И после Охриѓаните не чинеле:)

KIFFLA

не ме викај друже
Член од
5 ноември 2008
Мислења
548
Поени од реакции
180
АЈ ЖИТИ ЛЕБ, НЕКА КАЖИТ НЕКОЈ, ОВАА ГОДИНА СМЕ МУ СКРШИЛЕ НЕКОМУ ШОФЕРШАЈБНА, СМЕ МУ УКРАЛЕ РАТКАПНА, РЕТРОВИЗОР? СМЕ МУ РУШИЛЕ ГУМА БЕЗ ПРИЧИНА. А? ЕДЕН НЕКА КАЖИТ ДЕКА ДОШОЛ ДА СИ ВЛЕЗИТ В КОЛА И НЕКА РЕЧИТ ДЕКА СМЕ МУ СЕ ПОМОЧАЛЕ НА КВАКАТА, КО ЛАНИ. ЕДЕН, САМО ЕДЕН ФАКТ ДАЈ МИ ВО СПРОТИВЕН СМИСОЛ И ТИ СКИНВАМ КАПА И ТО СО СИ МУВА И ЈАВНО ЌЕ РЕЧАМ: „Е НАВИСТИНА ОХРИЃАНИ НЕ ЧИНАТ"


„Ејјјјјј. Алооооо. Кај паркираш море слепец еден. Ќор си дека тука го тресам чаршавов од ручек? После ќе јајш трици, охриѓани ги мрзат скопјани и намерно ги....Кај ќе ја истресам пепељарава, сељак еден". „Знам бе дечки, ама кај да паркирам коа насекаде згради сте.......". „ Кому бре ти дечки. Ќор си дека сум сам, дечко ќе речиш. И нема ама!! Од Скопје дојде да ми кажвиш кај сме кренале згради или да се капиш по плажине.

А заинет од вас скопјани, ќе крениме згради и на сред плоштат, па да ве видам кај ќе пиете кафе, за посрани 80 денари. Море за вас, не 80, 180 денари едно кафе ќе го напрајме". Вошкар еден. Збеснав. Немал кај да паркират? Јас немам кај да паркирам, граѓанин на Охрид (иначе в центар живеам, ама позади општинава, кај овие ископаниве улици), не нему ќе му се мислам кај да......
„ Еј, батеееее. Битола така фрлате ѓубре во контењерине? Те познав аку на џипот имаш скопска регистрација и на носот црни наочари!"-„Извините, го видов контењеро и.......". „Шо бре и. Јас ќе плаќам а виеееее......Еј, ало, чкембааар, тебе ти зборвам. Глуфтааар. Не прај се дек не слушаш. Со арно ти велам, ашлак еден. Волуууу." Ете ти сега. Ти културно му кажвиш, а тој се прајт на удрен и после охриѓани не чинат.

„Комши можит од твојот да им ѕвонам Прилеп, само че им кажам дека стигнав, зошто мојов го исклучиле и.....". „Слушај, ме заболе мојов за твојот, а ме заболе и за мојов з'ш од први август и мојов ќе ојт јабана, ќе ми го штрацнет. Ќе требит од шолјана да ти......

". „ Добро утро, комшивке. Стигнавте?". „Да комши, стигнавме....". Море да дајт господ до утре патлиџаните да не ти стигнет шо ги теглиш дур од Велес. Дан ви залетвет овие нашиве. И како да не се нервирам. Ќе се искинам. Е ова смрдлава шо дојде сега од Велес имат приватна фирма, вошкосана е од пари, а многу и биле 70 денари за кило охридски најубав патлиџан.

Јас не знам шо да се прајт. Ти гледаш да им погодиш и пак охриѓани не чинат. Убо рече Бучко, некој си ја имат мувата на капата и сега.......Го слушна. Сме кренале згради......А бе да ти пукнит од женати жилана. А за нив то го напрајвме. Едно време се жалеа дека ветар многу дувало во градов. Ам ветар ти го зел умот, ете кренавме десетина згради во центар, сега ни лист не мрдат, ние охриѓани се удајвме од горештини, и то заради нив, а тој немал кај да паркират. Сега ако немаш кај да паркираш, никош. Абре све шо беше улица, двор, ходник, кенев, дневна, паркинг го напрајвме и то со пари. Е в спална да те пуштам да.....
Слушај, бар оваа година никој немат право да се жалит. Ја слушам она Холанѓанкана пред некој ден кај Ацета в кабинет му велит све било убо само немало јавни клозети. Ам ви ги намаливме пивава од 95 на 90 денари, кафанџиве скоро без ќар работет, а вие пијте ко сунѓери, па мочајте ко коњи и клозети ви фалет. Малку грмушки имат? Ам со такво локање, катетри да ви клајме бадијала е.​
После ќе ви сметат навреме, ако не ви ги менвиме. Абре господ да чуват и да бранит и голман да станит. И после охриѓани не чинат. Денес глеаме, со Дачкана бевме на плажа Астор, на една бабетина и сметало ѓубрето, расфрлано било насекаде и не го кревале. Ам фрлај ти кај ќе ти текнит и ќе ти сметат, нормално.​
Нас охриѓани не ни останвит ѓубре? И дан го јајме. Не го јајме, ама не го фрламе кај ќе ни текнит ко тебе. Мало ти е езероно? А? Имат место и за капење и за ѓубре и ко чоек помочај се в натре, ни лук јал ни лук мирисал. Абре улицине им ги напрајвме ичсмерни, раскрснициве ко циркус ги исфарбавме да имат малку шаренило, да би шарки им влегле во кампојне во Љубаништа, од тревиштено шо.....Е дур сме кај тревиштено, знајш з'ш е то остаено. Пак за нив. Нив да не им сметаме, на туристине.​
Тие ко ќе одет в клозет ние во тревана се тотолиме, да не се прајт гужва. Е оди ти во тревиштана, жарни го тро газот на коприне, па да видиш како ќе ти е. И после охриѓани не чинат? Ја слушам една: „Ваа продавачката наместо со хартија, со рака ми го подаде лебот". Ам ај со нога да ти го дајт, ебате бела. Друго.​
Ај жити леб, нека кажит некој, оваа година сме му скршиле некому шофершајбна, сме му украле, раткапна, ретровизор? Сме му рушиле гума без причина. А? Еден нека кажит дека дошол да си влезит в кола и нека речит дека сме му се помочале на кваката, ко лани. Е сега се оградвам од изолирани групи на поединци.​
Лелеее. Ам најбитното! Јосета кој го донесе во антички, кој го натера онака да се дерит ко од ровја мавнат? А? Кој му ја искрши кичмата осум пати? Ние, охриѓани. Тој тргни, ние шлашкај, ко на Тито во времето, врати го назад. Тој пак тргни, кутриот, да не речам, можда по нужда му се одеше, ние, охриѓани, врати го со шлашкање. Додуша и Бранко со нас шлашкаше, ама и тој е наш. Охриѓанец. Е сега рака на нога, од село е, од Слатино, ама не оти некој за сељак го сметат.​
Го третираме ко наш да си е. Аку е де и селанине се луѓе. Не така? А? Убо велам? И сега? Пак охриѓани не чинат? Еден, само еден факт дај ми во спротивен смисол и ти скинвам капа и то со си мува и јавно ќе речам: „Е навистина охриѓани не чинат".


незнаев кај да го сместам ова па се надевам дека ќе добро да е тука
п.с.го начекав на нет ова не сум ја авторот али у секој случај вереди да му се обрне внимание
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
За волја на вистината навистина има арогантни луѓе, не викам не.
Се е до културата и начинот на изразување.
Јас лично,иако живеам во Охрид,никогаш не сум налетала на такви некултурни луѓе..:toe:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Текстов го има пишувано "револтирано Скопјанишче", а? :smir:

Фаворит:
„Знам бе дечки, ама кај да паркирам коа насекаде згради сте.......". „ Кому бре ти дечки. Ќор си дека сум сам, дечко ќе речиш. И нема ама!! Од Скопје дојде да ми кажвиш кај сме кренале згради или да се капиш по плажине.
 

KIFFLA

не ме викај друже
Член од
5 ноември 2008
Мислења
548
Поени од реакции
180
Текстов го има пишувано "револтирано Скопјанишче", а? :smir::
Е незнам дали Скопјанец ќе ги долови вака зборовиве и дијалектов,али у секој случај на дечково му олеснало после текстов
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Teмава како за Чек дис аут е, за тука сигурно не е. Ај ќе размислам дали таму да ја префлрам.
Сеирџиска е, не дека сум од Охрид :icon_lol:
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
449
Поени од реакции
16
Не чинат О'ригани за такси многу а и цело време зборат земете си лажица да го сркате езерово,само ни го мочате и сл. гомнарии :helou:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Си ја паркира туристот колата пред една куќа во Охрид, а од прозорот, една бабичка се дере:
- „Синко, кревет...“, а тој и одговара: - „Не фала, имам апартман".
- „Ама синко, кревет!“ но тој пак со своето: - „Ви реков, не фала, имам апартман.“

И така човеков отишол да прошета, се враќа и гледа ја нема колата. Се чуди што се случило, а бабичката му вели: - „Ама синко ти реков кревет,...ги кревет со пајакон!“
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Шо бре и. Јас ќе плаќам а виеееее......Еј, ало, чкембааар, тебе ти зборвам. Глуфтааар. Не прај се дек не слушаш. Со арно ти велам, ашлак еден. Волуууу." Ете ти сега. Ти културно му кажвиш, а тој се прајт на удрен и после охриѓани не чинат.​

После ќе ви сметат навреме, ако не ви ги менвиме. Абре господ да чуват и да бранит и голман да станит. И после охриѓани не чинат.
Мало ти е езероно? А? Имат место и за капење и за ѓубре и ко чоек помочај се в натре, ни лук јал ни лук мирисал.

:icon_lol::icon_lol:
 
М

Мрак

Гостин
Абре господ да чуват и да бранит и голман да станит-се искажа:)
Еден нека кажит дека дошол да си влезит в кола и нека речит дека сме му се помочале на кваката, ко лани ХАХАХАХААХААА!!!!Еее вака одамна се немам смеено:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom