КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ако се тие газдите што ги наведуваш (а не се), тогаш зошто изградбата е запрена?
Затоа што излезе афера во британските медиуми, па треба да помине време.
Во ГТЦ нема таков паркинг, па камо ли во некои стамбени згради во Карпош.
Тврдиш дека во паркингот на ГТЦ не може да влезе противпожарно возило?
Ова отиде предалеку. Ајде Џони најди го законот (го имаш цел Интернет на располагање) и постирај го тука, да видиме каде тоа пишува дека противпожарен КАМИОН треба да може да влезе во подземен паркинг на стамбена зграда.
Со измените се предвидува возилата да поминуваат низ простор висок 2.5 метри што не е дозволено, поради тоа што тој простор мора да биде поголем, во случај на несреќа да може да влезе пожарникарско возило или слично, истакна градоначалникот Трајковски.
Објаснувањето на општината зошто е одбиена измената. Не планирам да го читам цел закон за градење за да ги исполнувам твоите хирови, Џони. Нека тужи и за ова Цановски, па ќе покаже во суд.
--- надополнето: Aug 18, 2011 4:55 PM ---
Не се мачи, голем број на стамбени згради немаат воопшто подземен паркинг.
Нема законска обврска да имаат.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Затоа што излезе афера во британските медиуми, па треба да помине време.

Тврдиш дека во паркингот на ГТЦ не може да влезе противпожарно возило?

Со измените се предвидува возилата да поминуваат низ простор висок 2.5 метри што не е дозволено, поради тоа што тој простор мора да биде поголем, во случај на несреќа да може да влезе пожарникарско возило или слично, истакна градоначалникот Трајковски.
Објаснувањето на општината зошто е одбиена измената. Не планирам да го читам цел закон за градење за да ги исполнувам твоите хирови, Џони. Нека тужи и за ова Цановски, па ќе покаже во суд.
--- надополнето: Aug 18, 2011 4:55 PM ---

Нема законска обврска да имаат.
Дечко, стварно не е тенденциозно прашањево, ама те молам да наведеш извор за ова што го тврдиш. Чисто, ме интересира објаснувањето. Ме интересира од каде е ова тврдење, бидејќи знам дека во поголеми згради се вградува систем за гаснење на пожар ( во вид на прскалки, на пример), со помош на кои се интервенира внатре во зградата. Гаснење на пожар со возило се врши од надвор (од улица), па така, вакво возило нема потреба да влегува во зграда.

Во подземната гаража на ГТЦ не може да влезе камион, ниту противпожарно волизо. Пристап имаат само патнички возила.

Пак ќе прашам, мислам дека се работи за погрешно опишан проблем.

Инаку, колку што знам во условите за градење што се добиваат од опшина, покрај површина, катност итн, се поставува услов за задоволување на паркинг (значи за токлку и толку катност, имаш обврска да обезбедиш толку и толку паркинг места). Значи, постои законска обврска. Инаку ти пропаѓа проектот.
 
I

Iblis

Гостин
. Не планирам да го читам цел закон за градење за да ги исполнувам твоите хирови, Џони. Нека тужи и за ова Цановски, па ќе покаже во суд.
--- надополнето: Aug 18, 2011 4:55 PM ---

Нема законска обврска да имаат.
Ок ама од каде знаеш? Законот не си го прочитал. Се водиш според кажувања? Можеби по логика некоја (нема гаража нема потреба од влез ка камион нема законска обврска)?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Дечко, стварно не е тенденциозно прашањево, ама те молам да наведеш извор за ова што го тврдиш. Чисто, ме интересира објаснувањето. Ме интересира од каде е ова тврдење, бидејќи знам дека во поголеми згради се вградува систем за гаснење на пожар ( во вид на прскалки, на пример), со помош на кои се интервенира внатре во зградата. Гаснење на пожар со возило се врши од надвор (од улица), па така, вакво возило нема потреба да влегува во зграда.

Инаку, колку што знам во условите за градење што се добиваат од опшина, покрај површина, катност итн, се поставува услов за задоволување на паркинг (значи за токлку и толку катност, имаш обврска да обезбедиш толку и толку паркинг места). Значи, постои законска обврска. Инаку ти пропаѓа проектот.
Од објаснувањето на градоначалникот за одбивањето на измените. Сигурно институциите во општината го знаат законот одлично.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/38678-Odbieni-izmenite-na-proektot-Kosmos

Да мора паркинг, ама може и отворен пред објектот, не мора да е во рамките на објектот.

Ок ама од каде знаеш? Законот не си го прочитал. Се водиш според кажувања? Можеби по логика некоја (нема гаража нема потреба од влез ка камион нема законска обврска)?
Градоначалникот на Општина Гази Баба сигурно го прочитал законот. Инаку Фијат можеше да го тужи и за неосновано одбивање на измената. Само за чудо не тужеше.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Интересно.
Со измените се предвидува возилата да поминуваат низ простор висок 2.5 метри што не е дозволено, поради тоа што тој простор мора да биде поголем, во случај на несреќа да може да влезе пожарникарско возило или слично, истакна градоначалникот Трајковски.
Во кој закон може ова да се најде? Во основниот закон не постои, во другите измени и дополнувања не можев да забележам. Ако дополниле со ваква уредба...не ми е логички (не е тема таа наводна одредба, но нема ни логика) пожарникари со возило да се стават испод зграда која гори. За внатрешни интервенции постојат хидранти. Не знам, можда стручни лица вака замислиле...
Меѓувреме ... ќе си прочитате, не е за цитирање
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=89CFE73F50699144885EDA6105D83E09
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
и? до каде е сега космос? нели братучед на министерот за транспорт и врки или незнам на кој си министер ке градел зграда блиску тоа место што се случи?
 
M

Moon Child

Гостин
Кој не е со мене, е против мене и мора да се уништи,ова е еден од начините на кои владее Груевски, ова го вели во интервју за "Скај Македонија", Фијат Цановски. Урбаната мафија премиерот треба да ја бара во своите редови,вели опозицискиот пратеник тој. Сопственикот на Фине потенцира - Космос ќе се гради.
Sky.mk: Уривањето на Космос е како што вели власта,справување со урбаната мафија или пак е пресметка со неистомисленици?
Цаноски: Уривањето на деловно-станбениот објект Космос е пресметка на власта со политичките неистомисленици.Со ова власта сака да втера страв во коски на сите. Секому е јасно дека влегувањето,садистичкото уништување и минирањето на Космос не е од градежно-урбанистички мотиви. Жалам што цената на незаконското и самоволно дивеење на градоначалникот,инспекторката,аминувано од партиската врхушка ,повторно ќе го платат граѓаните. Во Космос,како и во целата досегашна моја работа сум ги почитувал законите.Јас не сум криминалец како што се обидоа некои медиуми ,по наредба на партискиот штаб да ме оцрнат.Инспекторите на УЈП ја прочешлаа целата документација и не најдоа ништо незаконско во моите бизниси и во потеклото на имотот. За ова добив и решение потпишано лично од Горан Трајковски.Дали некому му пречи дека сум торбеш?

Sky.mk: Некои институции Ве обвинуваат дека Космос е дивоградба.Кои се вашите аргументи?
Цаноски: Долго време се подготвував за овој проект. И се беше во ред додека бев дел од коалицијата што беше на власт. Промената на ДУП-от беше донесена ескпресно, и тоа јас го финансирав. Фирмата што го проектираше Космос е од Битола и е во сопственост на поранешниот министер за транспорт и врски и претседател на собраниската комисија за транспорт и врски,Јорго Шундовски.Тоа е човек кој најдобро ги познава законите,и затоа комплексот е проектиран според ДУП-от и во него се е регуларно.Многу е јасно кога настанаа проблемите.Власта кон крајот на ноември минатата година започна со притисокот врз А1 телевизија,чиј сопственик е мојот сват Велија Рамковски.
Сепак дозволата за градење ја добив на 24 декември 2010 ,а ден подоцна Велија беше уапсен. И потоа се случи нешто што веројатно го има само во рубриките ,,Верувале или не,,. На 23 јануари 2011, истиот орган што ми ја даде дозволата, истата ја прогласи за ништовна! Вакво нешто во праксата не постои.Ист орган да ви даде дозвола и по еден месец да ви ја одземе. Поднесов жалба до второстепена комисија и настана - молк. И тоа траеше до потребата од 80 гласови во Собранието за да се изгласа Закон од правосудната сфера.Премиерот побара од мене да го гласам законот и ми вети дека ќе изврши притисок врз министерот за сообраќај и врски дозволата за градба да ми биде вратена. И ми беше вратена, но дури откако јас го исполнив "долгот", еден ден откако гласав за споменатиот закон.Не се точни тврдењата на градоначалникот дека има поместување на градбата од проектот! Таму нема кота од која би се мерело .Во Протоколот за вовед во градба ,покрај маркицата,напишани се и хоризонталните коти,но не и вертикалните.Ние не ги знаеме вистинските коти,затоа што ниту општината не ги знае.Височината во тој случај,според прописите се зема од постојната влезна улица која е изведена,и по неа ние сме 60 см. пониски од улицата а не повисоки од спротивната страна на булеварот ,каде што нема ниту влез,бидејќи таму е слепа улица.Тоа јасно се гледа во ДУП-от и во проектот.Ние како инвеститори баравме да не ни се дадат такви мерни коти а општината рече дека такви - нема. Оттаму, ние започнавме да градиме врз основа на котата на пристапната улица. Впрочем, тоа е таму и највисока кота, бидејќи, наокулу земјиштето има пад од 2,5 метри, што укажува дека во основа ние сме под нивото на дозволената градба.Ниту по Закон ниту по ДУП-от тие не смеат таму да мерат.Ова го констатираат и професорите од Архитектонскиот факултет. Тие во експертската анализа јасно кажуваат дека сите тврдења на општината се неточни и паушални,и сите преземени нивни дејства се незаконски.Значи општината ,а не јас ги крши законите.И уште еден пример како кај нас се работи.На Водно,околу Панорама, блиски луѓе на власта градат објекти.Таму од тротоарот па надолу има изградено по уште три спрата, но секако,силата и власта се кај нив. За нив важат други закони. Замислете кај нив паѓа теренот со 10 метри, за нив важи а за нас не важи таков закон.Со таква ли селективност Груевски ќе привлекува странски и домашни инвеститори.
Градоначалникот на Гази Баба,не го има прочитано ниту ДУП-от,на кој тој самиот ставил потпис,а од кој јасно се гледа дека јас работам според правила и прописи.

Градежна инспекторка, дошла на објектот на 30 мај и 31 мај.До инвеститорот, фирмата "ФИНЕ", не е доставен никаков записник, ниту забелешка .Инспекторката вели дека му прочитала записник на инженерот на терен, но тоа не е согласно на процедурата. Ние како инвеститори за тоа дека имаме проблем дознавме на 15 јулиСе чекаше да стигнеме до некоја височина, за штетата да биде поголема, како и трошоците за уривање.

За некои медиуми рековте дека градоначалникот Тони Трајковски ви побарал пари да му уплатите како аванс за да ги исплати платите во општината.Ве обвинува дека не сте ги платиле ратите за комуналии. И дека ќе ви ја активира хипотеката.

Цаноски: Со општината имаме склучено договор,повторно потпишан од Тони Трајковски,дека комуналиите ќе ги плаќаме на 24 рати.Кон крајот на минатата година,како аванс за ратите за комуналии ,за да се исплатат општинарите уплатени се 10 милиони денари.Потоа уште 8 милиони и 176 илјади денари,и ратите,и тоа порано од договорениот термин во јануари,април и јуни.Во февруари и март дозволата за градба ми беше одземена. Досега компанијата која го градеше "Космос" има платено повеќе 131.000 евра за комуналии и се запазени законските рокови за исплата.И она што е многу значајно,а што општината и градоначалникот или не го знаат или намерно сакаат да го сокријат.Улиците не се проектирани,тие немаат ниту намер да ги проектираат,замислете не е започната ниту експропријацијата за земјата. А парите за комуналии се даваат за да се изведе целата структура за објектот,тоа значи улици,вода,струја,канализација,експропријација на земјата. Во овие две години од кога е донесен ДУП-от ,нема ,ама буквално ништо немаат направено,а бараат пари за рати,и Тони Трајковски излегува со партиски памфлети на прес-конференции.Него парите му требаат само за плати и нема намера никогаш овие работи да ги направи.
Во буџетот на гази Баба за ова има предвидено само мала сума пари,која ни оддалеку не е доволна за транспорт на машини за да почнат а не да се завршат сите работи.
Очигледно е дека се работи за мафијашка работа од страна на градоначалникот на гази Баба.Човекот треба да врати некој долг,а и сака да си се осигура за нареден градоначалнички мандат со тоа што спроведува слепо незаконски наредби,на прес конференции само чита кој што му напишал. Во оваа држава важат закони ,па тие важат и за Тони Трајковски.


Sky.mk: Нели е парадоксално,додека едни легализираат дивоградби за евро по квадрат,вашиот објект го рушат.

Цаноски: Kосмос не е дивоградба. Напротив тоа е инвестиција тешка 60 милиони евра ,најголема во последните години. И ваквите инвеститори се сметаат за големи пријатели и се ценети во секоја општина. И наместо тоа целата македонска јавност е сведок на незаконско самоволие.


Sky.mk: Рековте дека покрај тоа што мислите дека се работи за политичка пресметка,ова е обид да се спречи продажба на ефтини станови кои имаат реална вредност а не напумпани за да се заштити Вашата конкуренција.На кого мислевте?
Цаноски: Очигледно е дека Тони Трајковски ,работи под диктат на својот партиски шеф .Космос очигледно им попречи и на постојните инвеститори во градежништвото со цената која ја понудивме. Цената од 800 евра за квадрат во луксузен амбиент е многу пониска од онаа која се нуди во Скопје.Влегов во нечии интереси и шеми на политичари кои криејќи се зад други фирми градат и продаваат поскапи станови. Посебно, им засметав на оние кои требале да градат во Ќерамидница, бидејќи потенцијалните, засега фантомски градители, сметале дека со култивирање на тој реон би можеле да добијат многу повисоки цени а заработувачката би била најголема токму кај земјиштето. А тоа се луѓе од највисокиот партиски врв.Тука премиерот треба да ја бара градежната мафија.

Sky.mk: Добивте ли подршка од опозицијата и дали ќе продолжите да настапувате како дел од опозицијата?

Цаноски: Јас ја имам подршката пред се од граѓаните на Република Македонија и од купувачите на становите во Космос.Тие ме бодрат,никој не ги побара парите назад,сите сакаат Космос да биде изграден.Подршката ја имам од опозицискиот фронт бидејќи сите ја разгледаа докумантацијата и дека уриваат без доказ и ги кршат Законите.Со ова нема да ме уплашат, јас со пратеничката група на ПЕИ продолжуваме да дејствуваме како опозиција.Иако пораката им беше јасна,Космос ќе се изгради на време, а со градоначалникот,инспекторката и сите кои се вмешани во ова злодело ќе се видиме на суд. Правдата ќе ја докажам,а нивното место ќе биде зад решетки.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Станбено – деловниот комплекс „Космос“ повторно се гради

Градежната компанија „Фине“ денеска постави камен темелник на станбено – деловниот комплекс „Космос“ во населбата Ќерамидница. По минатогодишното уривање на објектот во градба, инвеститорот Фијат Цаноски се одлучи повторно да ја започне изградбата на зданието на истата локација во близина на Универзитетот „ФОН“ [»мапа]. На градежната парцела со големина од околу 20.000 метри квадратни, треба да се издигнат две згради со вкупно 562 станови со различна квадратура од 50, 90 и 105 метри квадратни. Поголемиот објект е предвидено да се простира на површина од 80.000 метри квадратни, додека помалата зграда која претходно воопшто не почна да се гради би имала бруто развиена површина од 40.000 метри квадратни. Според плановите на инвеститорот, комплексот треба да биде завршен до крајот на 2013 година.





Во денешната изјава за медиумите Фијат Цаноски истакна дека сите предуслови за стартување на изградбата се исполнети. „Одобрението за градба го имаме, комуналиите се целосно платени и нашите планови се до крајот на идната година објектот да биде изграден. Постапивме по сите решенија и наредби од Општина Гази Баба и објектот го сведовме до бараното ниво“, нагласи Цаноски. Неговите проценки се дека со уривањето на станбено – деловниот комплекс му е нанесена финансиска штета, што тој ја проценува на повеќе од 35 милиони евра. Локалната власт денеска не излезе со соопштение за повторното отпочнување на проектот и за дадената изјава на инвеститорот.





Општина Гази Баба пристапи кон уривање на „Космос“ на почетокот од август 2011 година поради отстапување на објектот во градба од проектната документација, со која е добиено одобрението за градење. Градежниот инспектор од локалната самоуправа утврди висинско отстапување од 1,43 метри, како и изведба на армирано – бетонски плочи, парапет и столбови на приземјето, за кои беше утврдено дека се во спротивност со основниот проект. По повод ваквите обвинувања, инвеститорот се одлучи да поднесе тужби против одговорните лица и надлежните органи. Според информациите од компанијата „Фине“, инвестицијата во станбено – деловниот комплекс ќе изнесува околу 35 милиони евра, додека во изведувањето на градежните работи ќе се вклучат 300 лица.

Build.mk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom