Кабала и нејзината симболика

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
И откако си поприкажавме со форумџиите за работи што немаат врска со темата...
Ајде сега малку кабала...

Ете еден школски пример...
Го споменавме претходно методот наречен нотарикон. Според него ако имаме една реченица и ако ги земеме првите букви од секој збор што ја градат таа реченица се добива(не секогаш) збор кој што дава подлабоко разбирање и разобличување на таа реченица.

На пример во еврејскиот закон стои ова: מי יעלה לנו השמימה што во слободен превод би било „Кој ќе оди во рајот?“, „Што ќе не чини рајот“ ако сакате поточно.

Според нотариконот се добива מילה што во превод замислете значи обрезување (сунет). Ако пак ги земете последните букви од секој збор се добива יהוה што сите знаеме што значи и нема да го прочитаме (како што прават и добрите рабини) и ќе го наречеме Тетраграматон.

Значи од ова прашање дознаваме и што е одговорот без да талкаме низ законот.
Богот(преку своето четириделно име) поставил пат како евреите да дојдат до рајот! Да се обрезуваат, и тоа го сокрил во прашањето на кое се бара одговор!

Сега ние како прибирливи и логичари, нема да го послушаме богот и ќе си носиме казна според законот. ;)
Значи, според тебе мотото гласи: сечете се момци па да идете у рајот!!! Какво прекрасно таинствено толкување на некаков си закон... брао (клап клап клап)...
Во Стариот Завет е убаво напишано дека обрезанието било како сведоштво за Заветот помеѓу Бог и тогашниот Божји избран народ. Кратко и јасно. Со стапување на Новиот Завет тоа не важи бидејќи Божјиот народ, Новиот Израил кој го создаде Бог и склучи Нов Завет обрезанието го губи смисолот. За ова може да се збори не на страници туку на томови ама тука е друга темата па затоа и на тоа ќе се задржам. Кабалата и нејзината бесмисленост.
Што се однесува до Старозаветните пророци, тие го објавувале Божјиот збор кога Светиот Дух слегувал на нив и ги засенувал. Денес, преку крштевањето секој го добива Светиот Дух како дар и завет од Бога. Вие, како и вашите учители, рабините, можете да си користите дрога на тони па халуцинирајте кооолку ви душа сака. Тоа ви е и учењето кое го оправдувате, а бидејќи сте далеку од Бога и неможете да приомате од него, можете да си шмркате и да си халуцинирате за Ајвази, мамлази и сл. па дури и да зборувате со кокошки и да ги толкувате (примерот е од горенаведен пост на една многу интелектуална особа). Тоа е кабалата - науката која секој треба да ја знае... абе појам...
Фактот дека ги мразиш Христијаните само го потврдува твоето одвратно однесување како типичен пример на предок на оние кои пред 2000 години си ја изрекоа клетвата велејќи: "Распни го! Распни го!" и "Крвта Негова да падне на нас и на нашите деца". Затоа до ден денешен, вашите мили Ционистички рабини ве дојат со омраза кон Христијаните како знак на немоќ во секој поглед.

садисвакција
Ја знаете песната од Стоунси: I can't get no satisvaktion (садисвакшн на македонски - можда има врска со садисти нешто, а?)...?!!!

P.S: Со таков правопис и со едно такво познавање на македонскиот јазик, погорепосочениот научник со огромното негово знаење не гематрија, не нотарикон, него нови методи и клучови ќе измисли.

P.S2: Не се срамите да си ставате лајкови на секој ваш пост? Баш имате секташки начин на размислување каде двајца без тројца се бодрат за да си се тешат меѓусебно дека си се во право... абе пародии...

Си го правам ќефот и не заборавајте, Невски ве љуби сите ;) Тоа беше законот?
питање: Користите сите оние смешни методи и на кирилица или само на еврејски и евентуално на грчки?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Најдобриот лек за троловите е игнорирањето.

Онтопик:
За оние чија цел е да дознаат нешто, малку основа:

Постојат десет сефироти поврзани преку 22 патеки.
-Кралството (Malchut מלכות) е најниската Сфера или сефирот. Точката каде што се наоѓа овој сефирот на дрвото на животот го означува Знаењето за "доброто" и "злото".

-Основата (Yesod יסוד) е Сфера веднаш над Кралството и точката каде што се наоѓа овој сефирот ги означува Слободата и Слободната Волја.

-Убавина (Tiferet תפארת) е во центарот на Дрвото на Животот и означува Изобилство.

-Круната (Keter כתר) е највисоката Сфера или Сефирот и означува Милост и Божествен Извор на Свест.

-Раскош (Hod הוד) е најдолната лева Сфера, која означува Креација.

-Острина (Gevurah גבורה) е средната лева Сфера, еквивалент на Yin која ги означува мрачните, женски или негативни енергии.

-Разбирање (Binah בינה) е најгорната лева Сфера, означува бистрина, јасност, чистота.

-Победа (Netzach נצח) е најдолната десна Сфера, еквивалент на Yang, ги означува позитивните, светли или машки енергии.

-Милост (Chesed חסד) е средната десна Сфера, означува задоволство.

-Мудрост (Chochmah חכמה ) е најгорната Сфера од десно, и означува хармонија.

Овие Сефироти се поврзани помеѓу себе на следниот начин:

-Кундалини (Tau) точката ги поврзува Кралството со Основата. Кундалини енергијата го креира и одржува животот и неговите процеси.

-Манифестацијата (Samekh סמך) ги поврзува Основата со Убавината.

-Израмнувањето (Gimel גימל) ги поврзува Убавината со Круната.

Во Центарот на Дрвото, почнувајќи од дното, овие три вкрстувања ги поврзуваат спротивните Сефироти создавајќи рамнотежа.

-Рамнотежата на сличностите (Peh פ) ги поврзува Раскошот со Победата.

-Рамнотежата на Поларитетите (Teth ט) ги поврзува Острината со Милоста.

-Вештината (Daleth ד) ги поврзува Разбирањето и Мудроста.

Последните четири патеки, ги поврзуваат Сефиротите од дното кон врвот, на левата и десната страна на Дрвото.

-Вера (Mem מ) ги поврзува Раскош со Острина.

-Простување (Cheth ח) ги поврзува Острина со Разбирање.

-Мудрост (Kaph כ) ги поврзува Победа и Милост.

-Мир (Vav ו) ги поврзува Милост и Мудрост. Сферата Мудрост, претставува мудрост здобиена преку перспектива на Душата.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
Значи, според тебе мотото гласи: сечете се момци па да идете у рајот!!! Какво прекрасно таинствено толкување на некаков си закон... брао (клап клап клап)...
Фактот дека ги мразиш Христијаните само го потврдува твоето одвратно однесување како типичен пример на предок на оние кои пред 2000 години си ја изрекоа клетвата велејќи: "Распни го! Распни го!" и "Крвта Негова да падне на нас и на нашите деца". Затоа до ден денешен, вашите мили Ционистички рабини ве дојат со омраза кон Христијаните како знак на немоќ во секој поглед.
Оф-топик:
Значи јас не дадов мој став што мислам за обрезувањето, ова е кабалистички метод, јас само го изнесов и ве информирав како работи според евреите кои ти не ги сакаш од дното на душата. Тоа е еврејски закон и евреите го почитуваат. Ти како рисјанин што мислиш за еврејски закон, е сосема небитно.

Јас не ги мразам христијаните... не можам да мразам група на луѓе. Јас само не сакам поедини луѓе што се преставуваат лажно! Рисјани што не прават ништо од законот кој го дрдорат наоколу, тие не ги сакам, но не ги мразам. Има разлика. Во мојата фамилија има христијани и супер се сложувам со нив и нивните верувања, како и тие со моите животни филосогии, бидејќи ги следат доследно и не заморуваат никој со нивната животна философија, ако не бидат прашани за неа, нормално. Ти мешаш станици момче... Смени си статусто на профилот, бидејќи твојата омраза ќе те однесе во пропаст!

Ако мене ме прашуваш, јас секој нов спасител би го распнувал ако треба „за да се исполни секоја правда“ како што рекол Исус ;) Ако законот вели дека идниот спасител ќе дојде како молња, има начин да го фатиме во шише... :)

И пак, не мразам луѓе, само не сакам луѓе кои живеат лажно, проповедаат едно а нивните дела говорат друго.

Он-топик: Вештината (Daleth ד) ги поврзува Разбирањето и Мудроста. А далет велат дека е Венера, а таа е Нецах (победа).
--- надополнето: 31 март 2012 во 18:54 ---
Само на еврејски и евентуално на грчки.
Постојат обиди и за англиска кабала... не знам колку е валидна... не би шпекулирал.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Оф - Леле - Он Тропик:
Кој кажл дека сефиротите се десет? Од каде знаете дека баш 10 се енергиите "божји"? Како не можете да ја видете заблудата ѓаволска кој преку овие лаги ве води во магија и ве умислува дека вие сте спасители и дека можете да ги соединувате и да ја управувате божјата енергија? Тие десет сефирот, според кабалата, се представи на ангели кои всушност се демони, и представи на наводни магични иминја на "бога". Така, место да верувате во Исус Христос Месијата - Спасителот, Вочовечениот Бог, вие ќе верувате во еден издемонизиран од Луцифер маг, вештер или незнам како ги викате веќе...Она што го зборите и верувате нема врска со реалноста и само ве заробува наместо да сте слободни.

Тоа што реков дека ќе владеете заедно со вашиот мил Антихрист 7 години од кои на првите 3,5 ќе им се радувате а на останатите 3,5 години ќе плачете се однесува за времето кое го чекате и кога ќе си го изградите 3-от храм во Ерусалим, земја света и Православна.

Тоа што ти разговараш со православните од твојата фамилија незнам колку доволно се запознаени со твоето убедување и уште повеќе со нивното православно. Јас ќе повторам, ви го напаѓам лажното учење и ако тоа ве боли, нека ви стои ;) не ми е жал. Личности не напаѓам, за разлика од вас. Тоа е законот. Тоа е учењето. Ти само го изразуваш твојот антисемитистички комплекс кој секогаш го вадите како џокер од ракав кога за било што ве напаѓаат. Никаде не спомнав дека ги мразам евреите, па и самиот Бог дојде преку евреите за сите. Тоа што сите не го прифатија е нивни проблем но многумина го прифатија. И нив ги окривувате?

Уживајте во линкот:
http://www.youtube.com/watch?v=fGTp1Q162Gw
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Убаво реков јас:

Од кај сме знаеле дека имало десет Сефироти....!?:pos:
Never mind...ignore the trolololo.
Тоа и очекував од еден copy-paste послушник без свое мислење.
Некој да знае да одговори?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
Тоа и очекував од еден copy-paste послушник без свое мислење.
Некој да знае да одговори?
Јас знам, но нема да ти одговорам бидејќи „зло и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му се даде знак“.
Не заслужуваш да ја познаваш еврејската пракса бидејќи ја презираш и бараш од другите да ти објаснуваат нешто што САМ треба да го научиш и поминеш а ти не сакаш ни да ја смислиш еврејската пракса која ја нарекуваш ционистичка итн итн! Колку и да дрибламе овде, ништо нема да добие некој ако сам не почне да учи. Затоа, сите на работа, на труд ако сакате нешто повеќе од ова.

Велат дека кога ќе ти биде спремна душата и срцето за да дознае нешто повеќе, тогаш ќе се појави и „мајстор“ кој што ќе ти ги објасни твоите збунувачки 10 еврејски божји закони!
--- надополнето: 1 април 2012 во 00:14 ---
П.С. Имаш минус заради бесконечно глупата тема на клипот и бесцелноста на истиот. Оваа пракса со постирање клипови за тоа кој, зошто кога нешто направил како некоја веродостојност општа, терајте си ја по темите каде што се препукувате со браќата муслимани, не овде. Ти мешаш станици јас убаво реков претходно.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Јас знам, но нема да ти одговорам бидејќи „зло и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му се даде знак“.
Не заслужуваш да ја познаваш еврејската пракса бидејќи ја презираш и бараш од другите да ти објаснуваат нешто што САМ треба да го научиш и поминеш а ти не сакаш ни да ја смислиш еврејската пракса која ја нарекуваш ционистичка итн итн! Колку и да дрибламе овде, ништо нема да добие некој ако сам не почне да учи. Затоа, сите на работа, на труд ако сакате нешто повеќе од ова.

Велат дека кога ќе ти биде спремна душата и срцето за да дознае нешто повеќе, тогаш ќе се појави и „мајстор“ кој што ќе ти ги објасни твоите збунувачки 10 еврејски божји закони!.
Мешаш стихови од Новиот Завет кој што немаат никаква допирна точка со она што сакаш да кажеш и спаѓа во секторот на манипулативно користење на Светото Писмо.

Тоа дали јас заслужувам или не е едно друго прашање на кое ти не си авторитетен да даваш одговори и ДА, ја познавам еврејската митологија или магија (пракса е тежок збор) па затоа и ги поставувам прашањата, само чекам МАЖ да се најде да ги одговори. Се плашите од нешто?

Каква е врската на 10те Божји Заповеди кои воопшто не се збунувачки за мене, можеби ти бараш само причина да се "размафташ" со твоето велелепно знаење?

за П.С-от, Твојот минус за некого плус. Ти текнуе? Баланс на природата... хихихи... или не ги разбираш начините на кои "дејствуваат силите". Aх бре децаааа...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
Мешаш стихови од Новиот Завет кој што немаат никаква допирна точка со она што сакаш да кажеш и спаѓа во секторот на манипулативно користење на Светото Писмо.

Тоа дали јас заслужувам или не е едно друго прашање на кое ти не си авторитетен да даваш одговори и ДА, ја познавам еврејската митологија или магија (пракса е тежок збор) па затоа и ги поставувам прашањата, само чекам МАЖ да се најде да ги одговори. Се плашите од нешто?

Каква е врската на 10те Божји Заповеди кои воопшто не се збунувачки за мене, можеби ти бараш само причина да се "размафташ" со твоето велелепно знаење?

за П.С-от, Твојот минус за некого плус. Ти текнуе? Баланс на природата... хихихи... или не ги разбираш начините на кои "дејствуваат силите". Aх бре децаааа...
Не беше мешање на стихови... само сакав да ти покажам да не бараш докази од мене или некој друг за нешто што ти одамна си го осудил, затоа избрав погоден стих од твоето свето писмо. Сакаш да преобратуваш луѓе што се занимаваат со кабала во христијанство? :)

Ти ништо не познаваш, да познаваше ќе пишуваше за кабалата, за Дрвото на Животот, за извадоци од Мојсиевите книги и ќе ги објаснуваше како што прават кабалисти... но ти не си читал такви книги, ти си читал АНТИ-кабалистички книги од автори слични ко тебе кои мразат евреи и се што е еврејско. Тука е проблемот со тебе. Премногу омраза ќе те проголта.

Ми „текнуе“ како не ми текнуе :) Се е баланс во природата, и ете не кај дуалистите и далеку од христијаните и поблиску до кабалистите и нивното 1+(-1)=0 Големото Ништо од кое Богот ги создаде 10 000 светови! :)

П.С. Не знаев дека си видовит и виде дека сум дете... се би дал да бидам пак дете, 17 години доволно :) Ама ок, за тебе ќе бидам дете, децата ќе го наследат знаеш што... да не мудруваме со христијански мисли.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
ДА, ја познавам еврејската митологија или магија (пракса е тежок збор) па затоа и ги поставувам прашањата, само чекам МАЖ да се најде да ги одговори. Се плашите од нешто?
Не сум знаел дека кабалата била митологија....:).
Кажи ми бидејќи тврдиш дека ја познаваш материјава, кој сефироти од Дрвото го сочинуваат Assiah а кој Briah?
И дали Кетер се наоѓа во Yetzirah или Azilut?
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Не беше мешање на стихови... само сакав да ти покажам да не бараш докази од мене или некој друг за нешто што ти одамна си го осудил, затоа избрав погоден стих од твоето свето писмо. Сакаш да преобратуваш луѓе што се занимаваат со кабала во христијанство? :)

Ти ништо не познаваш, да познаваше ќе пишуваше за кабалата, за Дрвото на Животот, за извадоци од Мојсиевите книги и ќе ги објаснуваше како што прават кабалисти... но ти не си читал такви книги, ти си читал АНТИ-кабалистички книги од автори слични ко тебе кои мразат евреи и се што е еврејско. Тука е проблемот со тебе. Премногу омраза ќе те проголта.

Ми „текнуе“ како не ми текнуе :) Се е баланс во природата, и ете не кај дуалистите и далеку од христијаните и поблиску до кабалистите и нивното 1+(-1)=0 Големото Ништо од кое Богот ги создаде 10 000 светови! :)

П.С. Не знаев дека си видовит и виде дека сум дете... се би дал да бидам пак дете, 17 години доволно :) Ама ок, за тебе ќе бидам дете, децата ќе го наследат знаеш што... да не мудруваме со христијански мисли.
Мешање на стихови или не, би сакал да го продолжиш баш тој стих, ако знаеш и умееш па да видиш како Христос го објаснуваше неговото Воскресение, споредувајќи го со пребивањето на Јона во китот за 3 дни: ова зло и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му се даде друг знак освен знакот на пророкот Јона... знаеш кое е тоа поколение на кое му се обраќа Христос Meshiah, а? Не сум спомнал никаде дека ги мразам и пак ти велам по 3000000ти пат евреите. Не си лечи комплекси на мене. Видеото што ти го пуштив е од еден мој мил брат евреин. Од тој комплекс види до каде стигнавте...

Јас многу познавам, и можам слободно да ти кажам дека Дрвото на Животот е Крстот Христов (толку е едноставен одговорот). Преку Крстот Христов дојде спасението и животот на паднатата човечка природа која преку стариот Адам (праотецот) доживеа духовна смрт, а преку новиот Адам (Исус Христос) ни дари вечен живот. На тој Крст, на кој го распнаа непријателите Божји кои Он со свои раце ги изведе низ пустината и им велеше да не му служат на Ваала, на Астарта, на ракотвореното теле и сл. туку Нему на Живиот Бог, а они до ден денес тоа продолжија за жал да го прават. Тоа е родот неверен, а прељубата му е што не го љуби Бога Авраам, Исааков и Јаковов, туку Луцифера и неговите демони. Се препознаваш некаде во горенаведеното? Тоа не се мои зборови, тоа е законот и пророците кои ве прогонуваат во совеста, па измислувате методи и магии како би ја заташкале вистината и убиле совеста. Тука зборуваме за учења и на тоа ќе се задржиме. Кабалата и нејзиното учење не држи вода. Точка... Јас ви поставувам прашања а вие се плашите од одговорите?

Тоа Големо Ништо за кое зборуваш, според Кабалата, е материјата Божја и од тоа НИШТО произлегле световите. На тој начин го сведувате Бога на едно НИШТО и тоа ве води кон најголемото безумство во целата историја - да верувате во НИШТО (нихилизам). Тоа му се случува на оној кој си го уништува умот преку медитација, користење на наркотици и слични методи. Во суштина, рабините ја уништуваа апофатичката теологија на Христовата Црква преку неоплатонизмот. Бог спасува, НИШТОто неможе.

Тоа што те нареков дете е поради ентузијазмот кој го имаш и поради величината на твојата мудрост и искуство... како на дете. Не сваќајте све буквално... имате методи, нели, таму па протолкувајте нешто... Јас не читам антикабалисти, туку тешки кабалисти па оттаму црпам знаења дооооолги години (со ваш камен по ваша глава.... што би се рекло... капиш)? Затоа не ја мери длабочината без да си се припремил предходно. Јас имам знаење, имате вие?
--- надополнето: 1 април 2012 во 01:15 ---
Не сум знаел дека кабалата била митологија....:).
Кажи ми бидејќи тврдиш дека ја познаваш материјава, кој сефироти од Дрвото го сочинуваат Assiah а кој Briah?
И дали Кетер се наоѓа во Yetzirah или Azilut?
Епа време да научиш дека е митологија... ќе ти одговорам ама ти прво да ми кажеш како е можно Бог да има машки и женски енергии (сефирот)? Зошто една енергија излегува од друга и зошто се само десет? Не гледаш дека ѓаволот ви представува еден лажен бох хермафродит кој нема вечни енергии туку му се појавуваат/создаваат внатре во времето? еден Бог - НИШТО на кој му треба еден ѕвер-хермафродит чиишто енергии се уништуваат и кршат? Како им веровате на сите тие ѓаволски измишљотини кои ги создаде сазмо за да ве заведе да верувате дека ВИЕ можете да го спасите тоа божество? Покајание и тоа веднаш!!!
Чекам одговор! ;)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Епа време да научиш дека е митологија... ќе ти одговорам ама ти прво да ми кажеш како е можно Бог да има машки и женски енергии (сефирот)? Зошто една енергија излегува од друга и зошто се само десет? Не гледаш дека ѓаволот ви представува еден лажен бох хермафродит кој нема вечни енергии туку му се појавуваат/создаваат внатре во времето? еден Бог - НИШТО на кој му треба еден ѕвер-хермафродит чиишто енергии се уништуваат и кршат? Како им веровате на сите тие ѓаволски измишљотини кои ги создаде сазмо за да ве заведе да верувате дека ВИЕ можете да го спасите тоа божество? Покајание и тоа веднаш!!!
Чекам одговор! ;)
Можно е затоа што на тоа ниво, Бог е унитарност или унифицираност. Највисоко или апсолутно ниво, на кое дуалностите се соединуваат. Но убаво кажа Хептаграм, со препукување, надмудрување и понижување на нешто кое не го разбираш, нема ништо да постигнеш.
Ти сакаш да "видиш" ама без да ги "отвориш очите". Сакаш да знаеш зошто само десет сефироти, ама сметаш дека медитацијата и праксата се погрешни...?!

Повели сега и одговорими на прашањево:
Кажи ми бидејќи тврдиш дека ја познаваш материјава, кој сефироти од Дрвото го сочинуваат Assiah а кој Briah?
И дали Кетер се наоѓа во Yetzirah или Azilut?
Доколку навистина имаш познавање од кабалата како што тврдеше.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
Ајде сега прашање за тебе како голем познавач на светото писмо, и познавач на кабалата кој што „чита тешки рабини“.
Зошто во בְּרֵאשִׁית прв стих пишува вака:
בְּרֵאשִׁ֖ית בָּרָ֣א אֱלֹהִ֑ים אֵ֥ת הַשָּׁמַ֖יִם וְאֵ֥ת הָאָֽרֶץ
И зошто е преведено „На почетокот бог...“?​
Што значи אֵלָה и зошто е додадено ים на крајот? И зошто?
Сега малку „христијанска мистика“ објаснета преку еврејска мисла:

Дрвото е Христос (спасител), Исус (Јод Хе Шин Вав Хе), Јод Хе Вав Хе, Адонаи од Стариот Завет, Хиерархијата на божественото проширена со буквата на Духот! Од 4 светови кабалистички ако ги споиш добиваш Еден! Но само ако знаеш како.
Шин е составен од 3 пламени јазици... за нив учи од „Тешките кабалисти“ :)
Кабалата држи вода, но треба студирање. Слично како што веруваш во Светото писмо, пробај да го студираш преку еврејските учења.
Тука паѓаат премногу христијанските плукање над евреите.

Ти не спознаваш за какво ништо зборувам. Евреите имаат три вида ништо... Не зборувам јас за нихилистички философски кованици и преплетувања јазик. Види и за тоа кај твоите „големи кабалисти“ и ќе видиш дека богот го сведувам баш на она вистинско божествено ништо далеку од дрдорењата на неуките.

Ах сламката со која се тешат христијаните:Неоплатонистите. Тие само додадоа нивни симболи за да незапознаените со симболиката на рабините имаат поголемо разбирање за работите... А рабините пробуваат преку тој метод да ви доловат нешто бидејќи онака секако не ги разбирате ниту сакате да ги разберите...
Слично е сега што рабините преку науката пробуваат да објаснат дел од своите учења. Уф, да науката некако оди против догмата во светот. Штета...
Рабините не уништуваат ништо, ја знам големата болка што ете евреите ја „распнаа новата формула“, но од тие евреи и дојде Законот, нели кој вие мислејќи дека го разбирате, сега плукате на авторите на тој закон. Не ми оди она христијанско објаснување дека : Евреите не го спознаа спасителот. Да бе грците го спознаа во тие времиња новиот закон, евреите кои се автори и познавачи на Законот на Јод Хе Вав Хе, не ја спознале новата формула.
Христијанските учења не се поклопуваат со еврејските учења. Те разбирам со сето тоа тврдење дека медитацијата е лоша (цел исток нека гори во пеколот, тие се сатанисти, иако нивната пракса е 2500 години пред христијанството), еврејските молитви и ритуали од стариот завет се е тоа сатанизам (молитвата е медитација, им се допаѓало тоа на христијаните или не е небитно), дрогата секако оди во склоп со сите учења кои не се христијански(според христијанските философи), пиење алкохоли за да се „уништи умот“ исто така оди во склоп со сите други учења и е погрешно. Не заборавај дека христијанските ритуали се полни со користење алкохол. Сигурно се плашат од крвта.

П.С. Намали ги „многуте години“ со месеци, и смени го она тешки кабалисти. Кабалата не е врзана само соИ намали со прашата, „ме уби“! Одговори она што те праша Ипсисимус за да знам дека прашуваш мудро.
ТИ читаш христијанска егзотерија (кабала). Одлично...ми се допаѓа тоа. Продолжи.

П.П.С. И полека со ѓаволот... само христијани го споменуваат тој ѓавол премногу често. Дури повеќе и од името на нивнито бог. Чудно...
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Дрн дрн јариња.

Бре бре бре... толку “мудреци” на едно место немам одамна сретнато. Гледам сте биле активни додека ме немаше па со “мудростите” што ги пишавте “ме убивте”. Епа деца, сметам дека е време да почнеме со дебатата.
Во врска со bereshith за кое праша, и за eleh со додавката за множина ים со што се добива елохим кое е споенато и во стихот кога Бог вели: Да создадеме човек, по лик и подобие наше, тука пак стои елохим, и опјаснението е премногу јасно и очигледно. Ако го земеш преводот на Септуагинтата на грчки од еврејски кој е напишан од 3 па се до 2 век пред Христа од страна на седумдесет евреи - проучувачи на законот, ќе го најдеш тој превод кој е сосема логичен. Но за тоа треба да не си со испран мозок, нели? Ако тоа го знае човек кој искрено трага и проучува да ја спознае вистината, тогаш многу логичен ќе му биде заклучокот дека штом е преведен на тој начин и со таа смисла Стариот Завет 2-3 века пред да се роди Христос (хелоууу), тогаш тоа е знак дека кабалистички пристап на Тората и општо на Светото писмо, едноставно НЕ ПОСТОЕЛА. Не држи вода!!! Јас ти реков... дека се ти паѓа во вода...
Ама ете, ај да почнеме со значењето. Во почетокот Бог (во множина) ја објавува Света Троица, Бог во три лица – Отец, Син и Свети Дух. Еден Бог во три ипостаси. Тоа е вистината, толку едноставна. Нема што повеќе да исправувате “криви дрини”… точка… крај!
Но не секогаш едноставното им се допаѓа на некои луѓе (ѓомити “научници”), кои затоа сакаат да измислуваат нови нешта кои се спротини на вистината и да бараат постојано и постојано нешто што не постои.
Затоа рабините, кои го мразат од најдлабочината на својата душа Христос и Христијанството (па затоа и го распнаа, нели) ја измислија во поново време и новата теза, бидејќи Христијаните веќе одамна им одговорија на проблематиката во врска со зборот и значењето на Елохим. Рабините го имаат тотално испревртено значењето така да сметаат дека од нивниот бог-НИШТО происходија (еманираа) останатите сефироти, така што на почетокот на реченицата така што од значењето на предмет или на енглески sunject (Бог – Елохим) му се смени значењето во објект object. Иако во почетокот како реакција против Христијанството рабините за конкретниот стих даваа толкување дека ЕЛОХИМ се однесува на АНГЕЛИ, денес велат дека се оснесува на сефиротите. Тоа е уште еден доказ (за секој кој што искрено проучува а не за некој што само џвака што му сервираат рабините) дека Кабалата не е толку стара колку што тврдат, туку е многу години не само од Христијанството и (контра)реакција на рабините од истото, туку е понова дури и од НЕОПЛАТОНИЗМОТ.
Што се однесува до световите на кабалата и на сефиротите, Исус Христос е вистинскиот Леб на Животот бидејќи е вистински Бог кој се Вочовечи (на начин на кој што прорекоа и Старозаветните Пророци, од дева) за да го спаси човекот. Кабалистите паднаа до толкава заблуда што веруваат дека нивниот лажен meshiah – YHShVH кој ќе биде само еден обичен човек обземен (демонизиран, possessed) од сатаната (или за кабалистите “shekinah”) и кој наводно ќе го спаси самиот Бог и ќе го доведе до почетната состојба на единство или како што вие велите унифицирање. Ако ова не е заблуда тогаш што е? Бог е неделлив, неможе да биде уништен, не може да биде во состојба да падне, ниту му треба закрепнување. Исто така не е содржан од машки и женски делови како би бил во опасност да биде во состојба на небаланс, ниту во него постои зло како што велат кабалистите. Сето тоа е нормално, само ѓаволска лага за кого Христос кажа дека е “татко на лагата”. Затоа, учењето на кабалата прикажува една константна еволуција на заблудата, менувајќи ги често нејзините учења.
Ѓаволот, за да ги натера рабините дека бог има потреба од унифицирање, најпрво им кажа дека нивниот “цар на ангелите” - метатрон, може да го унифицира божеството. Потоа им кажа дека и Адам би можел да го унифицира божеството, но не успеал и дека единствените кои тоа може да го направат се самите кабалисти и нивниот квазимесија. Можам да замислам, штом вие можете да го спасите бога, најверојатно си замислувате дека сте поголеми од истиот. Егоизам?!!!
Во врска со медитацијата, знаете и сами дека индуистите, будистите, подоцна гностиците и најдоцна кабалистите (читај рабините) уништувајќи си го свесно умот преко истата (медитација) сметаа дека Бог е едно НИШТО, една нирвана. На тој начин рабините го изгубија Богот од Светото Писмо и поверуваа во демонската лагата оти Бог, во едно од првите стадиуми бил едно НИШТО. Староста на медитацијата не ја оправдува ни вистината. Не значи дека ако медитацијата била постара од некоја друга квазирелигија тоа да и даде значење дека е и поточна од втората!
Пред се, Христијанството е исполнение продолжение на верата на старозаветните евреи. Не е нешто ново. Она што Старозаветните автори и пророци го пишуваа за Месијата и Воплотениот Бог Христос, самиот го исполни и го продолжи. Слатко се изнасмеав кога наведе дека евреите се автори на законот. Браво! Човек дава на човека закон како да се допре до Бога?!!! О па каква мудрост изразена преку несмасни чкрабаници на нечии прсти!!! Па Бог не му ги даде Заповедите и Законот на Мојсеја?!!! Самите евреи седнаа и си ги напишаа шмркајки по некоја тенка линиичка или употребувајќи ЛСД? Имаше право Ајнстеин кога кажа дека на човечката лудост и нема крај. Драго ми е дека му ја потврдувате тезата на сонародникот ви! Законот и Пророците се ОД и ЗА Христос и самиот тој ги исполни. Доволно беше да сфатат евреите дека законот неможе да ги спаси, туку само Бог. Тоа го кажа и самиот Павле кој едно време, како и сите “тешки рабини” ги гонеше и мрзеже Христијаните. Обрезанието неможе да ве спаси, нејадењето свинско неможе да спаси… А евреите на кои им БЕШЕ ДАДЕН ЗАКОНОТ и кои константно во стриот завет не му веруваа на Бога и често “прељубодејствуваа” со боговите на околните народи, не го познаа нивниот Спасител. Христос не е некоја магиска формула, Исус е Богочовек, верувале вие или не. Тоа нималку не зависи од вас и порано или подоцна (а подобро е порано) ќе го сфатите тоа. Бог ги изнесе евреите од Египет и преку пустината, ама тие кутрите онака како што се плашливи и суеверни, немаа храброст 100% да му веруваат па секогаш наоѓаа некаква причина да се “добри” и да им угодуваат на сите божества, а не само на Бога. Тоа го рпавеа и лажните пророци во стариот завет. Што мислите вие, на кого се однесува тоа? Кои биле тие лажни пророци?
Драги мои кутри кабалистчиња… Секој си одговара лично за своите постапки и верувања и така и ќе му биде судено. До вас е!
Каде застанавме? Ах, да… наркотиците. Постојано читаме како полиција фаќа рабини и полно евреи за поседување на енормни количини наркотици… дувајте, шмркајте, на трепки стоите и што сакате правете ама така вистина не се согледува. Како рече? Христијанството користи алкохол за да го наводно “уништи умот”? Каде пишува дека на верските обреди во христијанството трерба да си под дејство на алкохол за да од халуцинациите “гледаш виденија”? Зарем не беше Давид кој во псалмиот 103:15 кажа: и виното го весели срцето на човекот...? Смешни ви се и обидите да ги набедете пророците за наводно користење на наркотици... давеник за сламка работава... Јасно е како ден дека овие неосновани напади се вашето смешно оружје против Христијанството и неоснованите поткрепи на кабалата мора да се поддржуваат само со напади врз Хростос и Христијаните. Тоа е голем знак на немоќ, младичи.
Тоа за крвта што го спомна, тоа значи дека вие во обредите употребувате крв? Чија крв?
И за крај, Православието (читај Христијанството) не е никаква езотерична εσωτερική кабала туку е вера εξωτερική, отворена за секого и кон секого. Најголемата вистина за сите, нескриена, достапна отсекогаш... Уживајте!
Бла, бла, бла...
Што се однесува на прашањето за световите и за сефоротите, сметам дека е знаење од општа култура, а не некаво tricky question. Суштината е дека постоењето на тие светови за кои што зборите е една голема лага на која ги прави кабалистите да веруваат оти нашиот материјален свет “Assiah” e подолен, помал и според тоа би требало да бидеме водени и советувани од злите демони како би се возвишиле во демек нивните повозвишени светови. Секако дека ниту Azilut постои како свет, бидејќи на Бога не му требаат архетипи за да го создаде светот. Што се однесува пак на врската на сефиротите со светот, тоа се вбројува во обидот на ѓаволот да ги убеди кабалистите дека ја имаат моќта да се користат со наводно божјите енергии преку магија. Значи станува збор за мапирања кои го обмануваат човека, оставајчи го во самоубеденост дека е носител на огромно знаење со чија помош може да биде, како што претходно рековме, спасител на самиот Бог.
P.S.: Уште одамна ја спознав опасноста од кабалата која како најсилен орган на Еврејскиот Ционизам која демнееше и напаѓаше се што е вистина па затоа се посветив на долгогодишно изучување на истата. Нејзиното промовирање дали преку "наивната" блага форма за широките гојим маси у хипи стилу - Love, Piece, Friendship (читај Лајтман), или преку окултистичките организации кои претходно ги споменав е огромен исчекор кон припремањето на Новиот Светски Поредок и пред се напад на слободата на секој човек. Човештвото ќе го возврати ударот ;)
Невски ве љуби!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom