КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893

Гратче ќе никне зад ФОН




Покрај луксузниот станбено-деловен комплекс со 562 стана во кои ќе живеат 4.000 жители, ќе се изгради и мост кај салата „Јане Сандански“

Изградбата на дел од луксузниот станбено-деловен комплекс, наречен „Космос“, на булеварот Војводина, во близина на Универзитетот ФОН, започна годинава во април. За потребите на овој комплекс ќе се изгради и мост, кој ќе оди од свиокот кај салата „Јане Сандански“ до другата страна на реката Вардар, кај населбата Ќерамидница.

Инвеститорот на овој комплекс, скопската фирма „Фине“ ДОО, која го изгради и објектот на ФОН, веќе распиша јавен повик за најповолен понудувач за изградба на големата зграда-седумнаесеткатница од комплексот, која ќе биде поделена на пет ламели, а ќе има повеќе посебни влезови. Ќе се гради и помалата зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете згради заедно ќе имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Изградбата на комплексот ќе чини околу 30 милиони евра.

- Станува збор за мини-град, во кој ќе живеат околу 4.000 жители, кои ќе го уживаат сиот комфор и услуги. Првпат во Македонија, со продажбата на становите оди и служба за услуги на граѓаните, која ќе им биде на располагање 24 часа. Оваа служба ќе се состои од обезбедување, поправки и одржување - нагласува Ардијан Амзовски, управител на фирмата „Фине“.

Амзовски објаснува дека долу во големата зграда ќе има деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат ќе има луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500.до 2.000 квадратни метри. Од него ќе може да се гледа целата панорама на Скопје. Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите. Ќе има и детска градинка.

Меѓу двете згради, кои ќе бидат оддалечени 120 метри, ќе има парк и шеталиште.

Паркирањето е решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот е предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-места, така што ќе бидат задоволени потребите на станарите.


Амзовски вели дека уште сега постои голем интерес за купување станови во овој комплекс.

- Има многу заинтересирани и 20 проценти од становите веќе се резервирани. Има станови од 50 до 120 метри квадратни, а се продаваат по цена од 1.000 евра за квадратен метар.

Изградбата на овој модерен комплекс ќе значи урбанизирање на населбата Ќерамидница, која досега беше едно од најзапуштените населени места во општината Гази Баба, иако на оддалеченост од само три километри до центарот.

Според Амзовски веќе се работи на инфраструктурата, односно на главниот пристапен пат до комплексот.

- Главната пристапна сообраќајница до комплексот се прави, а ќе се прави и мост од свиокот кај салата „Јане Сандански“, кој директно ќе води до станбено-деловниот комплекс - нагласи Амзовски.

Од Општина Гази Баба велат дека се надлежни за инфраструктурата, односно за уличките внатре во комплексот, но објаснија дека работите се' уште не почнале, бидејќи проектот не стигнал на разгледување во Општината Гази Баба.

- За изградба на главниот пристапен пат е надлежен Градот. Проектот за комплексот треба да стигне кај нас наредната неделата. Дури тогаш ќе можеме да зборуваме што и како ќе преземеме - најави Емилија Кипровска, портпарол во Општината Гази Баба.

Градските власти велат дека главната пристапна сообраќајница е во фаза на проектирање.

- Се' уште не можеме да кажеме ништо, ниту за тоа колку ќе не чини и колку ќе трае нејзината изградба, бидејќи се подготвува проектот за неа - вели Аљоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот во Градот.

Тој објасни дека мостот, кој ќе оди од свиокот од салата „Јане Сандански“ и ќе поминува од другата страна кон населбата Ќерамидница, нема суштинска врска со новиот станбено-деловен комплекс и е предвиден со Генералниот урбанистички план за град Скопје.

- За мостот допрва треба да се распишува оглас и рано е нешто да се каже попрецизно. Мостот ќе оди од спортската сала „Јане Сандански“ и поминува од другата страна на Ќерамидница. Притоа, едно парче оди од булеварот Гоце Делчев кај бензинската пумпа кај Скопски саем, друго парче се двои десно кон Кејот на реката Вардар до Универзитетот ФОН, односно комплексот, и трето парче се двои кон населбата Автокоманда - објаснува Шопар.

Според распишаниот оглас од инвеститорот, најповолниот понудувач големата зграда треба да ја изгради во рок од една година до карабина. Истиот изведувач можеби ќе ја гради и помалата зграда или евентуално би се распишувал нов тендер.

Што мислите за оваа инвестиција ?
Дали доколку сте во можност би купиле стан ?


Слушнав дека ако сега уплатите, метар квадратен го продаваат за 780 евра што е доста примамлива понуда.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Интересно ми стои ова мини гратче... јас би купил таму стан :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.872
ја ко што знам ова е план на Фија и Велија, сеа ако знаеме дека Велија е тазе станар на еден друг “станбено-деловен комплекс’’ прашање е дали ова ќе се деси..

Иначе вака изгледа убаво и импресивно.
 
T

Tetro

Гостин
луксузниот станбено-деловен комплекс со 562 стана во кои ќе живеат 4.000 жители
4000/562=7.2

Планирано е во секој стан да живеат по 7-8 члено семејство? :)
Или пола нормални стандардни семејства, и пола семејства со по 15 члена фамилија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
- Се' уште не можеме да кажеме ништо, ниту за тоа колку ќе не чини и колку ќе трае нејзината изградба, бидејќи се подготвува проектот за неа - вели Аљоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот во Градот.
Шуќур некој проект да се почне и отаде Вардар...некакво мртвило владее во северно Скопје без никакви поголеми зафати (малови, трговски, маркети, станбени објекти...ништо нема освен пазарчиња), инвестиции и градби.

А за цена...
- Становите ќе бидат луксузни и со висок квалитет. Станарите ќе имаат 24-часовна сервисна служба од обезбедување, водоводџија и други санитарни служби, кои ќе можат да ги повикаат од своите домови преку посебен локал. Комплексот ќе биде затворен со постојано обезбедување - објаснува Ардијан Амзовски, управител на фирмата „Фине“, која е инвеститор и на зградата на Универзитетот ФОН.
ова е за друг вид народ.

А стварно ќе живеат по 7 души у стан?


 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
А за цена...


- Има многу заинтересирани и 20 проценти од становите веќе се резервирани. Има станови од 50 до 120 метри квадратни, а се продаваат по цена од 1.000 евра за квадратен метар.
Во Капиштец знаеш колку е?
Иначе мислам немаше Вељо никаква врска со комплексов освен рекламација. Јак е Фијат, да видиме шо ќе излезе, од другата страна мислам и Аква Парк ќе градел.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.997
...некакво мртвило владее во северно Скопје без никакви поголеми зафати (малови, трговски, маркети, станбени објекти...ништо нема освен пазарчиња), ...
Тоа ти е исто ко да се чудиш, зашто никој не инвестира у Кандахар.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Тоа ти е исто ко да се чудиш, зашто никој не инвестира у Кандахар.
Не е само до фирмите, проблем е повеќе во градските татковци. Колку што знам урбанистичките планови се битни за развој и градби, а инвеститори се наоѓаат. Затоа и ова го потенцирав
- Се' уште не можеме да кажеме ништо, ниту за тоа колку ќе не чини и колку ќе трае нејзината изградба, бидејќи се подготвува проектот за неа - вели Аљоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот во Градот.
Уредување на просторот на градот. Очигледна е тенденциозноста низ овие 3-4 децении, не е од сега.
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Ме чуди направата горе наречена ротирачки ресторан.. Како ли ќе изгледа
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
А добро, може ли накаде да се најдат архитектонските планеви за тоа како би изгледале становите?
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
последните неколку месеци на телевизиите се емитуваа идилични реклами за ексклузивни станови, со италјански плочки, не знам каков паркет, сопствена градинка и паркинг и се тоа за без пари, ако се уплати однапред...мед и млеко, со оглед на тоа што истиот инвеститор не е во состојба да го заврши сопствениот факултет кој е неколкукратно помал.

КОСМОС е новиот ФИКОМ, ако имате намера да уплатите или вашите родители веке имаат уплатено учество веднаш нека го повлечат. господинот Фијат Цановски е на пат да ја сподели судбината на неговиот сват Велија.



Градежната дозвола на „Космос“ е одземена поради утврдени отстапки во димензиите
Општината Гази Баба и инвеститорите на зградата „Космос“ покрај Вардар и вчера останаа на своите позиции - првите дека објектот е дивоградба и е запрен, а вторите дека не се гради поради годишните одмори.

- Како може да сме ја надминале висината на зграда од 17 ката, кога сега сме само до осмиот кат? „Космос“ се гради, сега не работиме бидејќи фирмата е на колективен одмор. Не сме добиле никакво спречување од општината и не сме ги надминале димензиите. Не знам зошто се шират тие дезинформации - рече пратеникот и бизнисмен Фијат Цановски, кој е сопственик на фирмата-инвеститор „Фине“.

Од општината, пак, го тврдат сосема спротивното. Велат дека пред десетина дена е запрена изградбата на луксузниот станбен комплекс „Космос“ и градежната дозвола им е одземена поради утврдени отстапки во висината, надвор од дозволата за градба и од Деталниот урбанистички план.

Нашите градежни инспектори беа на терен и утврдија неправилности, дека е надмината висината на објектот и дека изградбата не одела според проектот и издадената градежна дозвола. На сите градби реагираме уште во текот на градежните работи, и тука е постапено така. Одобрението ќе важи само ако „Космос“ ги отстрани неправилностите и тогаш ќе може да продолжи изградбата - соопшти градоначалникот Тони Трајковски.

Изградбата на „Космос“ на булеварот Војводина, во Керамидница, во близината на Универзитетот ФОН, почна во април годинава. Беше најавен како мини-град, составен од големата зграда од 17 ката и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете заедно ќе имаат 560 стана, во кои ќе живеат околу 4.000 жители. Поголемата зграда зафаќа површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Во големата се предвидени деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500 до 2.000 квадратни метри. Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите, како и детска градинка. Изградбата на комплексот чини околу 30 милиони евра. На интернет-страницата на „Фине“ сé уште стои информацијата дека објектот се гради и дека е во тек продажбата на становите. Во изјави што досега инвеститорите ги давале за медиумите тврдат дека 20 отсто од становите веќе се продадени.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А бе до кога бре, ааааа не знам што ќе беше народ овца.....
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Фиат неможе без Велко.. кај и да е заедно ќе си бидат пак
 

Kajgana Shop

На врв Bottom