Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 5.714
- Поени од реакции
- 22.212
Значи секогаш полунефоралните средби излегуваат најтенк.
Се почна со еден билатерален договор за дегустација и следствено одѕвонување стакло од стакло на Комфорт. Ќејф ми се нарави што локацијата беше во еден моите омилени ако не и омилен кафиќ. Ентериерот во фенси стил, музиката варијација на џез со зачини од лајт хаус, атмосферата како и секогаш опуштена. После традиционалната неколкуминутна тишина прозилезена од недоволното познавање на останатите партиципанти допполнето со некоја чашка како во игра на бриџ почна отворот. Почнувајќи од општи муабети, па уметноста литературата и јазикот, преку политика вести и економија, па се до чек дис, хумор и сеир без игри. После веќе солидната инфлуенција на етанолот, и неколку делови на мало органче пиво не држи спонтано падна договор да се отиде на истоимената локација по која што е познат Едисон Арантес Де Насименто Пеле. Таму почна вистинскиот клабинг оној суштинскиот што не познава вера, раса, пол, жанр на музика или квантитет на луѓе по метар квадратен.Тоа беше масовно исфрлање на адреналин (напомена-во некои организми адреналин не постои. Види феномен гижитис), симптомизирано преку скокање, хедбенгирање, и повишена вокална интерпретација на композициите односно дерење. Секако за искуството да биде исклучително се погрижија Даме и пријателите кои на мое големо изненадување се погодија да свират баш таа вечер со одличниот избор на мелодии од мешани групи и рок стилови. Се разбира уморот на крајот не совлада и моравме со тешко срце, мила душа и шоферски ризик јак да го напуштиме објектот. Се беше како во времето кога немаше ограничување на работните часови на локалите.
Се почуствував како повторно да е 99-та. Тоа траеше нормално до сабајлево кога тргнав на работа наместо со двојна 57-мица таму негде карши Дом на Градежници.