Вчера на Св.Кирил Џајковски
Прво требаше да се зберам со друштво едно што го немав видено од младоста, и се чекавме на плоштад. Додека да се збереме ги дружев фоторепортрите од Дневник и Шпиц кои фотографираа за нивните весници. На сферите за вртење имаше една металка у сукња :wub:
Потоа се собравме и тргнавме кон чаршија. Прво што ме изненади полна чаршија со убав народ. Второ што ме изненади беше музејот и бината. Давам оцена 10 од 10. Единствено пивото малку прескапо, 100 денари за чаша... скапо ми е
Првин имаше еден бенд од странствно, сите црни како Џими
Gangbe Brass Band. Свиреа џез инспириран од африканските народни песни.
И дојде неговото височество Кирил, заедно со бендот, Серџук Оркестарот и Рас Твид. Едини бед е што дружинава моја слабо стоеше со кондиција па си отидовме после Rise up your hands. Патем она sweet Alexander, мислам дека се однесува на Аче, гитаристот
И после на јадење од Жу-Жу ГТЦ, и пат кон дома. Вакво убаво искачање не сум имал од одамна.