Каде би сакале да живеете?

Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Би сакал некаде во пустна, подивев од овој цивилизиран свет.
 

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Anchorage, Alaska. Аласка во глобала ми се допаѓа, студот ми прилега, со него исто така доаѓа и чистота на средина. Мала густина на население. Обилство на физичка работа во природа, цепење дрва, лов и риболов. Чувството да се грееш на огрев на -30, да скриеш девојка од ладното, да се бањаш на најголем студ. Се водиш под Америка значи ако ти запне да смениш околина можеш. Имам впечаток дека места каде си поизложен на елементите ги прави луѓето посолидарни. Aurora Borealis.
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Зошто убаво ми беше искуството во Америка, би живеела во САД. Е сега, тоа е широк поим. Иако ми се допаѓа Њујорк, сепак би сакала повеќе на западниот дел. Кога би можела, би живеела на Хаваите. Би сакала да знам да сурфам и да имам своја продавница со сурферска опрема и од тоа да заработувам. Да продавам опрема и да давам часови по сурфање. Би сакала да живеам на Мауи, да работам со сурфање, да нуркам, да ловам морски работи, да посетувам пештери, да искачувам врвови на Хаваиски брда и вулкани, да уживам во водопади, да јадам риба на скара и тропски овошја, да играм хула, да уживам во плажа и океан!

Ако не, може и Лос Анџелес.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Урбани места Београд или Санкт Петербург


Додека после 35-6 би сакал некое планинско мирно место со чиста природа, некое село во Скандинавија...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
58
Поени од реакции
28
Искрено Ирска е многу убава за живеење, но сепак би живеел во Уругвај или Аргентина. Прекрасни држави, прекрасен народ, култура, слобода итн. Во Уругвајни Аргентина нивото на криминал е многу далеку под тоа во Бразил. Еден пријател има братучед кој се пресели во Аргентина и вика перверзија... Југославија во осумдесеттите. Слобода, љубов, почит, систем, права, мир итн. Платите не се многу високи ама слободата не се купува со пари. Исто така во периодот 1918-1936 од Македонија имаат емигрирано околу 30000 луѓе во Арг. Хрватите имаат заедница таму. Нацистите не бегале за џабе таму со пари и се останато... Затоа Аргентина/Уругвај дефинитивно
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.243
Поени од реакции
5.273
Од Европа би сакал да живеам во овие земји: Португалија, Шпанија и југот на Франција, а од Америка во оние пустински стејтс како што се Аризона, Њу Мексико, Невада Калифорнија. Ем убаво топличко време ем (скоро) секогаш сончево, а што е најважно температурите во зима ретко одат под нулата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom