моменти...и што после кога ќе се смирите? Затоа зборував јас, кога ќе почне да ти лета умот насекаде, готово е со таа врска, не две, дваесет години да трае.
 
Не одобрувам изневерување бе, грешно мислиш. Јас само давам опис на некоја ситуација. А за то дека треба скарвање ако дојди до ова, треба и покрај то шо одредено време ќе ти биди тешко - ќе помини.

Аха, и ако сфатив, ти ќе одиш со некого САМО заради тоа што си приврзана за него, for old time's sake?
Ааабе ајде, никој не е толку пожртвуван.

Неверството?
Грешна работа, мајкеми.
Ако едноставно, не си задоволен со тој/таа што ја имаш покрај себе, секогаш можеш да раскинеш со него/неа. Не ќе се залажуваме, мислејќи дека првобитната состојба на врската ќе се врати.
Well, flashing news: it won't! Иако ти се задоволуваш со некој кој ги има карактеристиките што ти фалат во партнерот, ти секогаш ќе наоѓаш во оној кој што ти е партнер.
Може не свесно, но потсвесно сакаш очајно да ја прекинеш таа врска!
И подобро да се прекине веднаш, отколку да се почне со изневерување. Многу ниска работа бре.
Знам, јас реков дека не одобрувам изневерување. А за то дека ќе одиш со некој само заради то шо си приврзан за него никогаш не реков така, реков дека уште си со него зш го сакаш И си приврзан со него и фала богу се надеваш дека тингс вил гет бетр... :salut:
 
yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Ако не ми каже навреме, неверство е (ја изневери мојата доверба). Ако ми каже со време, вака и вака, па со отворени карти да играме, не е неверство туку се сведува на заедничка одлука што ќе правиме понатаму со нашата врска.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Само пример беше ова, а то "неќам поќе да го гледам" го мислиш дури се караш после поминва и на крајот ќе се прајме дека се е океј и ќе си ќутиме. А за сакање го сакаш (не ко на почеток кога се беше ко подмачкано ама пак, го сакаш) само не можиш да се помириш со то шо заради неговата НЕПОТРЕБНА љубомора си кратиш мн работи шо стварно не се ни најмала причина за љубомора, ама ете типот те сака и има развиено некоја теорија дека ако излезиш со другарки и со другари (без него) значи го неќиш или одма си мисли дека ќе ти се пушти некој од нив и шит лајк дет. А приврзаноста? Ех за то можи да кажи само личност шо има доживеано ваква работа па да видиме колку е "лесно" да остајш некој шо си бил заедно скоро 2 год 24/7... Надежта последна умира... :toe: :pipi:
re4imu nakopiлјot лјubomoren deka ne go bidva u krevet...pa da go vidime:pos2::pos2:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom