КК Струмица во ФИБА Евро Купот

Статус
Затворена за нови мислења.

KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
То е то:Dсупер ајде струмица газииии
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
278
Поени од реакции
1
Ke bide jakoo, ama mislam oti imame sansi ... epa ne treba pred vreme da se predavame neli?
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Познати судиите на Струмица - Локомотив

ФИБА Европа ги делегираше судиите и делегатите на двете средби помеѓу Струмица и Локомотив Ростов (Русија) од 2. квалификациско коло во ФИБА Еврокупот.

На првиот натпревар, кој е закажан за 20 ноември (вторник) во Струмица, судии ќе бидат Николаос Карусис (Грција), Бојан Јованиќ (БИХ) и Игор Драгоевиќ (Црна Гора). Делегат ќе биде Слободан Орцевиќ (Србија).

Судии на реваншот, закажан за 27 ноември (вторник) во Ростов ќе бидат Шаулиус Самулевичиус (Литванија), Бранислав Мрдак (Србија) и Алфред Јововиќ (Хрватска). а делегат ќе биде Роман Пономаренко (Украина).
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
:: ТРИУМФ НА СТРУМИЦА 2005

Актуелниот шампион на Македонија, Струмица 2005 се пласираше во 2. квалификациско коло на ФИБА Еврокупот, откако ја елиминираше хрватската Цедевита. Во реваншот, пред околу 4.000 навивачи во струмичката сала “Парк“, шампионите во натпревар, во кој се водеше голема борба во текот на сите 40 минути, ја совладаа Цедевита со 75:69, и ја анулираа негативата од 4 поени по првиот натпревар.
Со оваа победа тие ја задржаа македонската клупска кошарка во еврокуповите, и дојдоа на чекор до влез во групите од елитното европско клупско натпреварување во кошарка, под покровителство на ФИБА Европа.

Струмичани започнаа добро и на стартот поведоа со 7:4. Гостите се опоравија од стартната трема и заиграа солидно. Така, во финишот на 1. четвртина тие ја имаа најголемата предност во целиот двомеч, кога поведоа со 21:12 и 23:14.

Во 2. четвртина Струмица 2005 намали на 26:27, но многуте промашувања, посебно за 3 поени, не им дадоа можност да направат преврт, па на полувреме се отиде со негатива од 3 поени (33:36).

Конечно, во 3. период Струмичани поврзаа 3 последователни успешни обиди за 3 и создадоа предност од 6 поени во два наврати (53:47 и 56:50). Но, гостите не се предадоа. Следуваше серија од 10:1 и скоро 5 минути кошаркарите на Струмица 2005 не постигнаа кош од игра. Тогаш, во 35. минута, тренерот на Струмица 2005, Јовица Арсиќ, побара минута одмор и го преобрази домашниот тим. Следуваа најсилните 5 минути на македонскиот шампион во целиот двомеч. Струмичани првин успеаја да поведат, а единствено Дамир Милачиќ во овој период ги одржуваше гостите во игра. Тој постигна 2 тројки, но капитенот Ефтим Богоев и во двата наврати успеа експресно да врати. Во 39. минута Струмица 2005 повторно поведе со 5 поени (73:68), што беше доволно за место во следното коло. Следуваше уште една одлична одбрана, и реализација на две слободни фрлања на Пуповиќ за плус седум.

Во финишот беше вистинска драма. На 8 секунди до крајот Бошњак имаше дефанзивен скок по промашувањето на гостите, но не ја искористи шансата да го реши натпреварот. На 4 секунди до крајот Римац го реализираше првото, а намерно го промаши второто слободно фрлање. Во мешаницата топката излезе во аут за Цедевита. Римац потоа шутираше за три во последната секунда, но топката само удри во обрачот, што ја означи севкупната победа на Струмица 2005.

- Натпреварот беше израмнет и неизвесен до самиот финиш. Цедевита е одлична екипа, клубот има поголем буџет од нашиот, но ја нема оваа прекрасна публика. Нашите навивачи не подигнаа и ни помогнаа да ја надминеме психолошката бариера од првото полувреме. - изјави тренерот Јовица Арсиќ.

- Прекрасен натпревар. Немаше да биде незаслужено која било од двете екипи да поминеше понатаму. Сепак, публиката беше наш шести играч и ни помогна да ја елиминираме Цедевита. - вели капитенот на Струмица 2005, Ефтим Богоев. Тој беше јунак на натпреварот и прв стрелец, со 23 поени.

Според тренерот на Цедевита, Јакша Вулиќ, неговиот тим пропуштил да направи поголема предност на првата средба, што се покажало како круцијално за севкупниот триумф на Струмица 2005.

Следен противник на македонскиот шампион ќе биде рускиот Локомотив Ростов, а првиот меч ќе се одигра во Струмица на 20 ноември.
Реваншот е закажан за 27 ноември во Ростов.

СТРУМИЦА 2005 - ЦЕДЕВИТА 75:69
Резултат по четвртини: 14:23; 19:13; 23:17; 19:16.

СТРУМИЦА 2005: Богоев 23, Цветков, Д. Соколов 5, Делиќ 4, Тасовски 19, Бошњак 6, Крстевски, Ангелакас, Пуповиќ 15, Т. Соколов, Латовиќ 3, Заев.
Тренер: Јовица Арсиќ.

ЦЕДЕВИТА: Приморац 5, Римац 9, Дујмовиќ 11, Чолак 8, Парезановиќ, Жуниќ, Седлар, Милачиќ 15, Грејвс 21, Филиповиќ, Новачиќ.
Тренер: Јакша Вулиќ.

РЕЗУЛТАТИ (1. квалификациско коло):

СТРУМИЦА 2005 (МАКЕДОНИЈА)- Цедевита (Хрватска)75:69 (72:76 на првата средба),
Олимпија (Грција) - Спартак (Бугарија ) 85:71 (71:76),
Одеса (Украина) - Спартак (Русија) 86:88 (76:86),
Елба (Романија) - Днипро (Украина) 71:82 (74:64),
Бакен (Данска) - Игокеа Партизан (БИХ) 71:71 (62:68),
Мај Гајд (Холандија) - Азот Рустави (Грузија) 101:63 (87:77).

ДВОЈКИ ЗА 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (20.11 2007 - 27.11.2007)

СТРУМИЦА 2005 (МАКЕДОНИЈА) - Локомотив (Русија),
Игокеа Партизан (БИХ) - Химик (Украина),
Баронс (Летонија) - Нахарија (Израел),
Мај Гајд (Холандија) - Дексија (Белгија),
Днипро (Украина) - АЕЛ (Кипар),
Плања (Шведска) - Самара (Русија),
КР (Исланд) - Банвит (Турција),
Златорог (Словенија) - Олимпија Лариса (Грција),
Лаперанта (Финска) - Керавнос (Грција),
Тарту (Естонија) - Простежов (Чешка),
ПАОК (Грција) - Клуж (Романија),
АЕК (Грција) - Шоле (Франција),
Загреб (Хрватска) - Гравлен (Франција),
Апоел (Кипар) - Черкаски мавпи (Украина),
Олимпија Патра (Грција) - Урал (Русија),
Спартак (Русија) - Маруси (Грција).
[mod]link,алоооо[/mod]
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
СТРУМИЦА 2005 (МАКЕДОНИЈА) - Локомотив (Русија),
Игокеа Партизан (БИХ) - Химик (Украина),
Баронс (Летонија) - Нахарија (Израел),
Мај Гајд (Холандија) - Дексија (Белгија),
Днипро (Украина) - АЕЛ (Кипар),
Плања (Шведска) - Самара (Русија),
КР (Исланд) - Банвит (Турција),
Златорог (Словенија) - Олимпија Лариса (Грција),
Лаперанта (Финска) - Керавнос (Грција),
Тарту (Естонија) - Простежов (Чешка),
ПАОК (Грција) - Клуж (Романија),
АЕК (Грција) - Шоле (Франција),
Загреб (Хрватска) - Гравлен (Франција),
Апоел (Кипар) - Черкаски мавпи (Украина),
Олимпија Патра (Грција) - Урал (Русија),
Спартак (Русија) - Маруси (Грција).
Значи најтежок можен противник сме добиле ич немаме среќа не знам зошто Локомотив директно не се го ставиле во групите па мора да игра кфалификации
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Познати судиите на Струмица - Локомотив

ФИБА Европа ги делегираше судиите и делегатите на двете средби помеѓу Струмица и Локомотив Ростов (Русија) од 2. квалификациско коло во ФИБА Еврокупот.

На првиот натпревар, кој е закажан за 20 ноември (вторник) во Струмица, судии ќе бидат Николаос Карусис (Грција), Бојан Јованиќ (БИХ) и Игор Драгоевиќ (Црна Гора). Делегат ќе биде Слободан Орцевиќ (Србија).

Судии на реваншот, закажан за 27 ноември (вторник) во Ростов ќе бидат Шаулиус Самулевичиус (Литванија), Бранислав Мрдак (Србија) и Алфред Јововиќ (Хрватска). а делегат ќе биде Роман Пономаренко (Украина).
Pa li atinjanin sudija be... j'zk.
 

Th3 Reap3r

Soul On Fire
Член од
24 август 2007
Мислења
378
Поени од реакции
7
Струмица ке ги згазат и на Локомотив ке видите.:) Струмица rulzzzzz:vozbud:
 

KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
хаха гркот ако направи грешка во судењето ....нема да му прости публиката.....така да.....може да дојде до недоразбирања...
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom