Ја следам, кај смеам да не ја следам, ние од О.Т.О. се следиме ние управуваме со светот нели, ти така велиш! И со тебе управуваме

Само што да напишам не знам на темава... ете си пишувам на темата Кабала, оди види, посети ми го блогот има кабала и таму. И да, евреите ја измислија кабалата, велат дека богот им ги дал 22-те букви со кои е напишан Законот. Тие го напишаа и законот и го коментираа истиот за да нема забуни, кој што христијаните го копираа колку што можеа со нивното разбирање и ете следат некоја нивна школа.
Евреите уште го следат стариот закон и не се замараат да преобратуваат некој во нивното учење додека другите... се отепавте мерејќи пе*иси кој колку има луѓе во својот табор.
Но ете ви се дозволи малку да видите што нуди кабалата, и тие што знаат што бараат и како и нормално да работат, ќе можат како што вели еден рабин: дирекно да си правите муабет со божественото, а не да го гледате како нешто страно, надвор од вас самите. И нормално, оние што мразат, ќе мразат се.
П.С. Темата е некако полна со омраза од твоја страна затоа не творам тука. Нема потреба од моите размисли.
ОТО телетабисите, како масончињата и целата горенаведена банда сте само обични марионети чии конци, за жал, ги контролираат Ционистите. Не сте вие способни да контролирате никого, дури ни самите себеси (конкретниот пример со тебе и лажните набедувања). Тоа е факт и затоа е почната темата каде би можеле да се разменуваат мислења, што значи дека нормално ќе има спротивставени ставови. Тоа на некои персони од овде најверојатно ги иритира, па секој оној што не размислува како нив е "осуден на ругање и потсмев". Незнам по која основа ме обвини дека сум полн со омраза кога ти ми го колнеш мојот Бог и го анатемизираш со еони и разни глупости. Е тоа го покажува нивото на зрелост, мудрост и знаење.
Седмограм 13 (тоа може според древен кабалистички начин на толување да се сфати како седум грама во мозокот) плус срекниот број 13 кој е поголем од вообичаениот твој љубим 93. Како второ, ти продолжуваш со навредување и на Црквата а мене ме тужиш и тоа пак без причина - која е уште еден показател на слабост бидејќи кога се нема факти за да се аргументира дискутантот, тогаш се користат "ударци под појас", исто како што вашите истомисленици за секаква глупост ги пријавуваат во Anti-Defamation League, па повели тужи ме кај пријателчињата за омраза. Банални работи. Искрено, од вакви егистички испади на набедувања само ми се отвара апетит за дебатирање и тоа на стари години.
Што се однесува до егоизмот, сигурен сум дека на 80% од твоите коментари би сал да си бапнеш по едно 5-6 ЛАЈК-а ама тоа ти е... Да не збориме за твоите "следбеници" кои ги праќш да "чепкаат" ама На вашите теми за кабала и масони не одам повеќе бидејќи нечесно играте и банирате кога некој дискутатор знае повеќе и поготово ако не се согласува со вас и ви ги чешка ушите. Па згора на се пријателу и бараш да ме бришат. Причина? Изедов толку банови ради темава како и на масонството поради фактот што никој немаше контааргументи и не се најде човек да ми објасни зошто ме банира. Но не е битно. Важно е темата да продолжи и да се разменуваат мислења а личните навреди во иднина нема да ги коментирам. Ова беше одстапување кое мораше да се случи.Јас изнесувам факти и кој има спротивно мислење нека повели. Фактот е следен, во сите окултистички организации горе наброени основата е кабала. Имате контааргумент? Бујрум...
--- надополнето: 24 март 2012 во 02:42 ---
Сето ова наводно "отворање" на масонските ложи кон јавноста со цел да се "неутрализираат(повторно наводно) лошите гласини" за мистичноста на масонството е поврзано и со отварањето на Кабалата кон Гојимите (неевреите) пречекорувајќи ја мистичноста која карактеризираше до сега е секако и повеќе од предходно смислена и планирана. Фактот дека преку технологијата која е развиена до степен кој на сите ви е познат, беше прекрасно искористен за пропаганда, деградација на системи и инфилтрација во истите од страна на Ционистите преку нивните марионети во општеството.
Сметајќи (според нив) дека се веќе доволно зацврстени во поголемиот дел на ситеми на општеството (во глобала) и дека нема страв од некаков непријател, какви што имаа во минатото разобличувани пред се од Црквата, решија да почнат со контраофанзива, т.е. јавно "експонирање" на нивните "тајни" кои според нив не биле тајни, но се тајни кои секој може да ги разбере, а од друга страна само "одбраните" можат да ги разберат (знам колку парадоксално звучи но таков и е стилот, што би рекле браќа Срби - Луд ј..е збуњенога).
Да не должиме многу, според New Age движењето тоа се објаснува како доаѓање на "Добата на Водолијата" (Бејли) кое е општество каде сите БИ ТРЕБАЛО да бидат "иницирани" во Кабалистичкото учење и затоа според нив е пожелно да се вршат што повеќе епиклези (повикувања) за да дојде лажниот Месија (спасител) кои тие го сметаат за голем "волшебник" како би можеле сите заедно да успеат да го спасат "Бога" на тој начин што ќе му помогнат наводно да е обедини и да биде потполен, обединувајќи си ја женската половина со машката (целото учење на кабалистот Лурија). Според Православните Христијани, тој лажен спасител е Антихристот и за тоа предупредил и самиот Христос пред 2000 години.
Нели сите олултисти за себе велат дека се богови, епа на тоа и мислат, дека на Бога му требаат они за со нивните магиско-окултистички ритуали да го "спасат". Нема да ја коментирам логиката (или глупоста) на сите оние заблудени кои се мислат себе си за "богови"... жално и патетично.