КРВАРЕЊА ОД НОСОТ (епистакса) причини, прва помош

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Честопати и кај многу од нас се случуваат чести појави на крварења од носот. Некои од нас се загрижуваат, а некои од нас едноставно ги игнорираат. Еве јас ке кажам нешто на оваа тема а вие продолжете....

Зошто имаме крварења од носот и од каде доаѓаат?

- Крварењата од носто доаѓаат нормално доколку има фрактура, доколку го чепкаме или слично, но можат да се појават и како последица на носна алергија, настинка или грип и сл.Овие крварења најчесто доаѓаат од предниот назален септум, но не секогаш. Обично овие крварења немаат етиолошки причинител и не треба многу да не загрижуваат.
Но, треба да се напомене дека крварењето од носот може во некои поретки случаи и да представува симптом најчесто на: ослерова болест, тумори, леукемија и сл.

Прва помош при крварења од носот?

- Треба да седнете во исправена положба со главата насочена наназад
- Затворете го носот неколку минути, за тоа време користете ја устата за дишење
- Ставете парчиња мраз на носот

Кога крварењето од носот може да биде загрижувачко?

- Aко се јавува многу често и истекува крв во големи количини!
- Ако за време на течењето на крвта чувствувате аритмии (неправилни биења на срцето)
- Ако за време на течењето на крвта чувствувате недостаток на воздух (душење)
- Чувство на вртоглавица и губење на свеста за време на течењето на крвта
- Чувство на екстреман главоболка за време на течењето на крвта

Несакани ефекти кои често се случуваат:

- Проголтувања на крв во поголеми количини при што доаѓаат нагони на повраќања
- Често крварење во поголеми количини при што се јавува анемичност

Накратко кажано крварењето од носот обично не е проблематично и опасно, но некои крварења не се безопасни и мораат да се земаат во предвид.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Се' е фино објаснето, само не треба главата наназад да биде, туку да се поднаведне напред за да не се слие крвта во грло, туку да излезе од носот кој треба да се притисне со марамче/памук.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Не памтам кога последен пат ми течело крв од носот.
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Се' е фино објаснето, само не треба главата наназад да биде, туку да се поднаведне напред за да не се слие крвта во грло, туку да излезе од носот кој треба да се притисне со марамче/памук.

Точно така.Само крварењата од носот носат широка етиологија.При малите крварења од носот(најчесто кеиселбаховиот плексус) се запира носот и главата се наведнува нанапред плус тоа е пожелно да се стави ладна облога на вратот(предисвикува рефлексна вазоконстрикција и со тоа намалува количина на крварење).Кај поголемите крварења се става тампонада(во носниот дел или епифаринксот-Бекелова тампонада).
Само да напоменам:Од круциална важност е пронаоѓањето на предизвикувачок на тоа крварење(зад самото крварење се кријат широк диапазон на болести :хематолошки,онколошки,инфектолошки...).Затоа при пациент со крварење од носот(епистакса) од неутврдена причина-добри анамнестични и лабораториски претраги.

Поз
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Честопати и кај многу од нас се случуваат чести појави на крварења од носот. Некои од нас се загрижуваат, а некои од нас едноставно ги игнорираат. Еве јас ке кажам нешто на оваа тема а вие продолжете....

Зошто имаме крварења од носот и од каде доаѓаат?

- Крварењата од носто доаѓаат нормално доколку има фрактура, доколку го чепкаме или слично, но можат да се појават и како последица на носна алергија, настинка или грип и сл.Овие крварења најчесто доаѓаат од предниот назален септум, но не секогаш. Обично овие крварења немаат етиолошки причинител и не треба многу да не загрижуваат.
Но, треба да се напомене дека крварењето од носот може во некои поретки случаи и да представува симптом најчесто на: ослерова болест, тумори, леукемија и сл.

Прва помош при крварења од носот?

- Треба да седнете во исправена положба со главата насочена наназад
- Затворете го носот неколку минути, за тоа време користете ја устата за дишење
- Ставете парчиња мраз на носот

Кога крварењето од носот може да биде загрижувачко?

- Aко се јавува многу често и истекува крв во големи количини!
- Ако за време на течењето на крвта чувствувате аритмии (неправилни биења на срцето)
- Ако за време на течењето на крвта чувствувате недостаток на воздух (душење)
- Чувство на вртоглавица и губење на свеста за време на течењето на крвта
- Чувство на екстреман главоболка за време на течењето на крвта

Несакани ефекти кои често се случуваат:

- Проголтувања на крв во поголеми количини при што доаѓаат нагони на повраќања
- Често крварење во поголеми количини при што се јавува анемичност

Накратко кажано крварењето од носот обично не е проблематично и опасно, но некои крварења не се безопасни и мораат да се земаат во предвид.
Докторе јас го имам овој проблем, само не од горенаведениве причини туку поради пукнат капилар во носот. Обично крв ми тече ако да речеме го чепкам (може и од минимално допирање, поради што тоа и не го правам) или го стиснам од надворешна страна, или пак ако е многу жешко или сум изнервиран многу т.е ми се качи притисокот. Е сега овој проблем го имам уште од предшколска возраст и на времето требаше да ми го затворат тој пукнат капилар со зажарена игла ама ми кажаа дека така сум можел да го изгубам осетот за мирис, е сега се прашувам дали постојат некакви ласерски методи со кои би можел да си го решам проблемот со пукнатиот капилар а притоа да нема ризик од губење на осетот за мирис.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ми се случува понекад, најчесто кога ќе се прејадам.
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Докторе јас го имам овој проблем, само не од горенаведениве причини туку поради пукнат капилар во носот. Обично крв ми тече ако да речеме го чепкам (може и од минимално допирање, поради што тоа и не го правам) или го стиснам од надворешна страна, или пак ако е многу жешко или сум изнервиран многу т.е ми се качи притисокот. Е сега овој проблем го имам уште од предшколска возраст и на времето требаше да ми го затворат тој пукнат капилар со зажарена игла ама ми кажаа дека така сум можел да го изгубам осетот за мирис, е сега се прашувам дали постојат некакви ласерски методи со кои би можел да си го решам проблемот со пукнатиот капилар а притоа да нема ризик од губење на осетот за мирис.
Кај Вас проблемот не е алармантен, за ласерската терапија знам дека постои и дека може, но каде кај нас се изведува тоа стварно не би смеал да те излажам најдобро побарај некаде низ интернет...
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Чест проблем е кај мене сум имал слаби капилари и при промена од топло ладно знае да ми тече крв многу мал удар во нос и чепкање исто така почнува да ми тече крв. Најчесто ја секнам крвта и така ми престанува да ми тече а доколку ка кренам главата и така го запрам и засорена крв во носот и многу ме нервира а и после некое време ден два пак поцнува да ми тече крв а кога ке го исекнам убаво од крвта месец два сум мирен :toe:
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Од каде потекнува крвта при крварење од носот?

Крвта обично потекнува од крвните садови лоцирани во предниот дел на назалниот септум (назална партиција) или подлабоко во назалната шуплина.

Што може да предизвика крварење од носот?

  • Чепкање на носот
  • Удар во предел на носот или оштетувања на мукозната мембрана
  • Настинка или грип
  • Носна алергија
  • Сува мукоза во носната шуплина за време на изложување на сув атмосферски воздух
  • Висок крвен притисок – поретко
  • Некои видови на лекови, на пример, продукти кои го намалуваат вискозитетот на крвта (аспирин, и нестероидни анти-инфламаторни лекови)
  • Експозиција на хемикалии кои можат да ја иритираат мукозната мембрана
  • Девијација на назалниот септум

Повеќето случаи на крварења од носот немаат етиолошки причинител, т.е. се идиопатски.

Останати ретки причини за епистакса

  • Хематолошки заболувања како леукемија или хемофилија
  • Тумори во носната шуплина
  • Ослерова болест

Опасни сигнали!

  • Тешки крвавења
  • Палпитации (абнормално срцебиење), недостаток на воздух
  • Голтање на големи количини на крв, кои предизвикуваат нагон за повраќање

Како да се избегне крварењето од носот?

  • Избегнувајте оштетувања на лигавицата
  • Побарајте медицинска помош за болеста која го предизвикува крварењето
  • Регулирајте ја влажноста на воздухот со помош на апарати, доколку живеете во суви климатски услови

Што да направите ако крварите од носот?

  • Седнете во исправена положба со главата насочена наназад
  • Затнете го носот за време од 5 минути, за тоа време дишете преку уста
  • Ако крвавењето запре а потоа пак продолжи, држете го носот затворен 8-10минути
  • Ставете парчиња мраз на носот

Добар совет

  • Не го дувајте носот во наредните 12 часови откако крвавењето сопрело
  • Не ја голтајте крвта
  • Ако често страдате од епистакса, обратете се кај вашиот матичен лекар

Прогноза

  • Крварењето обично стопира ако ги следите горенаведените инструкции.
  • Тешко крварење може да побарува хоспитален третман, и во ретки случаи, трансфузии на крв.

Како се лекува тешкото крварење, и кои лекови може да се препишат?

Контактирајте го лекарот ако советот за стопирање на крварењето не успее.

Прво докторот ќе се обиде да го сопре крварењето со употреба на вазоконстрикторни субстанци.

Кога крварењето сопрело, докторот може да го спречи на изворот на крварењето со хемиски супстанци, со цел да го превенира понатамошното крвавење.

Ако крварењето и на овој начин не успее, се ставаат тампони во носот (тампонада).

Во ретки случаи, може да биде индицирана операција на делот од крвните садови кој е одговорен за крварењето.

Ако епистаксата е резултат на друга болест, како зголемен крвен притисок, многу е важно да се побара третман со кој ќе се избегне крварењето.

Крвавењето од носот може да биде интермитентно (периодично), и меѓу крварењата може да биде тешко да се детерминира изворот. Ако ова се појави, тогаш најдобро би било да се прегледа носот за време на крварењето.
Па,колку често крварите од носот?Кога последен пат сте крвареле од носот?
Јас до пред 1-2 години крварев многу често,сега овие години дали 1-2 пати годишно.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
На другар ми до пред година дена му течеше крв од носот многу често. Пример, одиме на одмор и влегување во вода да се капиме и него веднаш му течеше крв од носот. Или ќе се шетамве и му течеше крв од носот и тоа обилно и често. Маки мачеше да ја сопре крвта. На крај излезе дека има недостаток на железо во крвта и откако беше на терапии нема веќе такви проблеми.
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
Честопати и кај многу од нас се случуваат чести појави на крварења од носот. Некои од нас се загрижуваат, а некои од нас едноставно ги игнорираат. Еве јас ке кажам нешто на оваа тема а вие продолжете....

Зошто имаме крварења од носот и од каде доаѓаат?

- Крварењата од носто доаѓаат нормално доколку има фрактура, доколку го чепкаме или слично, но можат да се појават и како последица на носна алергија, настинка или грип и сл.Овие крварења најчесто доаѓаат од предниот назален септум, но не секогаш. Обично овие крварења немаат етиолошки причинител и не треба многу да не загрижуваат.
Но, треба да се напомене дека крварењето од носот може во некои поретки случаи и да представува симптом најчесто на: ослерова болест, тумори, леукемија и сл.

Прва помош при крварења од носот?

- Треба да седнете во исправена положба со главата насочена наназад
- Затворете го носот неколку минути, за тоа време користете ја устата за дишење
- Ставете парчиња мраз на носот

Кога крварењето од носот може да биде загрижувачко?

- Aко се јавува многу често и истекува крв во големи количини!
- Ако за време на течењето на крвта чувствувате аритмии (неправилни биења на срцето)
- Ако за време на течењето на крвта чувствувате недостаток на воздух (душење)
- Чувство на вртоглавица и губење на свеста за време на течењето на крвта
- Чувство на екстреман главоболка за време на течењето на крвта

Несакани ефекти кои често се случуваат:

- Проголтувања на крв во поголеми количини при што доаѓаат нагони на повраќања
- Често крварење во поголеми количини при што се јавува анемичност

Накратко кажано крварењето од носот обично не е проблематично и опасно, но некои крварења не се безопасни и мораат да се земаат во предвид.
Главата не треба да се навали наназад, туку нанапред и навалена надолу, при тоа носот да биде затворен и така се дрзи ивесно време додека крваренјето да престане и да се засири крвта. Доколку се навали главата наназад крвта се слева во грлото. Препорачливо е внесување на ц-витамин (1000 мг дневно).
Инаку јас овој проблем го имам од мала, и повеќе пати ми е тампониран носот и ми се горени капиларите. Лица кои имаат ваков проблем, треба да избегнуваат изложување на сонце и да внимаваат на физички повреди на носот, бидејќи и мало потчукнување или чепкање на носот може да предизвика крварење.
 
Cheross

COOL BOY
Член од
27 август 2011
Мислења
548
Поени од реакции
381
Јас кога имав 5 години паднав од тераса и го повредив мн носот..и ден денес ако малце го подудрам носот и почнуват крв да ми течи..
 
AFI

Член од
17 ноември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
98
И јас го имав тој проблем се додека не ми ги изгореја капиларите. Пред 5,6 години кога бевме на празнување за Првомајските празници првиот пат ми претече малку, а потоа се почесто и повеќе. Го молав бога што поскоро да си одиме дома бидејки бевме на едно 3,4 дена со другари. Само што пристигнавме дома седнав на кревет и ко чешма од носот крв и отидовме со моите на дежурен. Ми ставија некоја инекција и престана за момент. Лекарот при контрола после 30 мин го допре пак почна. Ме пратија на Оделението за уво нос и грло.Ме тампонираа со 2 метарски тампон и ми рече да одам за недела дена да го извадиме. На самото вадење на тампонот пак си почна да си тече и специјалистот кажа дека пукаат капилари , се лекуват едни до нив пукат други. И така месец дена се бев со тампони. Ќе одам да ми го извадат и пак ко чешма си тече од носот. Специјалистот рече дека единствено решеније ке биде ако дадам да ги изгорат капиларите. Кога видов со какво огорено железо ке ме горат ке паднев од стол. Но бидејки ми беше преку к* да одам секој втори ден на болница се согласив. Ми ставија опојка во носот и настапуваше чинот на горење. Осекам само како крфта испарува и гролема болка. Две сестри ми ја туркаа главата напред бидејки јас се повлекував :rolleyes:Потоа ме тампонираа.При вадење на тампонот пак течеше. Ме пратија на испитување и се беше ОК . На крај ме задржаа во болница ми дадеа инфузии 3,4 и повторно горење на капиларот и престанаа. Се чудеја и специјалистите од што може да биде и ми кажаа дека ми се намалил имунитет и ми пукаа капиларите. ОД витамин Ц и инфузиите и горењето на носот зајакнав и престана и до ден денеска не ми е претекло.
 
Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74

Чудно колку ти биле фрагилни капиларите стварно, како да имаш некое нарушување во коагулација, ти испитаа тромбоцити во крвта и фактори на коагулација , и дали на друго место си крварел или само од нос ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom