КРВАРЕЊА ОД НОСОТ (епистакса) причини, прва помош

Член од
8 јули 2012
Мислења
10
Поени од реакции
0
ми течи крв од носот повторно после 5 месеци, но го гибав последниве 2 недели цело време и ми течи 3 дена по ред.Овие 3 дена не го гибам а дали е можно од пред то шо го гибав од то да ми течи?
фала однапред
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.310
Поени од реакции
3.697
Пријателе чисто добро намерен совет да појдеш да си провериш крвна слика и крвен притисок. Раната која може да стани во нос не може да е многу голема така да по некое време крвта ако е задоволително добра треба сама да засири и заструпи што се вика а вакви капиларни изливи кои не престануваат треба добро да се испитаат по мое лаичко познавање на човечкото тело.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Епа не го гибај веќе оди на лекар :pos:
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Знам дека ќе се изнасмееш, ама да не се бањаш во ладно купатило? И после бањање, трчаш во ептен топла соба? Оти тоа е еден од главните и најидиотски причинители за крварење на носот во зима. Јас некни искрварив како заклан баш поради тоа. Финтата е што кога се бањаш во ладно купатило, се крева огромна пареа и кожичката во носот ти се опушта, се релаксира од влагата. Ако по бањањето истрчаш во топла соба каде што воздухот е сув од греалките и радијаторите, кожичката нема да има време да се прилагоди и ќе испука. Во таа кожичка има изненадувачки голем број на капилари па затоа ако пукне ќе имаш обилно крварење, далеку поголемо од обичното.

Една опција е да го загрееш купатилото пред бањање, а друга опција е откако ќе се избањаш да поседиш во купатилото едно 10-тина минути дур да ти се смири кожичката.

Како и да е, ова што ти го кажувам е само една опција, на крајот на денот пак ќе треба да отидеш на лекар и да се консултираш оти сите ние можеби грешиме со советите, можеби е нешто сосема трето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom