Каде започнува неверството?

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
Драги мои кофорумџии.
Се прашувам од некни од каде почнува неверството.
Дали обичното правење муабет со личност од спротивниот пол е неверство?
Дали навидум невиното флертување е неверство?
Дали неверството започнува со бакнеж усни на усни?
Дали пак неверство е дури и сајбер - сексот?
Дали е неверство реалниот секс?

Сакам да видам какво мислење имате за оваа тематика.
И очекувам искрени одговори..


патем една забелешка до администраторите:
Знам дека има слична тема која воопшто не опишува каде започнува неверството туку ги пронаоѓа границите.
 

Handsome

Love me or Blow me !!!!
Член од
21 јануари 2006
Мислења
852
Поени од реакции
1
[MkD]Scout напиша:
Драги мои кофорумџии.
Се прашувам од некни од каде почнува неверството.
Дали обичното правење муабет со личност од спротивниот пол е неверство?
Дали навидум невиното флертување е неверство?
Дали неверството започнува со бакнеж усни на усни?

Дали пак неверство е дури и сајбер - сексот?
Дали е неверство реалниот секс?

Сакам да видам какво мислење имате за оваа тематика.
И очекувам искрени одговори..


патем една забелешка до администраторите:
Знам дека има слична тема која воопшто не опишува каде започнува неверството туку ги пронаоѓа границите.
од овде почнува...а реалниот секс е веќе за носење на бесилка :pos2::pos2::pos2:
т.е. сама нека оди јас да не дознаам...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Во проблематичните врски неверството изгледа како едноставна алтернатива, подобра од мачното раскинување или агонијата на разводот. Во основа, постојат десет причини поради кои луѓето се подготвени да ги изневерат своите партнери.

10. Партнерката е ретко (или не е никогаш) расположена за секс
Очигледно дека во долгите врски многу од луѓето ја губат желбата за секс, со тоа оставајќи го партнерот самиот да трага по телесните задоволства. Кога ќе се појави потреба за "уште повеќе секс", многу од нив почнуваат да "остануваат на работа до доцна". Друга можност е дека сексот едноставно станал премногу предвидлив и досаден. Таа не е склона кон новитети во креветот, одбива да експериментира, не сака фелацио... Некои од мажите навистина ги изневеруваат своите девојки или жени затоа што тие не ги прифаќаат сексуалните чинови кои би го уништиле нивнот имиџ на "добри девојки". Затоа, мажите си наоѓаат љубовница која ќе се погрижи за тоа.

9. Таа го изневерува него
Кога мажот ќе открие дека жената е неверна, се ослободува од насобраниот бес со тоа што и тој го прави истото што и таа. За многу мажи тоа е единствениот начин да се одмаздат на своите неверни партнерки.

8. Предизвикувачки и возбудливо
Доколку жената со која што спијат ја гледаат како сексуален трофеј, сигурно барем еднаш биле неверни. Постојат мажи кои едноставно не можат да живеат без тоа возбудување кое им го пружа ловот на жени и освојувањето. Кај некои се работи само за потреба за промена.

7. Измамата може да пројде
Тоа што не го знаеме, не може ни да не повреди - вели една стара поговорка. Самото сознание дека никој не може да открие што се случило и следствено на тоа - никој нема да биде повреден. Ова е доволна причина мажите да ја зграбат шансата.

6. Неверството го храни машкото его
Ништо не ја подига машката самодоверба како сознанието дека некоја друга жена го посакува. Во сите долги врски, мажите се прашуваат дали сеуште добро би прошле кај спротивниот пол.

5. Шанса на дофат на рака
Неоспорен е фактот дека мажите не можат да кажат "не" кога сексот е на видик. Бидејќи мажите не се константно бомбардирани со понуди за секс, понекогаш ќе се појави и неочекуван и неодолив "подарок". Некои од мажите ова го сфаќаат како животна шанса, па си велат - carpe diem!

4. Жена која секогаш има забелешки
Секој маж барем еднаш во животот имал искуство со жена која ужива да му го загорчува денот. Поради постојаните дрдорења, некои од мажите едноставно бараат средство кое ќе им ги ублажи главоболките. Неверството за нив е бегство од домашниот пекол, а делува поефикасно од аспирин.

3. Таа дозволува неверство
И тоа е вистина, има и такви случаи. Постојат жени кои се подготвени да им ги простат неверствата на мажите. Можеби од страв дека ќе останат сами, или затоа што се сожалуваат. Некои жени дури се обвинуваат самите себе си за неверствата на нивните мажи. Но, фактот дека многу жени простуваат неверство и дозволуваат нивните мажи и покрај очигледниот грев да се извлечат неказнети, мажите само ги охрабрува повторно да го направат истото.

2. Партнерката не ги возбудува повеќе
Долгите врски имаат и таква немила карактеристика - луѓето едноставно стануваат мрзливи. Повеќе не водат сметка да изгледаат атрактивно и убаво. Жената многу лесно може да го изгуби тоа што некогаш го имала во неговите очи. Можеби тој повеќе не ја гледа како убава, а водењето љубов со неа не е возбудливо како некогаш. Поради тоа, мажите најчесто и наоѓаат љубовници помеѓу младите и убави жени.

1. Недостаток на љубов
По извесен период поминат во врска, понекогаш исчезнуваат емоциите кои некогаш ги имале еден кон друг. Меѓутоа, таа врска веќе станала составен дел од нив самите. Разделувањето изгледа како премногу болно и радикално. Наместо разделување, мажите одат таму каде што ќе најдат задоволство. Во повеќето случаи, ова значи само одложување на разделувањето.

И конечно, имајте на ум дека неверството не е безизлезна работа. Доколку ја изневерувате својата девојка или жена, можеби сте несреќни во врската или самите имате проблеми за кои никако не смеете да ја обвинувате патнерката. Треба да сте свесни дека вашето неверство е симптом на сериозни проблеми. Можеби тоа изгледа како бегство до тие проблеми, но не носи долгорочно решение.
 
Член од
10 март 2007
Мислења
242
Поени од реакции
46
Neverstvoto sekogas zapocnuva vo glavata . Ako izlezis u grad i si velis : daj be da ebnam nesto nastrana , normalno deka veke pocnalo , ama ako si velis : ma kakvo varanje kolku si ja sakam zenata , nema pocetok na nikakov proces , si velam jasen sum vaka
 
Член од
5 април 2007
Мислења
252
Поени од реакции
4
Pa za mazite definitivno provokativno obleceni zeni e sosema dovolno za pocetok.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
[MkD]Scout напиша:
Дали неверството започнува со бакнеж усни на усни?
Дали е неверство реалниот секс?
мене ова не ми претставува енигма воопшто. се знае- неверство близок контакт меѓу "злосторниците"(бакнежи) и сексуални односи. измеѓу овие две работи се случуваат и спаѓаат држењето за рака, прегрнувањето... сајбер секс-не, флерт, комуникација-не е неверство.:hitler:
 
Член од
1 април 2007
Мислења
132
Поени од реакции
3
jas mislam deka neverstvoto zapocnuva koga veke se izladeni custvata sprema partnerot(no podobro ako ne custvuvas nisto da raskinas) no vo poveke slucaevi mislam deka momcinjata se tie koe sekogas pagaat na iskusenija na nekoja "STEGNANA DEVOJA" a spored mene sekoj si ima svoja ubavina ...no ima i devojki sto imaat nabieno kompeksi deka se mnogu ubavi i ne go pocituvaat partnero i eden da im kaze deka se mnogu ubavi tie mozat da zabravat na svoite obvrski sprema partnerot...a sepak neverstvarata ne se ubavi :nenene:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Неверството почнува во моментот кога еден од партнерите ќе помисли на тоа.

Штом помисли на такво нешто-очигледно нешто не штима во врската.

И да-сајбер сексот Е неверство.:helou:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Cyber sex неверство?!

Пишувањето реченици е неверество? Буковски би бил модерн тајм Дон Жуан...
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Скулгрл напиша:
Неверството почнува во моментот кога еден од партнерите ќе помисли на тоа.
Штом помисли на такво нешто-очигледно нешто не штима во врската.
И да-сајбер сексот Е неверство.:helou:
1.ако јас помислам да ја изварам, а не го сторам тоа-неверство е?
2.ако сум помислил, да, можеби нешто не штима-ама немора да значи. и со тоа (помислата) јас пак извршувам неверство?
3.како тоа сајбер сексот е неверство? ако на мсн, преку камера, ми се соблече некоја канаѓанка гола, тоа е неверство? а порките шо ги глеаме? и тоа е неверство?
 
Член од
6 јуни 2006
Мислења
280
Поени од реакции
5
Па од каде започнува???
Од кавгите,недовербата,неразбирањето,немањето толеранција и напнати стуации. Сето тоа во една врска доведува еден од партнерите да има потреба од друг. Едноставно имаш потреба од нечие внимание и доста ти е од напнати ситуации и бараш разбирање од некој друг.
 

duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
Неверството почнува од моментот кога ке добиеш желба до моментот кога ке го направиш намисленото.Ао само имаш желба а не си направил ништо-тогаш ништо а ако си бил во акција е тогаш си неверен.
И неверство се бакнежот и сексот со некој се е друго гола вода.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
1.ако јас помислам да ја изварам, а не го сторам тоа-неверство е?
А зошто сите неверството го сфаќате само како физички престап?
2.
ако сум помислил, да, можеби нешто не штима-ама немора да значи. и со тоа (помислата) јас пак извршувам неверство?
Значи за тебе е нормална работа да помислиш на неверство ако врската ви е во ред? За мене барем не е така.
3.
како тоа сајбер сексот е неверство? ако на мсн, преку камера, ми се соблече некоја канаѓанка гола, тоа е неверство? а порките шо ги глеаме? и тоа е неверство?
Тоа е веќе субјективно сфаќање. За мене сајбер сексот е неверство. Зошто? Поперверзна и извитоперена работа од сајбер секс нема. Едноставно помислата за тоа ми е одвратна. Затоа- исходот од таквиот секс би бил ист како и реално неверство. Не простувам.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Скулгрл напиша:
А зошто сите неверството го сфаќате само како физички престап?
нема друг начин на сваќање. или го правиш или не. јас помислувам и сакам да имам секс со luisana lopilato. тоа ме прави неверен? тоа значи дека сум ја изварал девојка ми? глупост. што ќе се случеше да можевме мисли да читаме...
Скулгрл напиша:
2.Значи за тебе е нормална работа да помислиш на неверство ако врската ви е во ред? За мене барем не е така.
земи го примерот погоре. си помислувам да имам секс со бијонсе. штетно е тоа? се шетам у гтц со другари.... глеам тоб девојка, си помислувам како сум со нејзе... тоа е неверство? или имам очи и имагинација и смеам да ги користам?
Скулгрл напиша:
3.Тоа е веќе субјективно сфаќање. За мене сајбер сексот е неверство. Зошто? Поперверзна и извитоперена работа од сајбер секс нема. Едноставно помислата за тоа ми е одвратна. Затоа- исходот од таквиот секс би бил ист како и реално неверство. Не простувам.
тоа е твој начин на сваќање. што е перверзно и извитоперено? тоа што ќе се соблечеш сама дома? и некој од токио(на пр.) ќе те гледа и обратно? тоа е желба на некои, па и забава. ништо страшно и штетно. дали чет на мсн го сваќаш како неверство? "dirty chat"?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Секој на свој начин си го дефинира неверството, затоа не се ни трудете да си објасните некои работи. Исто така, причините за почетокот секогаш се различни, така да - тешко е да се објасни што би можело да доведе до „неверство”. За мене "сајбер сексот" не е неверство, но дефинитивно е идиотска работа која (прво) никогаш не би ја направил и (второ) доколку мојата девојка ја направи со некој друг - би ја сметал за ниско интелигентно битие и би се изнасмеал во фаца. :)

Неверство е тогаш кога ќе ги изневериш чувствата на парнерот. Тоа може да се случи на повеќе начини. И пак ќе повторам, секој различно ги поставува границите на неверството, така да - темава ми е некако... "бунар без дно".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom