Исчезна малезиски боинг, лет MH370 со 239 патници

C

cige

Гостин
Британската сателитска компанија Inmarsat успеа да ја реши енигмата по кој правец се движел малезискиот авион што исчезна на 8 март со помош на Доплеровиот ефект, појава што физичарите ја откриле во средината на 19-тиот век.
Овој ефект и помогнал на британската компанија за читање на податоците според кои дошле до заклучок дека исчезнатиот авион, за кој малезиските власти соопштија дека се урнал на југот на Индискиот океан без преживеани, летал токму во таа насока, а не кон централна Азија, како што гласеше една од теориите.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Секад е вака, ќе излезат 300 теории, заклучоци, решенија, ќе прокоментираат разни експерти почнувајќи од тој хрватот пилот што бил, завршувајќи со форумски експерти кои го користат зборот "сигурен сум", и на крај ке испадне нешто сосем 400. Знам, СИГУРЕН сум.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Треба да пробаат и во охрид!Езерово некако многу голта луѓе и си има историја на потонување:)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
А оти не го исконтактираат Иван исцелител да им каже кај е авионот?
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Ќе дознаеме ли некогаш што точно се случило со авионот?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Ќе дознаеме ли некогаш што точно се случило со авионот?
Да, кога некој скопјанец ќе добие лајк од некој битолчанец.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.412
Поени од реакции
84.718
Кој дел е вистина, од ова:


20 масони исчезнале во малезискиот авион: Мултимилијардерот Ротшилд стана единствен сопственик на микрочипот од иднината?
Петок, 28 Март 2014 10:05

По падот на малезискиот авион, член на илуминатите и прикриен водач на светот, мултимилијардерoт Јаков Рoтшилд стана единствениот сопственик, односно го доби комплетниот патент на неверојатниот KL-03 микрочип кој служи за електронско војување.


Со авионот исчезнаа сите луѓе кои заедно со Ротшилд го делеа патентот. „Официјалната“ приказна за судбината на боингот 777 на „Малезија ерлајнс“ 370 никако не држи и сега веќе стана јасно дека е во прашање очигледно прикривање на вистината и одредени потези, велат бројни теоретичари на заговор.

Во мистериозно исчезнатиот авион патувале 20 вработени, односно членови на управата на американската компанија „Freescale Semiconductor“, кои своите права ги поделиле токму со Ротшилд, а сосема случајно таа фирма ден пред исчезнувањето на авионот лансирала гаџет за електронско војување, како дел од воениот радарски систем. Со исчезнувањето на 20-темина колеги, Jакоб е единствен сопственик на овој чип.

Малезиските власти претпоставија дека авионот паднал таму и сите патници се мртви, а семејства ги известија преку СМС порака. Едно нешто во целата приказна е сигурно, откривањето кој би имал вистинска корист од исчезнувањето на овој авион. Имено, по падот на авионот, милтимилијардерот и член на илуминатите Јакоб Ротшилд стана единствениот сосптвеник на комплетниот микрочип KL-03.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Колку и да е безвезно новинарството во тој медиум, твојот пост никако не одговара на моето прашање.
Добро, извини, еве го одговорот.

Со оглед на сите досегашни постови и вести кои ги имам прочитано, и начинот на кој ги пренесуваат до читателите, одговорно ти тврдам дека ниту еден дел од веста за Малезискиот авион НЕ Е ТОЧЕН!

Со почит.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.258
Поени од реакции
46.669
Член од
17 јануари 2014
Мислења
593
Поени од реакции
843
Нова трагедија, се урна товарен авион кој трагаше по исчезнатиот малезиски авион

Товарен авион на индиското воздухопловство АЦ -130 Ј Херкулес со пет членови на посадата се урна денеска во предградието Гвалиор во централната индиска држава Мадха Прадеш, изјави портпаролот на воздухопловството.



Капетанот Џерард Галвеј изјави дека воздухопловството отворило истрага за несреќата.
Спасувачката операција е во тек. Се обидуваме да го утврдиме бројот на жртвите во несреќата - изјави тој.
Во меќуврем,е индиските медиуми јавија дека загинале 5 членови на посадата. Авионот бил на рутински лет и полетал од воздухопловната база во Агра.
Индија во 2011 година купи шест воени транспортни авиони произведени во САД за околу 1,1 милјарда долари.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Кој дел е вистина, од ова:


20 масони исчезнале во малезискиот авион: Мултимилијардерот Ротшилд стана единствен сопственик на микрочипот од иднината?
Петок, 28 Март 2014 10:05

По падот на малезискиот авион, член на илуминатите и прикриен водач на светот, мултимилијардерoт Јаков Рoтшилд стана единствениот сопственик, односно го доби комплетниот патент на неверојатниот KL-03 микрочип кој служи за електронско војување.


Со авионот исчезнаа сите луѓе кои заедно со Ротшилд го делеа патентот. „Официјалната“ приказна за судбината на боингот 777 на „Малезија ерлајнс“ 370 никако не држи и сега веќе стана јасно дека е во прашање очигледно прикривање на вистината и одредени потези, велат бројни теоретичари на заговор.

Во мистериозно исчезнатиот авион патувале 20 вработени, односно членови на управата на американската компанија „Freescale Semiconductor“, кои своите права ги поделиле токму со Ротшилд, а сосема случајно таа фирма ден пред исчезнувањето на авионот лансирала гаџет за електронско војување, како дел од воениот радарски систем. Со исчезнувањето на 20-темина колеги, Jакоб е единствен сопственик на овој чип.

Малезиските власти претпоставија дека авионот паднал таму и сите патници се мртви, а семејства ги известија преку СМС порака. Едно нешто во целата приказна е сигурно, откривањето кој би имал вистинска корист од исчезнувањето на овој авион. Имено, по падот на авионот, милтимилијардерот и член на илуминатите Јакоб Ротшилд стана единствениот сосптвеник на комплетниот микрочип KL-03.
Истите алатки што ги имаш ти, ги имам и јас и секој на форумов. Или мислиш некој работи за NSA? Не верувам дека нешто ќе дознаеш, но можеш:
  1. Google - Freescale Semiconductor
  2. Види ако можеш да најдеш имиња на вработени, пораки за сочуство на нивни сајт, фејсбук итн.
  3. Google - листа на патници. Види кои се западњаци, некое совпаѓање.
  4. Оди на страната на бирото за патенти на САД. Побарај го наводниот патент KL-03.
  5. ...
  6. ...
  7. Не гуглирај Ротшилд, ќе ти излезат 1000 различни теории. Од рептили до морски сунѓери. Ќе се загубиш.
  8. И ако дознаеш нешто и имаш желба, сподели го.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Само јас мислам дека авионов е по грешка урнат при некоја вежба, или намерно поради некоја причина? Неможе бе во 2 дена да менуваат огромни релации и тоа секој пат со сигурност тврдат дека е таму.
Некој ја оплескал работата на велико, затоа нека остане во тајност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom