КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
^ Целата поента е до кога да се прогледува низ прсти на намерни грешки.

Заради такви и е хаосот во Скопје
Дека имало грешка, имало не спорам. Но ти пресудуваш веќе и дека е намерна грешка. Од твоите постови на оваа тема можам само да заклучам дека се "ситиш" што на комшијата му умрела козата.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Дека имало грешка, имало не спорам. Но ти пресудуваш веќе и дека е намерна грешка. Од твоите постови на оваа тема можам само да заклучам дека се "ситиш" што на комшијата му умрела козата.
Како може да не е намерна грешка кога го потсетуваат уште во Декември дека отстапува од висината а тој продолжува да гради до Јули? Или пак дека не плаќал 5 рати по ред?

А ти како ќе ги гледаш моите постови најмалку е битно и релевантно за грешките на Фијат.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Да го пратиш Никола како што тврдиш ќе знаеше дека секогаш кога ситуациите стигале до јавност тој не попушта. Ти мислиш дека Велија немаше понудено некоја паричка? Јас колку што знам уште е во затвор.:noze:
Хмм... Па не баш... Николче е тежок калкулант. Еден таков пример ти е ЕВН/ЕСМ. Пред 2-3 години работата беше дојдена до коска, кога Австријците се заканија дека ќе си одат од Македонија, Николче јавно им посака добар пат(!) и не испушти да каже дека биле најлош странски инвеститор во Македонија. Ова се случува кога Николче и фамилијата им бараа на ЕВН да платат над 100 милиони Евра за наводен неплатен долг. Австријците тужеа, а после некое време постигнаа спогодба со Николче и ја повлекоа тужбата.

Значи не би било прв пат Николче да го смени јавниот став и да направи спогодба.

Во тој случај, очекувам да признаеш дека институциите во Македонија не функционираат, како што кажа пред некој ден. :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665

Спогодба е клучниот збор. Ни австријците, ни државата, не добија се што сакаа. Државата доби пари, ама не 250 милиони, колку што предходно бараше, австријците се согласија да исплатат дел од парите. Под државата мислам на ЕЛЕМ, затоа што спорот беше помеѓу ЕВН и ЕЛЕМ. Австријците ја повлекоа тужбата во Вашингтон, ЕЛЕМ ја повлече тужбата во Македонија. Тука двете страни го имаа прекршено договорот. Јас знам дека не направи спогодба, ни со Штерјо, ни со Велија, ни сега со Фијат. Единствената спогодба за која му замерам на Груевски е оваа сегашнава со Ахмети.
 
Па не ќе да е баш така... ЕЛЕМ бараа преку 100 милиони Евра од ЕВН, а со „спогодбата„ добија 3 милиони Евра. Компромис би бил ако се најдат на пола пат, нели?

Австриците не направиле ништо посебно, платиле „бедни„ 3 милиони, што се пари што всушност ги имаа наплатено додека траеше спорот.

Во спорот ЕВН-ЕЛЕМ, ЕЛЕМ е тој кој што се повлече.

Знаеш зошто? Затоа што беше очигледно дека ЕВН ќе го добие спорот на меѓународен суд, а државата пак ќе треба да плаќа огромна отштета. Затоа ЕЛЕМ се сложи на „спогодба„ т.е. се откажа од првобитните мегаломански барања. (И плус, неофицијално, се зборува дека ЕВН му пуштиле неке милионче на Николче.)

Ќе признаеш, државата барала (како што викаш ти) 250 милиони, а добила само 3, не е баш „спогодба„...

А за со Штерјо... :) Колку години го процесуираат предметот против Фершпед? 5 години, така? Ептен „нема„ спогодба тука :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Па не ќе да е баш така... ЕЛЕМ бараа преку 100 милиони Евра од ЕВН, а со „спогодбата„ добија 3 милиони Евра. Компромис би бил ако се најдат на пола пат, нели?

Австриците не направиле ништо посебно, платиле „бедни„ 3 милиони, што се пари што всушност ги имаа наплатено додека траеше спорот.

Во спорот ЕВН-ЕЛЕМ, ЕЛЕМ е тој кој што се повлече.

Знаеш зошто? Затоа што беше очигледно дека ЕВН ќе го добие спорот на меѓународен суд, а државата пак ќе треба да плаќа огромна отштета. Затоа ЕЛЕМ се сложи на „спогодба„ т.е. се откажа од првобитните мегаломански барања.

Ќе признаеш, барале (како што викаш ти) 250 милиони, а добиле само 3, не е баш „спогодба„...
Од каде ова дека ЕЛЕМ добил само 3 милиони евра?:pos: ЕЛЕМ бараше половина од ненаплатените долгови на поранешното ЕСМ, или некаде околу 250 милиони евра. ЕВН имаше проблем затоа што голем дел од тие долгови не беа оптужени и беа застарени. ЕЛЕМ беше со став дека нив не ги интресира тоа. На крај се договорија ЕВН да им исплати на ЕЛЕМ половина од тужените долгови на поранешниот ЕСМ. Тоа е некаде околу 100 милиони евра.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ќе ископирам едно мое мислење кое го напишав на еден друг форум а се однесува на моите актуелни гледишта на проблемот.

Во врска со случувањата околу овој објект мислам дека и двете страни имат вина а мојот субјективен впечаток е дека и двете страни имат некаква корист за да се сруши објектот, дури имам и впечаток дека Цановски никогаш не ни планирал вистински да го изгради. Како аргумент за тоа ми се неговото ама ептен лесно откажување од проектот и подготвеноста да се справи со ситуацијата во која се најде, значи за еден ден беа известени сите надлежни со се странски амбасади, во истиот ден ги имаше сите аргументи во пишана форма во рака и за еден ден успеа да ги собере опозициските лешинари кои верно му го чуваа грбот додека даваше изјава.
Од друга страна пак беше очигледна желбата кај општината по секоја цена и во најкус можен рок да се сруши објектот. Е сега секако причина е поврзаноста на дел од власта со градежниот сектор , за кој 565 стана биле повеќе од голем залак. Дури мислам дека прикаската оди дотаму што владата токму поради поврзаноста со инвеститорите во недвижнини се одлучи на воведување на новиот закон за купување на стан каде што државата планира да финансира дел од средствата потребни за купување на стан.Но да не шпекулирам понатаму. Поентата ми е дека според мене и од двете страни се мати...А знаете ли кој на крајта ќе го извлече дебелиот крај и кој ќе ја плати цела ујдурма?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Кривична пријава за Цаноски за објектот „Космос“

Против инвеститорот и изведувачот на објектот „Космос“ поднесени се кривични пријави, а деновиве ќе биде поднесена кривична пријава и против надзорот. Сите активности кои општина Гази Баба ги презема во постапката се согласно законите и во насока на почитување и владеење на правото.
Ова го изјави градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски кој рече дека прецизно е испочитувана и спроведена законската регулатива и во ниту еден момент не му било скратено никакво право на инвеститорот.

- Бидејќи во конкретниот случај имаме флагрантно кршење на Законот за градење, против инвеститорот и изведувачот се поднесени кривични пријави, а деновиве ќе биде поднесена кривична пријава и против надзорот. Во временскиот рок, кој што беше даден за спроведување на решението за отстранување на градбата, не само што не беше отпочната постапката од страна на инвеститорот, туку тој продолжи со градба, односно во тој период имаше бетонирање на столбови - рече Трајковски.

Поради сето ова, потенцираше, беше пристапено кон административно присилно извршување на решението. Градоначалникот повторно го повика инвеститорот да каже по кој проект ја изведувал градбата.

Еден од инвеститорите на објектот Фиат Цаноски на прес-конференција рече дека му биле скратени основните човекови права, односно можноста на приватна сопственост и слобода на движење и најави дека ќе се жали во судот во Стразбур.

На пресот присуствуваше и американскиот адвокат Дејвид Серџи кој Цаноски го ангажирал за неговиот случај.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=FCB95ACB9BA182448D20098FBDB5CA31
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Одбиени измените на проектот „Космос“

-Општина Гази Баба донесе решение за одбивање на предложените измени за проект „Космос“, во текот на градењето, изјави Трајковски.
Измените се поднесени кон крајот на месец јули. Градоначалникот информираше дека во моментов не се знае по кој проект се водел инвеститорот Фијат Цаноски при градбата поради тоа што фактичката состојба е во спротивно и со основниот проект кој е одобрен, но и со предложените измени кои биле поднесени.
Како основна причина за одбивање на измените е тоа што во истите има прекршувања на законот за градење и не се во согласност со деталниот урбанистички план.
-Во измените на проект има направени отстапување од градешната линија, а тоа градба надвор од Деталниот урбанистички план. Зголемена е површината за градење, особено во делот за паркинг за над 50 отсто. Паркингот не може да биде на приземјето и целиот сообраќаен пристап е промашен. Со измените се предвидува возилата да поминуваат низ простор висок 2.5 метри што не е дозволено, поради тоа што тој простор мора да биде поголем, во случај на несреќа да може да влезе пожарникарско возило или слично, истакна градоначалникот Трајковски.
Градоначалникот на општина Гази Баба информираше за некоректен однос од страна на инвеститорот, поради тоа што не сакал да ги прими актите донесени од страна на локалните власти кои се однесуваат за комплекот „Космос“.
Поради прекршувања на Законот за градење кривични пријави заработија инвеститорот и изведувачот а се разгледува можноста да одговараат и проектантот поради тоа што проектирал во спротивност до Деталниот урбанистички план и надзорот кој што не ја информирал општината дека изградбата не е во согласнот со одобрението.
Инаку инвеститор е фирмата „Фине“ каде што како управител не се јавува Цаноски, туку неговиот зет.
Трајковки истакна дека хипотеката е активирана поради тоа што Цаноски имал платено само три од вкупно осум рати за комуналии. Под хипотека биле ставени објекти на Водно, во Маџари и во Струга. По активирањето на хипотеката настапуваат извршителите со опомени и укажувања а потоа со конфискација и лицитација на имотот.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/38678-Odbieni-izmenite-na-proektot-Kosmos
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Од каде ова дека ЕЛЕМ добил само 3 милиони евра?:pos: ЕЛЕМ бараше половина од ненаплатените долгови на поранешното ЕСМ, или некаде околу 250 милиони евра. ЕВН имаше проблем затоа што голем дел од тие долгови не беа оптужени и беа застарени. ЕЛЕМ беше со став дека нив не ги интресира тоа. На крај се договорија ЕВН да им исплати на ЕЛЕМ половина од тужените долгови на поранешниот ЕСМ. Тоа е некаде околу 100 милиони евра.
Aјде и јас тебе да ти се изнасмеам за тоа како ништо не си разбрал од медиумите. :pos::tapp:

Значи: http://www.dw-world.de/dw/article/0,,14954064,00.html

За да анализираш правилно, треба и да читаш правилно.

Убаво си констатирал кој што барал порано, но погрешно си разбрал за тоа што е содржината на вонсудската спогодба.

ЕВН директно им исплати на ЕЛЕМ само 3 милиони Евра (што всушност се побарувања кои биле наплатени додека траеше спорот). Сите останати побарувања како што можеш да прочиташ во текстот ќе им бидат плаќани на ЕЛЕМ како што ЕВН ќе ги наплатува (значи ништо однапред, туку исто како и што е стариот договор).

(Единствена разлика од минатиот договор е што ЕВН му ги препушта на ЕЛЕМ побарувањата од јавните институции. Ако тој толг е околу 20 милиони, тогаш ЕВН губи 10 милиони.)

Твоите 100 милиони Евра што ЕВН наводно им ги исплатило на ЕЛЕМ едноставно не постојат. Има само на хартија некои 100 милиони кои ЕВН можеби и некогаш ќе им ги исплати на ЕЛЕМ, само ако наплати 100% од книжените побарувања, што никогаш нема да се случи. А ова е потполно исто како и во стариот договор кој ЕЛЕМ не сакаше да го почитува и поради што овој спор започна in the first place.

Значи освен префрлување на побарувањата од државните институции, ЕВН не попушти и не изгуби ништо од овој спор. Владата е таа која се повлече.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Стварно мислиш дека некој е толку ненормален за да излезе и во јавност да рече:
Се договоривме да наплатиме 200 милиони евра од граѓаните и да ги поделиме по пола со ЕВН. Прашај некој што имал стар долг, дали му чукнале извршители на врата. 70% од тие 200 милиони евра се или наплатени или граѓаните направија договор со ЕВН да ги исплатат на рати. На крај ЕЛЕМ ќе добие 100 милиони евра, само што не се толку будали да направат самоубиство и да го кажат тоа.
 
Приказната со 200те милиони на ЕВН и ЕЛЕМ е сосема друга, и нема врска со парите. Приказната е дека сакаа да го избркаат ЕВН од Македонија, и пробаа да најдат правен начин да го направат тоа. Мислеа дека ќе ги заплашат ЕВН со нашето "независно" судство, но ЕВН тужеа на меѓународен суд и беше очигледно дека ќе добијат, затоа и длабоко ретерираа од заканите и се согласија на стариот договор.

Мислам дека завршницата со Фијат ќе биде слично-позитивна за Фијат.

Од она што се случува последниве денови, интересна е иронијата дека од една страна му ја рушат зградата, а од друга страна му бараат пари за комуналии и вршат присилна наплата...?!

За едни инвеститори има милион привилегии (попуст за комуналии, бесплатни комуналии, бесплатно земјиште, државна помош во вид на попуст од даноци и придонеси, и ред други работи) а за други инвеститори има само камшик, така што било каква дискусија за 140те сантиметри на Фијат е беспредметна. Нивните инвеститори ги дерат граѓаните (Телеком, Стопанска Банка), ги трујат (Окта, Цементарница Усје), но тоа не е битно нели, поважни било тоа што гаражите на Фијат биле високи 250цм па не можело да влезе пожарна..?!?! (А во која зграда во Скопје може да влезе пожарна?!?) http://kurir.mk/makedonija/vesti/38678-Odbieni-izmenite-na-proektot-Kosmos

И така натаму и така натаму...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
celata ovaa rabota smrdi na politika, na revansizam preme neistomisenici
Тоа никој не го негира. После следи моето прашање зошто се направиле очигледни грешки при знаењето за намерно гонење.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Тоа никој не го негира. После следи моето прашање зошто се направиле очигледни грешки при знаењето за намерно гонење.
Ednata strna veli deka ima greski dodeka drugata strana toa go negira. Arhitektonskiot fakultet koj so najvisoka institucija od ovaa oblas vo Mk isto taka veli deka nema greski.. Ednata strana vodi bitka rasipan telefon i samo is pravi preskoferencii pred novinari so svoi stavovi dodeka drugata uporno vika na soocuvanje pred javnosta sto mislis ti dali celava ovaa postapka koja ja vodi Opstinata mozebi e nezakonska.. Ke vidime se vodi sudski proces za ova i pred nasite i pred megjunarodnite sudovi pa ke vidimi koj lazel i komu rastel nozot. Jas samo se nadevam deka nema nie da plakame za greskite na vlasata od sopstven dzeb, za toa jas ke baram odgovornost
 
Kajgana Shop

На врв Bottom