Каде да наjдам? [Food Edition]

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Од таа ОТП од основно фирма последниот пат кога бев дома купував телевизор точно 7 (со букви, седум) саата. Ама е, стариот се фати, истиот модел поевтин бил за негде 1,500 ден од Нептун и да не сум фрлала пари ама да знаев дека цела сабота ќе се ебавам со нив како фирма, од продавач преку касиерка и баркодови и 3,000 повеќе ќе дадев во Нептун.
И кај овие зависи од продавачот до некоја мера.
Лани од кај нив зедов лаптоп, го немаше на лагер во Анхоч, а ми беше апла итно оти изгоре стариот и отидов во ГТЦ во тој салон што им под кино Милениум, дечкото беше супер услужлив и завршив работа за 5 минути.
Инаку јас и со Нептун еднаш имав незгодно искуство, во куќа ми го донесоа фрижидер и го фрлиле ликовите на улица, ги молела мајка ми да го внесат само 2 метри во дворот и ликовиве фино лепо и рекле ние тетке само до тука (ееј 2 метри е портата од улицата, нема раце да му се фатат ако го поместат).
 
Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117

Нептун имаат сервис деливери до дома и се плаќа, јас лани земав машина за перење и ми ја наместија испробаат се ко што треба. Или не си знаел за тоа или требало мајка ти да фрли 500че за да ги внесат.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Нептун имаат сервис деливери до дома и се плаќа, јас лани земав машина за перење и ми ја наместија испробаат се ко што треба. Или не си знаел за тоа или требало мајка ти да фрли 500че за да ги внесат.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
Знам дека треба за до дома, зборувам за во куќа до двор, од улицата до дворот има 2 метри.
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Нема некој што ми се нема пожалено од Нептун, лаптопите посебно па крш им се. Од Сетек само позитивна искуства. :toe:

Како и да е, за сецко нема да згрешите кое било, не е вистина дека само некои мелат семки.
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Да, најквалитетни се. Особено Superior Technology фирмата, немаш утка со било каков продукт од нив.
Да, уште еднаш напиши го мислењето, не го прочитав првиот пат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Да, најквалитетни се. Особено Superior Technology фирмата, немаш утка со било каков продукт од нив.
Колку пари толку музика.
Што поседуваш ти од ST?

П.С дури и добри брендови во последно време знаат да потфрлат уште првите месеци после гаранцијата, јас имав DELL лаптоп, матичната отиде на неполни 3 месеци откако му помина гаранцијата, Самсунг телевизор кај другар платен 34 000 денари издржа едвај 4 години, за сервис му побараа 450 евра, овие барем знаеш од старт го земаш да прогура 1-2 години дури е гаранцијата и „ако се погоди“ уште 3-4 години и пак нов.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Незнам дали ја има марка hurricane у Македонија,али било кој кујнски робопт или процесор е врв во основ на цена/качество, дури во некој параметри боље од robot coupe.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Да, уште еднаш напиши го мислењето, не го прочитав првиот пат.
Тогаш зборевме за блендерот, со вториов коментар напоменав дека секој продукт од таа фирма е врвен квалитет, германско производство.
Не се обидувај својот шпарачки менталитет да го релативизираш, те молам.
Со цел памет викаш Сетек само позитивни искуства, според колку, 2-3ца твои познајници или не дај Боже само твое искуство?
Оди читај ја на ИТ форум темана па врати се.
Хехенце едно.
П.С дури и добри брендови во последно време знаат да потфрлат уште првите месеци после гаранцијата, јас имав DELL лаптоп, матичната отиде на неполни 3 месеци откако му помина гаранцијата, Самсунг телевизор кај другар платен 34 000 денари издржа едвај 4 години, за сервис му побараа 450 евра, овие барем знаеш од старт го земаш да прогура 1-2 години дури е гаранцијата и „ако се погоди“ уште 3-4 години и пак нов.
Ја имав Дел лаптоп 10 години и уште тера, а помина 3 корисници. Пред 2 години купив пак Дел лаптоп, се си е океј.
LG телевизор пред 5 години, функционира сеуште супер. Dell монитор, 6 години, 0 проблеми.

Изглеа ми се погодилo така, може да сум единствен :D
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Тогаш зборевме за блендерот, со вториов коментар напоменав дека секој продукт од таа фирма е врвен квалитет, германско производство.
Не се обидувај својот шпарачки менталитет да го релативизираш, те молам.
Со цел памет викаш Сетек само позитивни искуства, според колку, 2-3ца твои познајници или не дај Боже само твое искуство?
Оди читај ја на ИТ форум темана па врати се.
Хехенце едно.

Ја имав Дел лаптоп 10 години и уште тера, а помина 3 корисници. Пред 2 години купив пак Дел лаптоп, се си е океј.
LG телевизор пред 5 години, функционира сеуште супер. Dell монитор, 6 години, 0 проблеми.

Изглеа ми се погодилo така, може да сум единствен :D
Излегува работата како ќе се погоди, ете јас од ST имам само една пегла дома и не знам колку ќе тера, али имам земано брендови: QUART, FAVORIT, BEKO кои иако не се премиум еве ги тераат по 5-6 години без проблеми, а на старт беа за 30-40% поефтини со исти перформанси од: LG, PHILIPS, SAMSUNG.

Вујко ми оди по твојава логика на исклучиво брендови, машина за перење BOSCH од прв ден како ја зедоа додека не и помина гаранцијата повеќе време беше на сервис отколку кај нив дома.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Излегува работата како ќе се погоди, ете јас од ST имам само една пегла дома и не знам колку ќе тера, али имам земано брендови: QUART, FAVORIT, BEKO кои иако не се премиум еве ги тераат по 5-6 години без проблеми, а на старт беа за 30-40% поефтини со исти перформанси од: LG, PHILIPS, SAMSUNG.
Веруј Quart и сличните се класи над ST.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Инаку го пробавме денес блендеров од Агротехна: Vox TM 6003 и тоа со:

мелење на овес - го направи буквално брашно.
мелење на семиња: микс од ленено семе, семе од тиква - ги направи исто ситни како брашно.
микс од: аронија, малини, веј протеин, банана, јогурт - немаше останато никакви парчиња ни во ова.

немав при рака цвекло и моркови живи за да го тестирам со нив дали ќе има снага да ги работи, исто и дали ќе може да мели кикиритки и бадеми за путер, во прва прилика ќе го пробам и ова, инаку за гранола и за смути ќе брка работа без проблем.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.542
Да, најквалитетни се. Особено Superior Technology фирмата, немаш утка со било каков продукт од нив.
и јас доста со скептизам гледам на ст иако кај девојка ми у соба 6год без мака си пичи
ова со маркиве ко да нема мн разлика барем кај нас, неколку пати сум бил у сервисот на нептун и буквално иам видено мн скапи апарати донесени на поправка

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
Се продаваат ли некаде баш класични Wurst колбаси, некои хербс/чили варијанти и сл?

Оние како што ги има во Виена, Прага и низ Германија?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom