https://www.facebook.com/gradskiparkkavadarci/
придружете се на оваа група на фејсбук. да го зачуваме нашиот парк од бизнис интересите на поединци!
Буквално ништо нема да можеш да направиш, ама буквално.
За да им се урбанизира живеењето треба да поминат барем едно 10 години, до тогаш кал ќе газат.
Знаејќи колку е битна природата за ерозијата на земјиштето, сечењето на паркот само побрзо ќе направи нивните градби да бидат срушени/оштетени од природата т.е да имаат многу поголеми проблеми. Тоа е една страна, од друга страна да се санираат тие работи и урбанизира тоа треба многу пари, што овие поединци ги немаат.И ако прават згради о
Комунистите саделе на времето и имало зошто, а ако побараш како им се имињата на некои од овие делови каде се гради, ќе ти стане јасно зошто комунистите саделе шума.
Ако живееш во близина што поскоро продај ја куќата или станот и купи некаде во кавадарци каде е урбанизирано, а можеш и на тие глуперди што градат да им го продадеш за повисока цена.
Дека нешто ќе сменеш, преку борба преку институциите, си се излажал, бидејќи буквално ништо не функционира освен законите на физиката.
И ако мислат дека тие поединци, ќе направат пари од градење згради се излажале, со оглед на тоа што голем дел од тие што треба да купат станови во кавадарци не живеат повеќе во кавадарци. Ќе излезе ова како со становите во Охрид, прва година 1500е м2, после 5 години, 500-700е м2.
Ако мислиш дека функционираат тогаш запрашај се зошто локалните газди ги качија платите дури кога дојде Дрексермајер, фирма што работи по закон ?