Кабала и нејзината симболика

Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ајде сега прашање за тебе како голем познавач на светото писмо, и познавач на кабалата кој што „чита тешки рабини“.
Зошто во בְּרֵאשִׁית прв стих пишува вака:
בְּרֵאשִׁ֖ית בָּרָ֣א אֱלֹהִ֑ים אֵ֥ת הַשָּׁמַ֖יִם וְאֵ֥ת הָאָֽרֶץ
И зошто е преведено „На почетокот бог...“?​
Што значи אֵלָה и зошто е додадено ים на крајот? И зошто?

.
Кананска азбука создадена од 22 акрофонични глифи. Зарем умееш да ја читаш?
--- надополнето: 5 април 2012 во 03:47 ---
P.S.: Уште одамна ја спознав опасноста од кабалата која како најсилен орган на Еврејскиот Ционизам која демнееше и напаѓаше се што е вистина па затоа се посветив на долгогодишно изучување на истата. Нејзиното промовирање дали преку "наивната" блага форма за широките гојим маси у хипи стилу - Love, Piece, Friendship (читај Лајтман), или преку окултистичките организации кои претходно ги споменав е огромен исчекор кон припремањето на Новиот Светски Поредок и пред се напад на слободата на секој човек. Човештвото ќе го возврати ударот ;)
Невски ве љуби!
Невски за разлика од тебе каде ја нанесуваш сета омраза, и арогантност према кабалата, Лејтман за религиите се изјаснува вака: Религијата е тоа што човештвото го измислило само по себе за да го направи нашиот живот малку посладок. Ја смета како добрина која позитивно се одразува врз луѓето.
Тој не го негира тоа дека кабалата исто така е напишана од луѓе како Аврам, кои го достигнале дострелот на духовниот свет односно на реалноста која постои а ние не ја чуствуваме.
Е сега Аврам всушност и не бил евреин, тој бил бедуин а неговите следбеници (Мојсеј, Раби Шимон,Ари..) кои го продолжиле неговото изучување, потрагата за откровението на Боженственото се нарекле себеси евреи.
Исто така сакам да кажам дека постојат луѓе кои ја изучуваат кабалата а и се религиозни. Што значи кабалата не го наметнува нејзиното учење врз религијата, само религијата (поготово христијанската) ја иритира кабалата.
Никој не ја наметнува кабалата како што ти така мислиш, секој по своја воља си одбира да ја изучува. Зошто не ги напаѓаш луѓето кои изучуваат метафизика. Или не те интересира филозофијата која се занимава со природата и потеклото на овој свет и го негира твоето мислење дека човештвото настанало од Адам и Ева
А ги напаѓаш кабалистите кој го изучуваат вишиот свет единствено е што нивното изучување претставува да го идентификуваат и да се приближат кон Боженственото, кое нема никакви допири со некоја религија.
На погрешно место пукаш, итоа со ќорци.
И ние те љубиме.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Кананска азбука создадена од 22 акрофонични глифи. Зарем умееш да ја читаш?
Како човек кој се занимава со проучување на кабалата, имам познавања од еврејскиот (ако тоа се однесуваше на мене).
Невски за разлика од тебе каде ја нанесуваш сета омраза, и арогантност према кабалата, Лејтман за религиите се изјаснува вака: Религијата е тоа што човештвото го измислило само по себе за да го направи нашиот живот малку посладок. Ја смета како добрина која позитивно се одразува врз луѓето.
Тој не го негира тоа дека кабалата исто така е напишана од луѓе како Аврам, кои го достигнале дострелот на духовниот свет односно на реалноста која постои а ние не ја чуствуваме.
Е сега Аврам всушност и не бил евреин, тој бил бедуин а неговите следбеници (Мојсеј, Раби Шимон,Ари..) кои го продолжиле неговото изучување, потрагата за откровението на Боженственото се нарекле себеси евреи.
Исто така сакам да кажам дека постојат луѓе кои ја изучуваат кабалата а и се религиозни. Што значи кабалата не го наметнува нејзиното учење врз религијата, само религијата (поготово христијанската) ја иритира кабалата.
Никој не ја наметнува кабалата како што ти така мислиш, секој по своја воља си одбира да ја изучува. Зошто не ги напаѓаш луѓето кои изучуваат метафизика. Или не те интересира филозофијата која се занимава со природата и потеклото на овој свет и го негира твоето мислење дека човештвото настанало од Адам и Ева
А ги напаѓаш кабалистите кој го изучуваат вишиот свет единствено е што нивното изучување претставува да го идентификуваат и да се приближат кон Боженственото, кое нема никакви допири со некоја религија.
На погрешно место пукаш, итоа со ќорци.
И ние те љубиме.
Не е арогантност да си против лагите во врска со Бога, човекот и светот, но тоа е доказ на љубов и човекољубие. Лајтман, спротивно на ова, ја негира вистината во врска со Бога (а не божесвеното, постои разлика) и неговите теории се сосема различни од Божјето откровение кон Авраам и Мојсеј. Лајтман се обидува да го втемели погрешното учење на кабалата врз Библијата, претставувајќи ги Авраам и Мојсеј за кабалисти. Ниту Авраам ниту Мојсеј не биле кабалисти, но прашање е дали и Шимон бен Јохаи, кого наведуваш погоре, бил воопшто кабалист. Едноставно Лајтман верува и ја шири лагата на авторот на Зохар, Мојсеј де Леон, дека Шимон ја има пишано. Тоа е лага на де Леон само за да ги пренесе своите идеи врз другите и да си ја продаде книгата (според сведоштвото на неговата жена). Подоцна Лурија, без да е свесен за таа измама, поверува оди е реинкарнација на лажниот, измислениот автор на Зохар, Шимон бен Јохаи. Толку многу бил измамен од демоните за теоријата на реинкарнација. Лајтман тврди дека е уникатен толкувач на Зохар, верувајќи и самиот во таа измама, оти таткото на неговиот учител Јехуда Ашлаг бил реинкарнација на Лурија и на Шимон (кои наводно го напишале Зохар). Затоа стојам на ставот дека Лајтман е слуга на лагата и нема никаков одговор за филозофските прашања кои ти ги наведе.
Спротивно на тоа, Христијанството кој го следи Авраам и Мојсеј и е базирано на вистинско Божје Откровение, има веќе одамна одговорено на тие конкретни прашања. Кабалистите и лажниот месија кого тие очекуваат да им ги даде конечните одговори не и служат на вистината, ниту ја решаваат конкретната проблематика, туку даваат лажни надежи и лажно спасение на луѓето.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Невски, по незнам кој пат прогласуваш нешто за погрешно и лажно, без самиот да имаш увид во истото. Кабалата не е стихотворба која ќе ја научиш напамет, и ќе можеш да кажеш дека ја познаваш. Таа е мистицизам, поглед кон метафизичкото, и без пракса и медитација, можеш да ја толкуваш како сакаш, и никогаш нема да бидеш блиску до вистината. Неможеш да ја сметаш медитацијата за уништување на умот, никогаш да не ја практикуваш а од друга страна да тврдиш дека познаваш нешто како кабалата.
Од каде знаеш дека ти не си ти кој е во заблуда? Со тоа што ќе веруваш дека не си? Дали ти си расчистил со сите недоумици, дилеми и контрадикторности во христијанството?
За разлика од христијаните, кај кои верувањето е доволен критериум за нешто да сметаат за вистина, постојат и алтернативи каде не верувањето, туку осознавањето е тој критериум.
Никој не ти оспорува да веруваш во било што и да го сметаш за вистина, но немој да се правиш познавач и да судиш нешто кое не го разбираш. Дали јас некаде реков дека подобро го познавам христијанството од христијаните? (иако го познавам далеку подобро од многумина што ги знам, а се нарекуваат христијани).
Една работа е да прашаш и да дискутираш, за тоа што го сметаш за погрешно, нелогично и лажно, а сосема друга е да се правиш експерт во таа област. Тоа итекако е арогантно.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195

Токму така, добро кажано... кабалата е пракса која вклучува многу школи со една цел: да се дојде до подлабоко разбирање на божественото.
Сето она тврдење што е постаро што е поново нема врска со вистинитоста и реалната пракса на кабалистите. Рековме дека порано сите тие учења се пренесуваа усно, така да секако немаме пишани документи со кои би тврделе што е постаро а што не.

Ах ми се допаѓа она „за разлика од христијаните... “. Тука нема што да се додаде освен да им се укаже да го смират умот со молитва(медитација) ако сакаат нешто да постигнат во врска со божественото. Онака само ќе го влечат богот по земја и ништо со тоа. Потребно е со работа да се вивнеме кој божественото, не да го симнуваме по нашите патишта.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
. кабалата е пракса .Потребно е со работа да се вивнеме кој божественото, не да го симнуваме по нашите патишта.
:cuc::cuc::cuc:
GRANDE GURU
Koga ke ne prosvetlish i ke ni kazesh "kako" da rabotime za da se vivneme kon bozenstvoto......
(najlesen odgovor e deka toa e tajna......zatoa probaj da go izbegnes istiot)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
:cuc::cuc::cuc:
GRANDE GURU
Koga ke ne prosvetlish i ke ni kazesh "kako" da rabotime za da se vivneme kon bozenstvoto......
(najlesen odgovor e deka toa e tajna......zatoa probaj da go izbegnes istiot)
Добар си ти, добар :)
Се некој да ти каже... си бараш мајстор... барај...
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Значи пред да пишам сакам да разграничиме дека постовите ми се насочени во контрааргументи на кабалата, а не на ниедна личност од форумот, ок? ;) (за да нема "љутиш").
Колку да биде јасно за сите, тоа што изнесувам свој Христијански поглед во однос на кабалата не е воопшто стран и "паднат од небо", кога взаемно за Христијанството како и за кабалата критериумот по кој ги споредуваме нештата е базиран на Библијата (Стариот Завет, ако повеќе милувате...). Тоа значи дека го имам сето право да ги изнесам ставовите на Христијанството кои се судруваат со учењето на кабалата и секако, на нејзиното погрешно толкување на Библијата. Затоа ќе збориме од теза на аргументи и контрааргументи кои сигурно имаат допирни точки во Библијата, како што предходно се изнесов.

За да го спознаеш божественото е потребно да знаеш кој е вистинскиот Бог. Богот на Авраам, Мојсеј и Пророците е личносен Бог, Бог на Љубовта и нема врска со лажната "божественост" на кабалата кое е безлично (не е личност) и во суштина нема егзистеција, АИН. Така, ниту вистинскиот Бог нема врска со Адам Кадмон, едно ѕверско полубожество кое е содржано од "божествените енергии" и кое се уништува. Сигурно основната практика на кабалата е медитацијата и магијата со наводното "име божјо" е одговорна за развој на една таква лажна теорија за Бога. Медитацијата како практика, никогаш не била практицирана од Авраам, Мојсеј и Пророците и никој неможе да ги осуди за недостаток на искуство и арогантност кои го следеле вистинскиот Бог, а не биле следбеници на обредите и магиите на незнабошците во тоа време. Пророкот Илија им докажа на лажните пророци кој е всушност вистинскиот и жив Бог преку молитвата која ја изнесе за да го запали телето, кое лажните пророци (иако биле во екстаза и се самокамжикувале и боделе со разни ножеви) неможеле да го запалат и со тоа нивниот бог не бил вистинит, туку биле свештеници и слуги на ѓаволот кој нема сила. Ѓаволот, во главном се користи со техники кои ја уништуваат свеста - умот (медитација, хипноза, наркотици) и тие техники не водат кон спознавање на Бога, но кон една состојба на сон - фантазија. Тоа е докажано од разни експерименти направени врз мозокот (encephalogram) преку кои се докажало дека мозокот не се проширува, но напротив, работат зраците Алфа (Alpha) и Тета (Theta) кои покажуваат состојба на педсонска состојба или состојба на сон. Така ѓаволот создава разни фантазии (светли ангели, духовни светови, светли царства итн.) која во суштина не се вистински туку ѓавослки измишљотини. Значи се работи за обманувачка енергија од страна на ѓаволот.
Спротивно на ова, молитвата кон Бога (која е еден личносен активен однос меѓу човекот како создание и Бога како создател) нема потреба од такви практики-техники и може да го одбведе човекот во вистинско познавање на Бога, во вистинското Небесно Царство. Најверојатно ви е познато дека кабалата и христијанството се крајно спротивни, како спрема одговорите кои ги даваат во врска со Спасението, така и за верата кон Бога. Во кабалата богот Адам Кадмон, е уништен и човекот преку магија треба да го спаси. Таа лага на ѓаволот му ги "чешка ушите" на човекот и бидејќи е највискок степен на арогантност да верува некој во нешто такво, човекот верува дека така се жртвува и го доведува светот во спасение. Тоа е една голема лага бидејќи на лажниот бог не му е потребно спасение. Вистинскиот Бог ниту се уништува, ниту се дели на машки и женски страни, но останува неделив.
Кога човекот е замајан од злите духови кои се објавуваат како "ангели на светлината" и верува дека е "избраниот" кој ќе го спаси Бога, многу е тешко за таквиот да ја разбере измамата во кооја е западнат поради практикување на техниката на медитација врз која се темелат сите ѓаволски лаги и учења. Само Бог може да го спаси човекот, а не некакви магепсници ниту ангели, а уште повеќе човекот кој никако може да го спаси Бог.
Многу бивши окултисти се имат спасено од оманата на ѓаволот кога со вера и смирение го повикаа името на Исус Христос и небесните царства кои ги гледале преку астрална проекција се стопиле пред нив, а дека оние кои го режирале сето тоа во нивните глави биле демоните. Со молитвата ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ СИНЕ БОЖЈИ СПАСИ МЕ МЕНЕ ГРЕШНИОТ демоните бегаат како "ѓавол од крст" и престануваат да влијаат врз човечкиот ум. Така, сите фантазии се топат. Ако имате храброст, можете и вие да го пробате овој научен експеримент кога ќе патувате низ лажните светови на кабалата и кога ќе се сретнувате со лажните ангели. Тогаш ќе видите кој е вистинскиот Бог.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Медитацијата како практика, никогаш не била практицирана од Авраам, Мојсеј и Пророците и никој неможе да ги осуди за недостаток на искуство и арогантност кои го следеле вистинскиот Бог, а не биле следбеници на обредите и магиите на незнабошците во тоа време. Пророкот Илија им докажа на лажните пророци кој е всушност вистинскиот и жив Бог преку молитвата која ја изнесе за да го запали телето, кое лажните пророци (иако биле во екстаза и се самокамжикувале и боделе со разни ножеви) неможеле да го запалат и со тоа нивниот бог не бил вистинит, туку биле свештеници и слуги на ѓаволот кој нема сила.
Повторно се вртиме во круг......Мислам дека бев јасен кога реков дека утврдување што е вистинито а што не, само преку верба, не е аргумент. Ти го кажа ова, како да си присуствувал и си ги познавал лично Мојсеј, Авраам, Илија....па знаеш што практикувале, што запалиле и слично.
Што ако ѓаволот ја напишал библијата, и ти слепо му веруваш? Како ќе знаеш?
Верувај во тоа што си одлучил, но не се ставај во улога на познавач на нешто кое не го разбираш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Znaes neshto da kazesh ili.....cisto da proveram kolku znaesh
Не знам ништо(אַיִן‎).
Барај си друг свој „мајстор“ што ќе ти полни главата и со кој ќе се препираш за работи што не ги разбираш... многумина доаѓаат овде „да проверат“ но некако ни самите не знаат колку знаат и што. Проверувај се самиот себе си, не другите. Тоа е дури и христијанска и еврејска пракса која дава многу.

П.С. Чувствувам како да ме обожаваш постојано ме следиш. Штета што те банираа на телема подфорумот.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Не знам ништо(אַיִן‎).
Барај си друг свој „мајстор“ што ќе ти полни главата и со кој ќе се препираш за работи што не ги разбираш... многумина доаѓаат овде „да проверат“ но некако ни самите не знаат колку знаат и што. Проверувај се самиот себе си, не другите. Тоа е дури и христијанска и еврејска пракса која дава многу.

П.С. Чувствувам како да ме обожаваш постојано ме следиш. Штета што те банираа на телема подфорумот.
abe koj te sledi.....ti dojde prv da me masirash kaj Osho i tvojot sanjashin ipsi
A znaes shto mi e najsmeshno...sho postojano sakas da izigravash deka znaesh neshto,a koga pocname diskusija si ja podvitkuvash opashkat i postojano begash....
Dali toa e nekoj znak deka samo izigravash deka znaesh ili stvarno nemash poima.
PS. Odamna go imam najdeno "majstorot"....shteta shto ti si se izgubil vo univerzumot....edna ovca pomalku vo stadoto,pardon dve,tuka e i ipsi.
PPS.Podobro shto me baniraa...da ne citam sekakvi gluposti i bogovi
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Ах па јас сум ти задавал проблеми на тебе а не сум бил ни свесен за тоа... Моја или твоја грешка ќе е... и ти сега сакаш да си мериш знаење за да докажеш пред себе си дека Хептаграм е она што твоето јас сака да биде Хептаграм во твоите очи, никој и ништо :)
Тоа е Хептаграм што ти сакаш да бидам сонце мое, само да не дозволиме зборот Хептаграм да биде причина за твоите нервози и „сронети бисери“ на форумот.

Ајде сега на кабалата да и се вратиме.
Овој текст и порано беше поставуван овде но се смени страната па тие линкови ги нема, па ете да ве „просветлам“, пак да ги има линковите. Ова е мал извадок бидејќи текстот е поголем:

МАЛКУТ =496
Малкут е Сефира која е Корен на целото Дрво. Се наоѓа во Средниот столб кој се користи при одредени вежби (се мисли на средниот столб). Преводот од хебрејски е Кралство. Буквите што го градат Малкут се Мем, Ламед, Каф, Вав и Тау. Тој е поврзан со три сефироти и тоа: преку Тау со Јесод(Темел),[Месечина] преку Коф со Нецах(Победа)[Венера] и преку Шин со Ход(Сјај)[Меркур].
Малкут е материјалниот превез кој ги крие другите Сефироти [Tebel Vilon Shamaim=924](Превезот на Небесата). Споед некои, за се што е над Малкут, физичкото, ништо не постои. Колку се во право.
Малкут е Скелет, Чиста Физика. Малкут е Сферата на Четирите Елементи кои играат голема улога во кабалата [хеб. Cholem Yesodot]. Четирите елементи се провлекуваат низ целото Дрво на Животот, но тука , во Малкут, се во онаа целосна форма измешани каде преминуваат од еден во друг вид, носејќи го Сеќавањето од погорните Сефироти., а овде за прв пат измешани со елементот Земја. Но сепак елемент кој одговара на Малкут е Земја(поврзан со патеката Тау-Сатурн). Затоа времето постои само во Малкут.
Малкут се наоѓа во последниот божествен свет, наречен Ашијах [хеб. HIShO=385](Материјален Свет). Ашијах на кратко ќе кажам е местото каде што се РАБОТИ. Заради Ашијах постојат другите Светови. Ашијах е нашиот Олтар на кој ќе ги палиме нашите мириси од дрва и гума за Неа. Овде се петте сетила кои секојдневно не бомбардираат со информации и каде ние стануваме свесни за постоењето на трите други елементи, кои над Малкут мораме да ги објаснуваме со поими кои што ни се блиски до нашата анимална душа. (би додал овде и разумот)
Линк!

П.С. И нека е среќен празникот (Прв ден од пишувањето на „Книгата на Законот“).
Ве љуби Хептаграм!
 
da da...eliot go ljubi variant.....jasno mie e ...hahhaahahha
Do koga mislish da si ja podvitkuvash opashkata.....
PS.So kogo da si go meram znaenjeto...so nekoj sho nema poima.......i da ..mnogu se nerviram.......pukam od nervoza shto ti ne znaesh
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
da da...eliot go ljubi variant.....jasno mie e ...hahhaahahha
Do koga mislish da si ja podvitkuvash opashkata.....
PS.So kogo da si go meram znaenjeto...so nekoj sho nema poima.......i da ..mnogu se nerviram.......pukam od nervoza shto ti ne znaesh
Штом сакаш да мериме знаења, повели кажи ми кој од четирите архетипски светови во кабалата е свет поврзан со Намерата?
Од многу поим имање, невидов ништо конкретно за темава да се каже, еве шанса да кажеш колку и што знаеш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
da da...eliot go ljubi variant.....jasno mie e ...hahhaahahha
Do koga mislish da si ja podvitkuvash opashkata.....
PS.So kogo da si go meram znaenjeto...so nekoj sho nema poima.......i da ..mnogu se nerviram.......pukam od nervoza shto ti ne znaesh
Па ти не мериш ништо, ти ме следиш и само зборуваш за тоа кој сум јас... некако како ништо да не си научил од Ошо.
Ајде сега повели на темава докажи се што знаеш па да видиме... јас напишав што знам во постот што ми го цитираше а не го ни прочита. Повели дај мислење, одговори ете и на Ипсисимус на прашањето и ќе разговараме и ќе научиме нешто еден од друг за темава која ја третира кабалата како пракса.
Повели... чекам да научам нешто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom