Кабала и нејзината симболика

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
Зарем мислиш дека сите луѓе се исти?
Зарем мислиш дека сите луѓе се кадарни за целеисходен увид во кабалата?

Што со тие луѓе?

Затоа постои егзотерната црква.
Па гледаме на што се способни луѓето ако нешто не разбираат... иако им се дава, значи им се дозволува да имаат увид сами... тие пак се незадоволни. Затоа и реков дека не зборувам на темава, почната е со омраза и ќе продолжи со омраза. Оди види кој е Невски на Кајгана, тој мрази се, освен христијани. Како така, не знам :cautious:
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Ја следам, кај смеам да не ја следам, ние од О.Т.О. се следиме ние управуваме со светот нели, ти така велиш! И со тебе управуваме ;)
Само што да напишам не знам на темава... ете си пишувам на темата Кабала, оди види, посети ми го блогот има кабала и таму. И да, евреите ја измислија кабалата, велат дека богот им ги дал 22-те букви со кои е напишан Законот. Тие го напишаа и законот и го коментираа истиот за да нема забуни, кој што христијаните го копираа колку што можеа со нивното разбирање и ете следат некоја нивна школа.
Евреите уште го следат стариот закон и не се замараат да преобратуваат некој во нивното учење додека другите... се отепавте мерејќи пе*иси кој колку има луѓе во својот табор.

Но ете ви се дозволи малку да видите што нуди кабалата, и тие што знаат што бараат и како и нормално да работат, ќе можат како што вели еден рабин: дирекно да си правите муабет со божественото, а не да го гледате како нешто страно, надвор од вас самите. И нормално, оние што мразат, ќе мразат се.

П.С. Темата е некако полна со омраза од твоја страна затоа не творам тука. Нема потреба од моите размисли.
ОТО телетабисите, како масончињата и целата горенаведена банда сте само обични марионети чии конци, за жал, ги контролираат Ционистите. Не сте вие способни да контролирате никого, дури ни самите себеси (конкретниот пример со тебе и лажните набедувања). Тоа е факт и затоа е почната темата каде би можеле да се разменуваат мислења, што значи дека нормално ќе има спротивставени ставови. Тоа на некои персони од овде најверојатно ги иритира, па секој оној што не размислува како нив е "осуден на ругање и потсмев". Незнам по која основа ме обвини дека сум полн со омраза кога ти ми го колнеш мојот Бог и го анатемизираш со еони и разни глупости. Е тоа го покажува нивото на зрелост, мудрост и знаење.
Седмограм 13 (тоа може според древен кабалистички начин на толување да се сфати како седум грама во мозокот) плус срекниот број 13 кој е поголем од вообичаениот твој љубим 93. Како второ, ти продолжуваш со навредување и на Црквата а мене ме тужиш и тоа пак без причина - која е уште еден показател на слабост бидејќи кога се нема факти за да се аргументира дискутантот, тогаш се користат "ударци под појас", исто како што вашите истомисленици за секаква глупост ги пријавуваат во Anti-Defamation League, па повели тужи ме кај пријателчињата за омраза. Банални работи. Искрено, од вакви егистички испади на набедувања само ми се отвара апетит за дебатирање и тоа на стари години.
Што се однесува до егоизмот, сигурен сум дека на 80% од твоите коментари би сал да си бапнеш по едно 5-6 ЛАЈК-а ама тоа ти е... Да не збориме за твоите "следбеници" кои ги праќш да "чепкаат" ама На вашите теми за кабала и масони не одам повеќе бидејќи нечесно играте и банирате кога некој дискутатор знае повеќе и поготово ако не се согласува со вас и ви ги чешка ушите. Па згора на се пријателу и бараш да ме бришат. Причина? Изедов толку банови ради темава како и на масонството поради фактот што никој немаше контааргументи и не се најде човек да ми објасни зошто ме банира. Но не е битно. Важно е темата да продолжи и да се разменуваат мислења а личните навреди во иднина нема да ги коментирам. Ова беше одстапување кое мораше да се случи.Јас изнесувам факти и кој има спротивно мислење нека повели. Фактот е следен, во сите окултистички организации горе наброени основата е кабала. Имате контааргумент? Бујрум...
--- надополнето: 24 март 2012 во 02:42 ---
Сето ова наводно "отворање" на масонските ложи кон јавноста со цел да се "неутрализираат(повторно наводно) лошите гласини" за мистичноста на масонството е поврзано и со отварањето на Кабалата кон Гојимите (неевреите) пречекорувајќи ја мистичноста која карактеризираше до сега е секако и повеќе од предходно смислена и планирана. Фактот дека преку технологијата која е развиена до степен кој на сите ви е познат, беше прекрасно искористен за пропаганда, деградација на системи и инфилтрација во истите од страна на Ционистите преку нивните марионети во општеството.
Сметајќи (според нив) дека се веќе доволно зацврстени во поголемиот дел на ситеми на општеството (во глобала) и дека нема страв од некаков непријател, какви што имаа во минатото разобличувани пред се од Црквата, решија да почнат со контраофанзива, т.е. јавно "експонирање" на нивните "тајни" кои според нив не биле тајни, но се тајни кои секој може да ги разбере, а од друга страна само "одбраните" можат да ги разберат (знам колку парадоксално звучи но таков и е стилот, што би рекле браќа Срби - Луд ј..е збуњенога).
Да не должиме многу, според New Age движењето тоа се објаснува како доаѓање на "Добата на Водолијата" (Бејли) кое е општество каде сите БИ ТРЕБАЛО да бидат "иницирани" во Кабалистичкото учење и затоа според нив е пожелно да се вршат што повеќе епиклези (повикувања) за да дојде лажниот Месија (спасител) кои тие го сметаат за голем "волшебник" како би можеле сите заедно да успеат да го спасат "Бога" на тој начин што ќе му помогнат наводно да е обедини и да биде потполен, обединувајќи си ја женската половина со машката (целото учење на кабалистот Лурија). Според Православните Христијани, тој лажен спасител е Антихристот и за тоа предупредил и самиот Христос пред 2000 години.
Нели сите олултисти за себе велат дека се богови, епа на тоа и мислат, дека на Бога му требаат они за со нивните магиско-окултистички ритуали да го "спасат". Нема да ја коментирам логиката (или глупоста) на сите оние заблудени кои се мислат себе си за "богови"... жално и патетично.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
ајдее... :) ете и видовит сум бил. :)
Ајде, терај си маката...
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Со векови Зохар се сметала за најмоќна книга на западниот мистицизам. За неа се велело дека ги содржи тајните на универзумот, сите боженствени царства, мапирајќи го светот на ангели и демони, небесни суштества со фантастични моќи, референции извадени од Тората и Библијата кои посочуваат кон скриен код кој доколку правилно се разбере ги отклучува тајните на самиот живот.
Мистичноста на Зохар побудува сомнеж кои се плашат од неговата содржина и намена. Тоа е првиот заговор за оклуцизам, мрачна интрига во која се наведени инструкциите за контрола на светот, изворот на моќта на тајните друштва-масоните, евреите, Ватикан кои манипулираат со политичката, економската и општествената структура. Кои ги заведуваат широките маси со детски библиски фантазии, со цел да не поробат за да го задржат кралскиот начин на живот, спречувајќи не да пристапиме кон целта и значењето на животот.
За некои книгата е света мистична книга над секакво разбирање која мора да се почитува, а за некои е недоволно разбрана моќ која треба да се користи за нивните најдлабоки најмрачни цели.
Ние не го разбираме начинот на кој природата функционира со луѓето, знаеме за законите на квантната физика, астрофизиката,биологијата, геологијата, но кога е во прашање нашето место во системот, нашите желби, чувства, врски немаме никаква претстава за нивните извори.Во Зохар постојат прецизни податоци за физичка космологија, историска прогноза на однапред определени настани и откритија низ илјадници години, но неговата безвремена генијалност е тоа што не е уметничко, ниту научно дело туку дело со цел.
Зохар претставува самата структура на природата. Систем на закони кој тече надолу во синџир на причини и последици од единствен едноставен начин на природата со цел да го насочи овој свет. За кабалистите луѓето од книгата кои го напишале Зохар кој ја коментира Библијата, терминот книга се користи за да се пристапи кон механизмот и целта на постоењето. Метод на трансформирање себеси да направиме нашата природа да се изедначи со основата природа на постоењето, да се пробие во тоа и да се вклучи небаре прелистувајќи ги страниците на книгата, превртувајќи го светот одвнатре и однадвор. И луѓето поврзувајќи ги со космосот силата што ги поврзува истите се зборови на книгата без корици и нема ништо надвор од приказната. Силите на еволуција не туркаат да влеземе во меѓусебно поврзан, меѓусебно зависен свет.
Ова целосно ново ниво на постоење мора да се постигне свесна врска со основите на природата.
Зохар претставува целосна спротивност на нашата доминантна намера, и зошто го посакуваме тоа што го сакаме. Кабалистите тоа го нарекуваат телесност. Нашиот свет, желбата што ја сакам повеќе од себеси, многу повеќе од што ја сакаат за некој друг тоа се нарекува егоизам.
Зохар е целосно обединет систем на врски управуван од единствен сеопфатен закон кој е спротивен од природата на луѓето , еднакво на нешто исклучено од системот или нешто надворешно во однос на него, еднакво на живот без крај .
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Важно е темата да продолжи и да се разменуваат мислења а личните навреди во иднина нема да ги коментирам. Ова беше одстапување кое мораше да се случи.Јас изнесувам факти и кој има спротивно мислење нека повели. Фактот е следен, во сите окултистички организации горе наброени основата е кабала. Имате контааргумент? Бујрум...
Во врска со првиот болд, дали може да кажеш како прво кој се тие лични навреди до тебе? И второ, дали кога станува збор за некој друг, тогаш личните навреди се сосема ок?
Дали за тебе ова не е лична навреада:
ОТО телетабисите.....
Во врска со вториот болд, кој негирал дека кабалата е основа на окултните организации?! Каде си сретнал такво тврдење, за кое сега бараш контрааргумент? Имаш ли одговор? Бујрум.....
--- надополнето: 24 март 2012 во 16:34 ---
Според Православните Христијани, тој лажен спасител е Антихристот и за тоа предупредил и самиот Христос пред 2000 години.
Нели сите олултисти за себе велат дека се богови, епа на тоа и мислат, дека на Бога му требаат они за со нивните магиско-окултистички ритуали да го "спасат". Нема да ја коментирам логиката (или глупоста) на сите оние заблудени кои се мислат себе си за "богови"... жално и патетично.
Ако нешто неможеш да го сватиш, тоа незначи дека е глупост.
Христијанскиот концепт за "Бог" не е единствен. Кога ние велиме дека сме "богови", тоа незначи дека под тој поим го имаме вашиот омнипотентен концепт.

Смешно е христијанин да ми кажува за патетичност, кога брани вера полна со вредности и идеали кој никаде ги нема во неговите дела и однесување.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.145
Поени од реакции
83.813
@Nevski: Кога само би знаел колку кабалистички референци има во Стариот и Новиот Завет....
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
@Nevski: Кога само би знаел колку кабалистички референци има во Стариот и Новиот Завет....
Не го полни со лаги, добро си знае тој. Кај тогаш имало кабала и еврејска школа... Стариот и новиот завет се разбираат и применуваат буквално!
Тоа со кабалата е сега од поново време додадени објаснувања бидејќи доаѓа крајот... Си знае Невски, не му се мешај во сметките ќе го збуниш!

Остави не вреди да се зборува.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.145
Поени од реакции
83.813
.. Стариот и новиот завет се разбираат и применуваат буквално!
Барем Православието е религија на суштината, а не на формата. Не верувам дека некој православен верник треба да има таков пристап кон Библијата.
Оф топик - интересен е фактот: кога атеистите тргнуваат да замераат за нешто на Христијаните, во поголем број од случаите, своите приговори ги темелат врз буквално сфаќање на светите текстови.
Тоа со кабалата е сега од поново време додадени објаснувања бидејќи доаѓа крајот... Си знае Невски, не му се мешај во сметките ќе го збуниш!
Нема што да го збунам, Кабалата во Библијата е недвосмислено присутна. Нотариконскиот пристап на читање на Библијата, многу лесно може да покаже и на најнезаинтересираниот, дека тврдењето за настанок на Каблата во средновековна Европа е на стаклени нозе.
Исто така ќе покаже дека Кабалата и Христијанството (а и другите монотеистички религии) се нераскинливо поврзани.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
Нотариконот и не е некој метод што дава некоја посебна точност.
Ј.А.С. може да значи се што ќе ми текне, а ти ако го немаш клучот само ќе создаваш верувања за своите размисли и ќе ги докажуваш со други поими исто толку необјаснети и далечни од мојот клуч.

Не се питпирајте на нотарикон ако не ви е даден клучот.(y)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.145
Поени од реакции
83.813
Нотариконот и не е некој метод што дава некоја посебна точност.
Ј.А.С. може да значи се што ќе ми текне, а ти ако го немаш клучот само ќе создаваш верувања за своите размисли и ќе ги докажуваш со други поими исто толку необјаснети и далечни од мојот клуч.

Не се питпирајте на нотарикон ако не ви е даден клучот.(y)
Нотариконскиот пристап го споменав само како еден од многуте показатели.

Eве на пример во молитвата Оче Наш, го имаме базичниот триаголник од Дрвото на Животот:
"the closing clause of the lord's prayer is pure qabalism. malkuth, the kingdom, hod, the glory, netzach, the power, form the basal triangle of the tree of life, with yesod, the foundation, or receptacle of influences, as the central point. whoever formulated that prayer knew his qabalah(the qabalistic cross ritual, as well as possibly the middle pillar ritual)"*

има многу за ова да се збори



* Dion Fortune
 
M

Muranyi

Гостин
Дали во учењето на Кабалата постојат Рај и Пекол?И дали таа може да се изучува независно од светите книги?Дали нејзиното учење го опфаќа и Куранот покрај Стариот и Новиот Завет?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
Нотариконскиот пристап го споменав само како еден од многуте показатели.

Eве на пример во молитвата Оче Наш, го имаме базичниот триаголник од Дрвото на Животот:
"the closing clause of the lord's prayer is pure qabalism. malkuth, the kingdom, hod, the glory, netzach, the power, form the basal triangle of the tree of life, with yesod, the foundation, or receptacle of influences, as the central point. whoever formulated that prayer knew his qabalah(the qabalistic cross ritual, as well as possibly the middle pillar ritual)"*

има многу за ова да се збори

* Dion Fortune
Форчн овде што направила е што ги превела на еврејски зборовите Кралство во Малкут, Сила е Гебурах таа како и многу други преведувале дека е Нецах, а Нецах е победа... Може да ги врзеш и сефиротите со елементите и ќе ја добиеш скриената форма на тетраграматонот. Кабала, и се е можно.
Ако ги врзеш според бројот, ќе добиеш 5+8+10=23 Хијах = Живот, да постоиш, да бидеш!
Разгледај низ алаткава: http://777.oto-mk.org мислам дека би ти помогнала многу во штедење на време.

Дрвото служи како калауз да излезеш од него, не цело време да се вртиш низ него. Бесконечно еластична структура за да излезеш од ашијах.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Со векови Зохар се сметала за најмоќна книга на западниот мистицизам. За неа се велело дека ги содржи тајните на универзумот, сите боженствени царства, мапирајќи го светот на ангели и демони, небесни суштества со фантастични моќи, референции извадени од Тората и Библијата кои посочуваат кон скриен код кој доколку правилно се разбере ги отклучува тајните на самиот живот...итн.
Значи, световите за која што збори Кабалата, за Ангели, Сили, Царства, и др. кои ги гледале рабините преку таканаречените астрички патувања не се случиле навистина, туку во фантазијата нивна. Не посочуваат на некој вистински свет, ниту на вистински ангели туку во некои сонувачки состојби - фантазија, која може да се создаде со техника на
исклучување, а не зголемување наумот, како што велаткабалистите. Доказ за тоа што велам е дека рабините заблудени стасаа до степен да веруваат во своите фантазии, е фактот што тие со нивната ароганција мислат дека можат да патуваат низ 4те света и да спасуваат души на умерни како спасители и како богови. Само Бог може даго спаси човекот од гревот и од смртта. Христијаните (Православните) ја доживуваат вистинската Нестворена Светлина која обожува, а не лажната светлост на луцифер кои го доживуваат во фантазија само (а не навистина). Црвените Отци кои навистина го живеа и доживеаа вистинското Небесно Царство уште додека беа на земјата, ни посочуваат дека ѓаволот (во кој нели кабалистите и сите окултистички организации не веруваат или го дефинираат по друга дефиниција) ја користи воглаво фантазијата како главно средство за да го води чоекот кон лажни искуства. Што се однесува за остатокот од пишаното каде збориш за врската на психологијата, човекот и уште повеќе за Бога не држи вода механичкиот систем и детерминизмот кои важат за вистинскиот свет. Основна карактеристина на кабалата е да ја одземе слобода на човекот и да му ја озема на самиот Бог, ставајќи го во еден систем на потреба.
Затоа и Кабалата е одговор на Христијанството и посекако е од понова историја а не од дамнина како што тврдат многумина, и секогаш без факти бидејќи гностиците ги измислија сите тие работи токму како реакција на Христијанството. Затоа и сефирот се земени од еоните кои се парови, лажни учења кои не се споменати никаде во никаков извор. Ниту кај есените!!! Заклучокот е ваш! Од неоплатонизмот го зема системот на еманација и на тој начин ја уништува апофатичката теологија на Православието, имислувајќи еден недопирлив бог за кој треба посредник за да се допре. Верата дека Христијаните (дури и за Христос и Апостолите) се појавува во 13 век од евреи-кабалисти. Тогаш кога поверуваа во измамата на Мојсеј де Леон за древноста на книгата Зохар, дека е напишана тобожем од Симеон бен Јохаи, рабин од 2 век.

Не го полни со лаги, добро си знае тој. Кај тогаш имало кабала и еврејска школа... Стариот и новиот завет се разбираат и применуваат буквално!
Тоа со кабалата е сега од поново време додадени објаснувања бидејќи доаѓа крајот... Си знае Невски, не му се мешај во сметките ќе го збуниш!

Остави не вреди да се зборува.
Благодарам што одговараш во мое име, доста благородно и учтиво од твоја страна, нема што. Само го потврдува степенот на смиреност, мудрост, а при тоа желбата за докажување и убедување дека твоето мислење е само исправно и секој кој не се согласува со тебе не е достоен внимание воопшто не е егоистички показател. Претходниот пост во врска со пророкувања и сл. не го разбрав и затоа не го одговарам.
Во врска со првиот болд, дали може да кажеш како прво кој се тие лични навреди до тебе? И второ, дали кога станува збор за некој друг, тогаш личните навреди се сосема ок?
Дали за тебе ова не е лична навреада:

Во врска со вториот болд, кој негирал дека кабалата е основа на окултните организации?! Каде си сретнал такво тврдење, за кое сега бараш контрааргумент? Имаш ли одговор? Бујрум.....
--- надополнето: 24 март 2012 во 16:34 ---

Ако нешто неможеш да го сватиш, тоа незначи дека е глупост.
Христијанскиот концепт за "Бог" не е единствен. Кога ние велиме дека сме "богови", тоа незначи дека под тој поим го имаме вашиот омнипотентен концепт.

Смешно е христијанин да ми кажува за патетичност, кога брани вера полна со вредности и идеали кој никаде ги нема во неговите дела и однесување.
За фактот дека Кабалата е основа на сите окултистички организации бев баниран од темата за масоните, што значи дека покрај докажувањата од моја страна, ми беа бришани постовите и ме правеа луд. Кој од масоните (пример) го потврдува тоа? Ако го потврди ќе им падне маската за некаква организација каде си играат само покер и грицкаат семки, а не да се занимаваат со окултизам.
Одговорив за концептот на Бог и вашето перцепирање за било каков смисол на именката бог или богови е погрешен од моментот кога сте зависни од работи кои неможете да ги контролирате (емоции, судбина, смрт - поготово за последово ќе се увериме после смртта дали вашиот концепт или мојот бил правилен :) )
Што се однесува до навредите, Седмограм и ти не бевте и некои џентлмени на постовите од Масоните кои за жал беа избришани, а твоите запретувања ми беа на приватен. Знам дека нападот е најдобра одбрана ама кај мене, младичи, тоа не пали. Стара школа сум јас.
За Кити, мислам дека одговорите на коментарите и нејзината перцепција за Кабалата беа одговорени погоре во постов. Не постои Христијанска Кабала, само Кабала. Христијанството е нешто повозвишено (според мене и мнооогу други ширум светот). Целта на Православието е да го приближи човека до Бога по начин на кој тоа го направи и самиот Бог отелотворувајќи се во човечко тело - Христос Богочовекот. Нема тајни, се е јавно и кој сака пристапува. Концептот дека подтојат избрани и посебни луѓе на кои би требало да им се наводно открие вистината, сам по себе е антифатичен. Нема смисол. Зошто вистината да се крие. Вистината е за сите и така и ќе остане до крајот на светот.
P.S.: Гледам дека темата ми е префрлена во друга тема што асоцира на демократија од среден век. Можда ви сметал називот како Еврејскиот Мистицизам како основа на окултистичките организации!!!?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.199
Дали во учењето на Кабалата постојат Рај и Пекол?И дали таа може да се изучува независно од светите книги?Дали нејзиното учење го опфаќа и Куранот покрај Стариот и Новиот Завет?
Постојат.
Десетте пеколи во седумте палати
  • 1 Кетер, 2 Хокмах, 3 Бинах: שאול
  • 4 Чесед: אבדון
  • 5 Гебурах: בארשחת
  • 6 Тифарет טיטהיון
  • 7 Нецах: שערימות
  • 8 Ход: אלמות
  • 9 Јесод, 10 Малкут: גיהנם
Седумте Пеколи кај Арапите
  • 1 Кетер, 2 Хокмах, 3 Бинах: Háwiyah
  • 4 Чесед: Jahim
  • 5 Гебурах: Sakar
  • 6 Тифарет Sa’ir
  • 7 Нецах: Hutamah
  • 8 Ход: Laza
  • 9 Јесод, 10 Малкут: Jehannum
Арапите на форумот нека ме поправат, не сум сигурен за ова.

А рајот, види ги четирите реки кои течат во Едем и ќе знаеш каде е на Дрвото на Животот и со пракса ќе знаеш што означува итн итн.

И премногу конфузни прашања поставуваш... и бесцелни. Ако познаваш еден систем и работиш по него, не го буричкај со други додека доволно не го совладаш. Си правиш само проблеми вака. Ќе заглавиш во логичките замки и препреки и ќе заглавиш во некоја каша од кабалистичко-еврејско-гностичко-христијанско-суфи-исламско блато и ќе заглавиш на патот.

Едно по едно.

P.S. Постојат и клифоти (лушпи) кои го следат дрвото во обратна насока, надолу и се сосема спротивно од патот на Змијата на дрвото на животот.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Значи, световите за која што збори Кабалата, за Ангели, Сили, Царства, и др. кои ги гледале рабините преку таканаречените астрички патувања не се случиле навистина, туку во фантазијата нивна. Не посочуваат на некој вистински свет, ниту на вистински ангели туку во некои сонувачки состојби - фантазија, која може да се создаде со техника на исклучување, а не зголемување наумот, како што велаткабалистите. Доказ за тоа што велам е дека рабините заблудени стасаа до степен да веруваат во своите фантазии, е фактот што тие со нивната ароганција мислат дека можат да патуваат низ 4те света и да спасуваат души на умерни како спасители и како богови. Само Бог може даго спаси човекот од гревот и од смртта. Христијаните (Православните) ја доживуваат вистинската Нестворена Светлина која обожува, а не лажната светлост на луцифер кои го доживуваат во фантазија само (а не навистина).
Точно, не посочуваат на материјалности,ако сето ова е поврзано со материјалниот свет,постоењето, имањето, просторот,времето ,случајноста и веројатноста ќе се вика онтологија односно централен дел на метафизиката.
Друго не ја негирај книгата Зохар затоа што ти кажав дека тие ангели, демони и небесни суштества со фантастичните моќи не се извадени само од тората туку и од библијата. Контрадикторно е да се декларираш како православен верник со преголемо знаење а во својот стаф да си ја негираш библијата.
Многу ми е познато дека секоја религија мисли за другите дека се погрешни. Но неможам да разберам зошто православието секогаш не само што ги негира религиите туку ги напаѓа и науките.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom